МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПОКРЕТ (МАНАПО) (1936– 1939) – движење на македонските студенти во Загреб, Белград и Скопје, кои на таен состанок во Загреб во 1936 г. усвоиле Политичка декларација. Платформата биЧленови на МАНАПО во Охрид (1938) ла прифатена на проширениот состанок на 28 август во Охрид, со учество на студенти, други интелектуалци и политички експонирани Македонци,… Continue reading МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПОКРЕТ
Tag: М
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ ВО АВСТРАЛИЈА
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ ВО АВСТРАЛИЈА (август 1946 – 1958) – основан на обединувачката конференција на македонските групи во Западна Австралија. На Конференцијата била донесена одлука за свикување општ конгрес. Конгресот бил одржан во Мелбурн (7–9. Ⅲ 1947) и бил за создавање единствена организација под истото име Македонски народен сојуз (МНС) во Австралија. На Конференцијата (април… Continue reading МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ ВО АВСТРАЛИЈА
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (Скопје, 31. И 1945-) – прв национален професионален театар. Основан е со решение на Прези-Македонскиот народен театар во Скопје пред земјотресот (1963) Новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје диумот на АСНОМ, а прв директор бил Димитар ќостаров. Прва одржана претстава била „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук (3. Ⅳ 1945), а… Continue reading МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
МАКЕДОНСКИ НАУЧЕН ИНСТИТУТ
МАКЕДОНСКИ НАУЧЕН ИНСТИТУТ (Софија, 21. ⅩⅠⅠ 1923 – 1944; 1944–1949; 1990–) – научна и културна институција на македонските емигрантски братства во Бугарија. Основана од научници, писатели, публицисти, уметници, општественици и др. културни дејци по потекло од Македонија со цел да ги проучува: историјата, етнографијата, географијата, стопанскиот живот, ослободителните борби во Македонија. Прв претседател бил проф.… Continue reading МАКЕДОНСКИ НАУЧЕН ИНСТИТУТ
МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ
МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ – формиран по осамостојувањето на Македонија, од 1994 г. член на Меѓународната комисија за големи брани (ИЦОЛД), со седиште во Париз. Организира симпозиуми и трибини со зборници на трудови, а во октомври 1994 г. го одржал И конгрес. Има преку 100 активни членови и редовно учествува на собирите на… Continue reading МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ (МОК) (Скопје, 1992– ). Собранието од 47 делегати избрало: претседател, д-р Васил Тупурковски, тројца потпретседатели, Управа од седум члена, Надзорен одбор и тројца почесни членови: Киро Глигоров, Стив Став-Од седница на Македонскиот олимписки комитет, под претседателство на В. Тупурковски ров (Канада) и Мајкл Илиќ (САД). Како гости присуствувале: Киро Глигоров, претседател на… Continue reading МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРУПИ ВО АВСТРАЛИЈА
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРУПИ ВО АВСТРАЛИЈА (1939–1947). Група македонски иселеници од Егејскиот дел на Македонија во Мелбурн (1934), под влијание на МПО од САД основале МПО „Тодор Александров“ со претседателот Павел Јаневски. Нивната активност згаснала (во почетокот на 1938). Малобројната МПО била активирана во шепертон. Во 1939 г. започнало независно организирање на македонските иселеници во… Continue reading МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРУПИ ВО АВСТРАЛИЈА
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕЗАВИСНИ ГРУПИ ВО КАНАДА
МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕЗАВИСНИ ГРУПИ ВО КАНАДА (1913-). Во Торонто и во Хамилтон (Ⅸ 1913) биле основани Македонско-одрински организации, кои истакнале барања за ревизија на Букурешкиот договор. Во Торонто биле основани 10 иселенички роднокрајни друштва (до 1922). Со дејствувањето на претставникот на Исполнителниот комитет на македонските братства во Бугарија Сребрен Поп Петров во САД и… Continue reading МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕЗАВИСНИ ГРУПИ ВО КАНАДА
МАКЕДОНСКИ ПОЛК
МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА (10. Ⅴ 1759 – 28. Ⅵ 1773) – полк во Руската армија во Украина. Бил формиран од мајорот Симеон Пишчевиќ, по наредба на руската царица Елисавета Петровна. Официјалното именување на полкот било „МакедонскиŸ гусарскиŸ полевиŸ полкÍ“, под команда на генералот Иван Хорват. Подоцна командант на полкот станал Александар Димитров. Полкот бил… Continue reading МАКЕДОНСКИ ПОЛК
МАКЕДОНСКИ ПОЛК
МАКЕДОНСКИ ПОЛК (1913) – полк на Српската армија. Бил формиран со наредба на началникот на штабот на српската Врховна команда Радомир Путник (16. Ⅴ 1913) за формирање четири баталјони со командни места во Свети Николе, Гевгелија, Неготино и во Приштина. Пополнувањето било извршено од месното население, а командниот состав бил од граничните единици. ИЗВ.: АВИИ,… Continue reading МАКЕДОНСКИ ПОЛК
МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА
МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА (10. Ⅴ 1759 – 28. Ⅵ 1773) – полк во Руската армија во Украина. Бил формиран од мајорот Симеон Пишчевиќ, по наредба на руската царица Елисавета Петровна. Официјалното именување на полкот било „МакедонскиŸ гусарскиŸ полевиŸ полкÍ“, под команда на генералот Иван Хорват. Подоцна командант на полкот станал Александар Димитров. Полкот бил… Continue reading МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА
МАКЕДОНСКИ ПОМОШЕН КОМИТЕ Т
МАКЕДОНСКИ ПОМОШЕН КОМИТЕ Т (Буенос Аирес, Аргентина, на крајот од јуни 1941) – комитет основан за помош на борбата на антифашистичките движења по нападот на Германија на СССР, под претседателство на Никола Казанџиев. Дејствувал во рамките на Словенскиот комитет, чиј претседател бил д-р Коста Веселинов. ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации на македонското иселеништво во… Continue reading МАКЕДОНСКИ ПОМОШЕН КОМИТЕ Т
МАКЕДОНСКИ ПОШТИ
МАКЕДОНСКИ ПОШТИ. Поштенскиот сообраќај на територијата на денешна РМ има вековна традиција. Во древна Македонија тој е воспоставен уште во времето на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Во времето на Римското Царство патот Виа Егнатиа играл значајна улога во функционирањето на римската пошта. Византија ги задржала сите римски поштенски установи. Првата државна пошта на… Continue reading МАКЕДОНСКИ ПОШТИ
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ ВО ПЕТРОГРАД
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ ВО ПЕТРОГРАД – македонска национално-револуционерна асоцијација, формирана од македонските патриоти Димитрија Чуповски, д-р Гаврил Константинович, Доне Пешковски, Глигор Н. Угриновски и др. На 18 јуни (1 јули) 1917 г. во централните весници „Воля народа“ и „Новая жизнÏ“ е објавена Програмата за Балканска Федеративна Демократска Република со мото „Балканот за балкан-Првата страница на… Continue reading МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ ВО ПЕТРОГРАД
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТСКИ СОЈУЗ
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТСКИ СОЈУЗ (1899–1901) – одделна струја во рамките на македонското револуционерно движење со ставови блиски до македонските социјалисти. Во Сојузот биле организирани револуционерни комитети со полна слобода во изборот на средствата и во начинот на дејствување. Нивната активност ја координирало Централно биро, со надлежност за редот во комитетската организација. Сојузот бил против политичката… Continue reading МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТСКИ СОЈУЗ
МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ПЛЕМИЊА
МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ПЛЕМИЊА – на територијата на Македонија се населувале главно по Ⅵ в. Познати се од „Чудата на св. Димитриј Солунски“, кн. прва. Драгувитите живееле западно од Солун; Сагудатите во областите западно од Солун до Верија, а можеби и на некои делови од Халкидикот; Верзитите/Берзитите меѓу Битола, Прилеп, Кичево и Велес. Во периодот од… Continue reading МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ПЛЕМИЊА
МАКЕДОНСКИ СПОРТ
„МАКЕДОНСКИ СПОРТ“ – единствен дневен спортски весник во РМ. Првиот број излегол на 11 мај 1998 г. Издавач: „БАРНЕЛ ЛЛЦ“ од Скопје. Основачи: Јоже Олевски (директор), Васко Арсовски (главен и одговорен уредник), Мирко Спасески (директор на маркетингот). Б. П. Ѓ.
МАКЕДОНСКИ СРЕДНОВЕКОВНИ ДИНАСТИИ
МАКЕДОНСКИ СРЕДНОВЕКОВНИ ДИНАСТИИ – по востанијата на комитопулите (Давид, Арон, Мојсеј и Самуил) против Бугарија (969) и против Византија (976), Самуил се ослободува од своите браќа и ја основува Самуиловата династија. Крунисан е за цар во престолниот град Преспа (ок. 999/1000). По неговата смрт (1014), на тронот доаѓа син му Гаврил Радомир (1014– 1015), но… Continue reading МАКЕДОНСКИ СРЕДНОВЕКОВНИ ДИНАСТИИ
МАКЕДОНСКИ СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
„МАКЕДОНСКИ СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД“ – официјален орган на Ст. ф. и Македонското стоматолошко друштво во Скопје. Списанието излегува од 1977 г., по четири броја годишно во тираж од 1500 примероци и се дистрибуира до сите стоматолози во земјава и до заинтересираните во странство. Е. М.
МАКЕДОНСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ
МАКЕДОНСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ. Брзата индустријализација на Македонија по Втората светска војна, модернизацијата на земјоделството и етаблирањето и развојот на другите економски сектори (градежништвото, туризмот, комуналните дејности, банкарството итн.) што ја претставуваа основата на брзиот повоен економски раст и развој. Голем е бројот на македонските стопанственици коишто со својата упорна и творечка работа, во рамките на тогашниот… Continue reading МАКЕДОНСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ
МАКЕДОНСКИ ТЕКСТОВИ СО ГРЧКО ПИСМО
МАКЕДОНСКИ ТЕКСТОВИ СО ГРЧКО ПИСМО – Во текот на долгата политичка доминација под османлиските Турци, според нивниот теократски систем, балк. правосл. народи потпаднале под духовна власт на цариградскиот патријарх со статус на рум-милет. Во свои раце црквата го имала и образованието, во кое се предавало на грч. ј. и со грч. писмо. По укинувањето на… Continue reading МАКЕДОНСКИ ТЕКСТОВИ СО ГРЧКО ПИСМО
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ – водечки национален телекомуникациски оператор што обезбедува јавни телекомуникациски услуги во РМ. До крајот на 1996 г. компанијата функционираше под името ПТТ „Македонија“ и обезбедуваше пош-Зградата на Македонски телекомуникации во Скопје тенски, телекомуникациски и банкарски услуги (поштенска штедилница). Со цел да се подготви за приватизација, во почетокот на 1997, ПТТ се подели на… Continue reading МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
МАКЕДОНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ БИЛТЕН
„МАКЕДОНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ БИЛТЕН“ – официјално гласило на Македонското фармацевтско друштво. Се појавува во 1954 г. како Билтен на Фармацевтското друштво, а од 2000 г. излегува под името „Македонски фармацевтски билтен“. Во почетокот имало карактер на информативно, потоа стручноинформативно, а потоа прераснува во стручно списание. Во него се објавуваат оригинални научни трудови, куси соопштенија, ревијални и… Continue reading МАКЕДОНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ БИЛТЕН
МАКЕДОНСКИ ФОРУМ
МАКЕДОНСКИ ФОРУМ – в. Форум за Македонија 2001.