МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко (с. Вратница, Тетовско, 28. И 1928) – социолог и унив. професор. Основно училиште завршил во с. Вратница, а гимназија во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1957). Постдипломски студии завршил на Институтот за општествени науки во Белград (1960). Докторирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Предавал социологија на Правниот факултет во Скопје… Continue reading МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко
Tag: М
МИЛОШ
МИЛОШ (ⅩⅣ в.) – кефалија на Прилеп во времето на кралот Волкашин. На повелбата на кралот Волкашин, издадена во Скопје (1366), се потпишал како милосник (извршител, гарант, сведок) на кралот. Кефалијата бил највисок претставник на локалната управа во градот и во околината, поставуван од владетелот. ЛИТ.: С. Новаковиђ, Законски споменици српских држава средњега века, Београд,… Continue reading МИЛОШ
МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов
МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов (Охрид, 2. ⅩⅠⅠ 1901 – Скопје, 26. Ⅺ 1976) – спец. по педијатрија и пневмофтизиологија. Мед. ф. завршил на Сорбона, педијатрија специјализирал во Виена. До 1941 г. работел во Белград, од каде што е депортиран во логор. Во 1945 доаѓа во Скопје и формира прв детски АТД и болница во с. Лешок… Continue reading МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов
МИЛОШЕВСКИ, Лазо
МИЛОШЕВСКИ, Лазо (Тетово, 5. Ⅲ 1926 – Скопје, 1963) – атлетичар. Бил член на АК „Работ-Лазо Милошевски нички“ во Скопје. Завршил Сојузен курс за атлетски инструктори во Белград. Бил првак на Македонија во атлетика на куси патеки. Прв атлетичар од Македонија, член на Репрезентацијата на Југославија на 400 и 4 Х 400 м, за која… Continue reading МИЛОШЕВСКИ, Лазо
МИЛОШЕВСКИ, Тихомир
МИЛОШЕВСКИ, Тихомир (Тиќо) (с. Битуше, Дебарско, 1915 – Скопје, 1. Ⅳ 1984) – генерал-мајор. Завршил средно земјоделско училиште во Валево (Србија) и Воена академија. Како активен офицер на Кралството Југославија, бил припадник на комунистичкото движење. По Априлската војна (1941) се вратил во Македонија и се вклучил во НОД. Бил уапсен и интерниран во Бугарија (до… Continue reading МИЛОШЕВСКИ, Тихомир
МИЛОШОСКИ, Антонио
МИЛОШОСКИ, Антонио (Тетово, 29. И 1976) – политичар, актуелен министер за надворешни работи на Република Македонија. Матурирал во гимназијата „Мирко Милевски“ во Кичево (1994), дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1999) и магистрирал по Евроинтеграција на Универзитетот „Фридрицх Њилхелм“ во Бон (Германија, 2001&2002), а станал докторант (од ноември 2002) на политички науки и научен соработник… Continue reading МИЛОШОСКИ, Антонио
МИЛУТИНОВИЌ, Зоран
МИЛУТИНОВИЌ, Зоран (Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1950) – афирмиран научен работник во областа на земјотресното инженерство, по менаџмент на катастрофи и за стратешко планирање. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1976), магистрирал во ИЗИИС (1982). Докторирал на Универзитетот во Кјото, Јапонија (1986); избран за редовен професор (1992); професор на универзитетите во Кобе (1994) и во Кјото… Continue reading МИЛУТИНОВИЌ, Зоран
МИЛЧИН, Владимир
МИЛЧИН, Владимир (Скопје, 19. Ⅳ 1947) – режисер и професор на ФДУ во Скопје, на Отсекот за режија, и извршен директор на Институтот „Отворено општество“ (СОРОС) на Македонија. Режисер и драматург во МНТ (1970– 1974 и 1975–1982). Завршил Факултет за драмски уметници, отсек режија, во Белград. Режира на повеќе сцени низ Македонија и во Владимир… Continue reading МИЛЧИН, Владимир
МИЛЧИН, Илија
МИЛЧИН, Илија (Прилеп, 19. Ⅵ 1918 – Скопје, 11. Ⅲ 2002) – драм-ски и филмски актер и режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, уметнички раководител и режисер на Обласниот МНТ во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Дипломирал на Правниот факултет во Софија. Во Белград бил слушател на Отсекот за театарска уметност на Музичката академија.… Continue reading МИЛЧИН, Илија
МИЛЧИНСКИ, Јанез
МИЛЧИНСКИ, Јанез (Љубљана, 3. Ⅴ 1913 – ?, 28. Ⅶ 1993) – лекар, специјалист за судска медицина, деонтолог и правник, редовен проф. на Мед. ф. во Љубљана, Словенија (од 1957). Дипломирал на Правниот факултет во Љубљана (1936). Студирал медицина најпрвин во Љубљана, а потоа во Загреб, каде што и дипломирал (1940). Активен учесник е во… Continue reading МИЛЧИНСКИ, Јанез
МИЉОВСКА, Деса
МИЉОВСКА, Деса (Призрен, Косово, 21. Ⅴ 1918) – универзитетски професор, социолог. Средно образование и учителска школа завршила во Белград. Се запишала на педагошката група при Филозофскиот факултет во Скопје (1937), а дипломирала на Филозофскиот факултет во Бел-град (1948), каде што и докторирала, на тема „Класните сили на национално-револуционерното движење на македонскиот народ во втората половина… Continue reading МИЉОВСКА, Деса
МИЉОВСКИ, Кирил
