МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕЗАВИСНИ ГРУПИ ВО КАНАДА

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕЗАВИСНИ ГРУПИ ВО КАНАДА (1913-). Во Торонто и во Хамилтон (Ⅸ 1913) биле основани Македонско-одрински организации, кои истакнале барања за ревизија на Букурешкиот договор. Во Торонто биле основани 10 иселенички роднокрајни друштва (до 1922). Со дејствувањето на претставникот на Исполнителниот комитет на македонските братства во Бугарија Сребрен Поп Петров во САД и во Канада, во Торонто било основано Македонско братство „Правда“ (Ⅶ 1922) за да дејствува за бугар-Првата македонска црква во Кананда (1911) ската кауза. Братството протестирало поради признавањето на македонското национално малцинство и појавувањето на Абецедарот во Грција (1925). Иселеници од Охридско (Ⅶ 1928) основале самостојна организација во гр. Порт Колберн (Онтарио). Би-ла основана македонска иселеничка организација „Пере Тошев“ во гр. Џанстаун (1928), а потоа МПО „Гоце Делчев“ (1929) во гр. Киченер (Онтарио). Започнало и создавањето независно национално политичко организирање на македонското иселеништво во САД и во Канада (1929), по основањето на Иници„Единство“, весник на бугарската и македонската трудова емиграција во Канада јативниот одбор за основање македонски независни групи. Во Канада МНГ била основана во Торонто, во Кичинер и др., членки на Македонскиот народен сојуз имало во САД и во Канада. МПО во Канада (1933) имала само две организации, по една во Торонто и во Кичинер. Во Канада (1959) била основана организацијата „Обединети Македонци“, која дејноста ја проширила и во САД. Во Торонто (1971) била основана организација на Ослободителниот комитет на Македонија, движење (од 1972), (ДОМ / ДООМ, од 1984 НОФМ) во Европа, со определба да дејствува за ослободување, обединување и создавање самостојна македонска држава. Бил активен Македонски национален комитет (1988), кој објавил Декларација за човековите права на Македонците во Грција, во Бугарија и во Албанија предадена на ОН, на годишнината од Букурешкиот договор и поделбата на Македонија (на 10. Ⅷ). ЛИТ.: Миле Михајлов и Михајло Георгиевски, Политичката активност на МНС во САД и Канада, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1971; Костадин ГÍрдев, Македонските патриотически организации вÍ Канада, София, 1991; Атанас Близнаков, Спомени за националната политичката и културната дејност во САД и Канада, Скопје, 1987. М. Мин. МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ ЕДИНИЦИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА