КАПИШТЕЦ

КАПИШТЕЦ (Долно Водно, Скопје) – во претхристијанскиот историски период идолско место за поклонение, христијанско свето место, со култни извори, викани „капишти”, со манастир „Свети Јован Крстител”, изграден во 1985 г. (на местото на старата црква од 1937 г.) и капела „Покров на Пресвета Богородица”.ЛИТ.: Ацо Александар Гиревски, Манастир Свети Јован Крстител, Скопје, 1992; ш. Кулишиќ,… Continue reading КАПИШТЕЦ

КАПОДИСТРИЈАС, Јоанис

КАПОДИСТРИЈАС, Јоанис (Крф, 11. Ⅱ 1776 – Навплион, 9. Ⅹ 1831) – прво државен секретар на Јонската Република (1800–1807); руски министер за надворешни работи (1816–1822) и прв претседател на Грција (1828). До рускиот цар испратил проект за поделба на Европска Турција на пет држави (1827), меѓу кои предлагал да се создаде и „Кралство Македонија”. Не… Continue reading КАПОДИСТРИЈАС, Јоанис

КАПЧЕВ, Георги

КАПЧЕВ, Георги (Охрид, 1868 – ?) – гарибалдинец, револуционер, публицист. Како доброволец се бори заедно со велешанецот Димитар Николов во одредот на Џузепе Гарибалди во Италија (1848). При повлекувањето на одредот кон Венеција учествува во акцијата за спасување на своето семејство. Во текот на 1898 – 1899 г. во Загреб го издава весникот „Македонија”, на… Continue reading КАПЧЕВ, Георги

КАРАДАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

КАРАДАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (Менкова Колиба, близу до Куманово, 12. Ⅹ 1941 – с. Белановце, Кумановско, Ⅹ 1941) Борбениот пат на Карадачкиот народноослободителен партизански одред – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Одредот бил формиран од 15 работници (12 Македонци, двајца Албанци и еден Хрват). За командант на Одредот бил назначен Боро Илиев Менков, а… Continue reading КАРАДАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

КАРАДЕЛЕВ, Митко

КАРАДЕЛЕВ, Митко (Богданци, 6. IX 1959) – доктор по биолошки науки; специјалност – микологија. Клучен за развојот на микологијата во Македонија. Ос-новач на Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. М. К. КАРАДУЗЕН – народен музички инструмент од персиско-арапско потекло, од фамилијата тамбури. Спаѓа во групата двогласни тамбури, бидејќи се користат… Continue reading КАРАДЕЛЕВ, Митко

КАРАЃОЗОВ, Панче Александров

КАРАЃОЗОВ, Панче Александров (Штип, 18. Ⅲ 1903 – Скопје, 28. Ⅰ 1971) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Завршил Мед. ф. во Виена (22. Ⅶ 1929), а хабилитирал на тема за туморите на дојките. Бил на специјализација во Ерланген (Германија) и во Белград. Се усовршувал во повеќе југословенски и европски Клиники. Творец… Continue reading КАРАЃОЗОВ, Панче Александров

КАРАЃУЛЕ, Анѓеле

КАРАЃУЛЕ, Анѓеле (ⅩⅠⅩ в.) – прочуен ќеманеџија, член на една од најстарите охридски чалгиски тајфи. Автор е на многу стари охридски песни, меѓу кои и на познатата „Фанче оди во Калишта”, инспирирана од вистински личности и создадена околу 1860 г. Со својата тајфа бил прочуен и настапувал на главните панаѓури што се одржувале во тоа… Continue reading КАРАЃУЛЕ, Анѓеле

КАРАЈАНОВ, Илија

КАРАЈАНОВ, Илија (Гевгелија, 8. Ⅶ 1943) – поет, есеист, критичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Поет на родното јужно поднебје, лирски хроничар на современоста и вљубеник во историската традиција на Македонија. ДЕЛ: стихозбирки: Сончогледово око, Ск., 1978; Цветови на слободата, Ск., 1979; Полноќен синопис, Ск., 1987; Слики од југот, Гевгелија, 1995; Зорници во со-нот, Ск.,… Continue reading КАРАЈАНОВ, Илија

КАРАЈАНОВ, Петар

КАРАЈАНОВ, Петар (Гевгелија, 4. Ⅴ 1936) – новинар, публицист, општественик. Работел како новинар, уредник и главен уредник Петар Карајанов на „Млад борец” (1955-1963), коментатор, уредник и заменик главен уредник во Радио Скопје (1964-1972), главен уредник и директор на НИРО „Комунист” (1973 – 1980). ДЕЛ: Авангардата на историските крстопати, Ск., 1989; Македонска сага, Ск., 1996; Личности… Continue reading КАРАЈАНОВ, Петар

КАРАКАШЕВИЌ, Богдан Александров

КАРАКАШЕВИЌ, Богдан Александров (с. Кленак, Србија, 21. Ⅷ 1908 – Скопје, 2. Ⅻ 1996) – микробиолог-епидемиолог, редовен проф. на Мед. ф. (1967). Дипломирал на Мед. фак. во Загреб (1934), каде што завршил и специјализација по бактериологија и епидемиологија (1941). Престојувал и се усовршувал во Берлин, Париз, Хамбург, Амстердам и во Прага. По доаѓањето во СкопјеContinue reading КАРАКАШЕВИЌ, Богдан Александров

КАРАМАН, Зора

КАРАМАН, Зора (Буе, Истра, 1907 – ?, 1974) – средно образование завршила во Ново Место (1928), а дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Групата биологија (1932). Одбранила докторат на Факултети за наравословје ин технологијо во Љубљана (1955) на тема Бѕтхинини (Цолеоптера Балкана са сталисца систематике, зоогеографије ин филогеније). По завршените студии (1934) е пратена… Continue reading КАРАМАН, Зора

КАРАМАН, Станко

КАРАМАН, Станко (1889 – 1959) – основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Дошол во Македонија (1924), работејќи на ихтиофауната и ја објавил својата студија Писцес Мацедониае. Објавил повеќе од 120 научни трудови во кои ја обработува таксономијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од… Continue reading КАРАМАН, Станко

КАРАМАНДИ, Елпида

КАРАМАНДИ, Елпида (Пида) Ставрева (псевд. Бисера и Нада) (Лерин, 1. Ⅰ 1920 – Битолско, 3. Ⅴ 1942) – студент и револуционер, првоборец и народен херој. Од раното детство живеела во Битола, Елпида Караманди кадешто завршила гимназија. Како студент била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет (1938). Како член на СКОЈ (1939) и на… Continue reading КАРАМАНДИ, Елпида

КАРАМАНОВ, Ацо

КАРАМАНОВ, Ацо (Александар) (Радовиш, 31. Ⅰ 1927 – височината кај с. Стојмирово, Беровско, ноќта помеѓу 9/10. Ⅹ 1944) – ученик, поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Како поштенски службеник, со татко Ацо Караманов му со семејството се селеле од место во место и кога имал само три месеци неговото патешествие продолжило во Белград, Песка, Валево, Чачак,… Continue reading КАРАМАНОВ, Ацо

КАРАН

КАРАН (Каранос) – прв и еден од тринаесетте македонски митолошки кралеви пред историскиот крал Пердика И, претставен како основоположник на првата македонска кралска династија. Митот за него ја објаснува симболиката на козата кај Македонците и посебно на кралскиот двор. Неговото челно вметнување на кралската листа во македонската традиција веројатно потекнува од времето на владеењето на… Continue reading КАРАН

КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко

КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко (Брусник, Битола, 1921 – Македонски Брод, 3. Ⅱ 1977) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Во војната учествувал од 1941 г. Бил член на СКОЈ (1941) и член на КПМ (1943), командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. По… Continue reading КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко

КАРАНОВ, Ефрем Цветков

КАРАНОВ, Ефрем Цветков (Кратово, 28. Ⅰ 1852 – ќустендил> 6. Ⅻ 1927) – просветен деец, книжевник, историчар, фолклорист, етнограф, преведувач, учител и револуционерен активист. Завршува прогимназија во Цариград (1867) и класична гимназија во Одеса (1872), а словенска филологија на Новорусискиот универзитет (Одеса, 1874). Работи како учител во Штип (1875–1877), но Турците го набркале од страв… Continue reading КАРАНОВ, Ефрем Цветков

КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев

КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев (Скопје, 1. Ⅱ 1922 – Скопје, 25. Ⅷ 1992) – полковник, спец. интернист. Се запишал на Мед. ф. во Софија (1943/44), но заминал во НОБ и учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1949), како воен питомец, а специјализирал на ВМА. Бил управник на ВБ во Ниш… Continue reading КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев

КАРАНФИЛ, ГАЛИЧИЧКИ

КАРАНФИЛ, ГАЛИЧИЧКИ (Диантхус галицицае Мицевски) – локален ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили). Се развива на планината Галичица – Војтина, на варовничка геолошка подлога. Вл. М. КАРАНФИЛ, ЈАБЛАНИЧКИ

КАРАНФИЛ, ЈАКУПИЧКИ

КАРАНФИЛ, ЈАКУПИЧКИ .(Диантхус јацупиценсис (Косанин) Мицевски) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), познат за високопланинскиот појас на планината Јакупица– Солунска Глава, Марина Дупка. Вл. М. Кајмакчалански каранфил

КАРАНФИЛ, КАПИНСКИ

КАРАНФИЛ, КАПИНСКИ .(Диантхус капинаенсис Маркг. – Линдтн.) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), ограничен во долниот тек на реката Треска, Македонски Брод–Барбарос, Поречието–Капина, Оча и околината на Скопје–с. Нова Брезница. Вл. М. КАРАНФИЛ, МАКЕДОНСКИ