МИЉОВСКИ, Кирил (Ресен, 27. Ⅴ 1912 – Скопје, 27. Ⅳ 1983) – економист, унив. професор, научен истражувач, општественик, дипломат, академик. Основно образование завршил во родниот град, средно образование во Охрид и во Битола (1931), а дипломирал на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Загреб (1939). За професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е избран во 1947… Continue reading МИЉОВСКИ, Кирил
МИНДАК, Јоланта
МИНДАК, Јоланта (Јоланта Миндак) (Варшава, Полска, 30.Ⅵ 1952) – полска славистка и балканистка, авторка на низа статии за македонски балканизми. БИБ.: Перѕфрастѕцзне конструкцје предѕкатѕњне з парафраз% прзѕмиотникоњ% (на материале полским, сербско-цхорњацким и мацедовским), Оссолинеум 1983. З. Т. Блаже Миневски
МИНЕВСКИ, Блаже
МИНЕВСКИ, Блаже (Гевгелија, 1. Ⅳ 1961) – новинар, раскажувач, романсиер и драмски писател. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како новинар. Во својата проза Миневски се стреми за опредметување на нефатливата реалност. БИБ.: Солзи во очите на тате, раскази, Ск., 1984; Ниски вежби, раскази, Ск., 1988;… Continue reading МИНЕВСКИ, Блаже
МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА
МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА. За вршење на функциите на државната управа денес постојат 14 министерства на Владата на РМ, а од нив 4 се од областа на економијата. Карактеристики на министерства од областа на економијата имаат следниве: Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за транспорт и… Continue reading МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА
МИНОВСКИ, Ристо
МИНОВСКИ, Ристо (Езерец, 22. Ⅷ 1941) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. Раководител на Лабораторијата за ВН и Институтот за преносни електроенергетски системи, продекан, два мандата декан на ЕТФ во Скопје. Претседател на МАКО СИГРЕ. За делото „Бранови процеси во разводни постројки“ ја добил наградата „11 Октомври“ за наука (1982). Тој е… Continue reading МИНОВСКИ, Ристо
МИНОСКИ, Михајло
МИНОСКИ, Михајло (с. Долгаец, Прилепско, 18. Ⅹ 1938) – универзитетски професор (во пензија). Се школувал во Прилеп и во Скопје, завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел Михајло Миноски како професор по историја, еден период во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), докторирал во Белград (1981). Бил… Continue reading МИНОСКИ, Михајло
МИНТАН
МИНЧЕВ, Кирил Методиев
МИНЧЕВ, Кирил Методиев (с. Ваташа, Кавадаречко, 22. Ⅶ 1922) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. го започнал во Софија, а го завршил во Белград (1950). На Институтот за белодробни заболувања во Скопје е од 1950 г. Специјализирал фтизиологија. Бил директор на Институтот и продекан на Мед. ф. Д. С.-Б. Никола… Continue reading МИНЧЕВ, Кирил Методиев
МИНЧЕВ, Никола
МИНЧЕВ, Никола (Кавадарци, 20. Ⅹ 1915 – Скопје, 6. Ⅳ 1997) – учител, борец, политичар и државник. Како учител бил припадник на прогресивното младинско движење (од 1935), учесник во НОБ (1941), член на КПЈ и на МК на КПЈ во Кавадарци (1942), командант на НОПО „Добри Даскалаов“ (1943), командант на Третата оперативна зона на НОВ… Continue reading МИНЧЕВ, Никола
МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова
МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова (Скопје, 19. И 1948) – редовен професор (1996) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирала физичка хемија на ПМФ во Белград, а тука и магистрирала (1974). Докторирала (1982) на Одделот за физика на Кинг’с Цоллеге во Лондон. Од 1972 г. е на работа на Институтот за хемија на ПМФ во Скопје. Изведувала додипломска… Continue reading МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова
МИОВСКИ, Димитар Коцев
МИОВСКИ, Димитар Коцев (Скопје, 1. Ⅸ 1913 – Скопје, 25. Ⅴ 1982) – офталмолог, општественик, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1941). Специјализација по офталмологија завршил на Клиниката за очни болести во Скопје (1952), каде што бил поставен за директор (1960). Се занимавал со проблемот на кератопластиката (од… Continue reading МИОВСКИ, Димитар Коцев
МИОВСКИ, Доне Коцев
МИОВСКИ, Доне Коцев (Скопје, 16. Ⅲ 1909 – Скопје, 31. И 1977) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Белград (1935), каде што и специјализирал (1940). Хабилитирал (1955) од областа на терапијата на болестите на сврзното ткиво. Еден од основоположниците на Мед. ф. и на Клиниката за кожни и… Continue reading МИОВСКИ, Доне Коцев
МИОВСКИ, Мито
МИОВСКИ, Мито (Косинец, Костурско, 2. Ⅹ 1936) – редовен професор на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ (во пензија). Предаваше старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. Беше и шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Неговите научни трудови се од палеославистиката, но и од поновата историја на македонскиот јазик. Ав-тор е на голем… Continue reading МИОВСКИ, Мито