ЗЕМЈОДЕЛСТВО – значајна стопанска дејност. Пред Втората светска војна со неа се занимавале 87% од целокупното население * Податоците за периодот 2002–2004 се однесуваат на растот на БДП во вкупното стопанство и за БДП во земјоделството, ловот и шумарството. густа и висока трева, како и пасиштата во котлините, се поволни за развој на сточарството. Во… Continue reading ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Tag: З
ЗЕМЈОМЕРКИ
ЗЕМЈОМЕРКИ (Геометридае) – ноќни пеперуги со тесно и издолжено тело. Имаат мала глава со слабо развиена цицалка. Активни се ноќе. Гасениците се движат на карактеристичен начин (како да ја мерат земјата), со додатни 2–3 пара нозе на задниот дел од телото. Во Македонија се потврдени 316 вида од кои 2 се ендемични. Најпознат вид е… Continue reading ЗЕМЈОМЕРКИ
ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА – настануваат релативно често. Од 1901 до 1996 г. во регионот до 100 км од границите на Република Македонијаимало 27 потреси со магнитуда што надминува 6 степени според Рихтеровата скала од кои два биле со магнитуда повеќе од 7. Најсилен бил земјотресот од 1904 г. во регионот меѓу Пехчево и Кресна (сега… Continue reading ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЗЕФ, Љуш Марку
ЗЕФ, Љуш Марку (Призрен, 1885 – Ѓаковица, 20. Ⅻ 1920) – Албанец, припадник на македонското социјалистичко и комунистичко движење. Учесник и организатор на Првомајската прослава во Скопје од 1919 г. и на штрајкот на железничарите. Во 1920 г. бил упатен на Косово да агитира за избирање комунистички кандидати на парламентарните избори. На предизборниот митинг во… Continue reading ЗЕФ, Љуш Марку
ЗИЈА, Бериша
ЗИЈА, Бериша (Скопје, 13. IX 1932 – Скопје, 1992) – актер во Албанската драма од 1959 г., еден од основачите на Театарот на народностите во Скопје. Истакнат толкувач на главни улоги, носител на дејноста на АлбанскатаОд Скопскиот земјотрес (1963) драма. Улоги: Хаџи Замфир („Зона Замфирова”); Хаџи Тома („Коштана”); Митре („Парите се отепувачка”); Ибро („Три света”);… Continue reading ЗИЈА, Бериша
ЗИНЏИРЛИ ТЕќЕ
ЗИНЏИРЛИ ТЕќЕ (Скопје, ⅩⅤⅠⅠ в.) – познато и како теќе на шејх Адем Баба. Припаѓало на дервишкиот ред Халвети Карабаши. За време на последниот шејх Мехмед Ферид, од карабашиско станало џераиско, од истиот, халветиски ред. Урнато 1971 г., при расчистувањето на просторот за изградба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Зинџирли теќе (теќето на шејк… Continue reading ЗИНЏИРЛИ ТЕќЕ
ЗЛАТАНОВ-ГРАДОБОРСКИ, Димитар
ЗЛАТАНОВ-ГРАДОБОРСКИ, Димитар (Градоборчето; Димитрија Вулгараки) (с. Градобор, Солунско, почеток на ⅩⅠⅩ в., најдоцна ок. 1840 – 1860) – свештеник, музички деец (композитор) и црковен пејач (тенор). Се здобил со образование на грчки наставен јазик, а потоа бил музички деец на Рилската пејачка школа. Во Солун го положил испитот и станал главен пејач на Катедралната црква,… Continue reading ЗЛАТАНОВ-ГРАДОБОРСКИ, Димитар
ЗЛАТАНОСКИ, Мито
ЗЛАТАНОСКИ, Мито (Лактиње, 20. Ⅹ 1946) – ел. инж., ред. проф., продекан на ЕТФ во Скопје, раководител на Институтот за ЕЦРП, на лабораторијата за релејна заштита, на Центарот за техничка заштита и претседател на Студискиот комитет за разводни постројки. Исто така е ав-тор/коавтор на трудови во списанија и зборници од советувања, на студии, анализи, АП… Continue reading ЗЛАТАНОСКИ, Мито
ЗЛАТЕЦ
ЗЛАТЕЦ -. народно именување на седмиот месец во годината – јули. С. Мл. Компирова златица
ЗЛАТИЦИ
ЗЛАТИЦИ (Цхрѕсомелидае) – тврдокрилни инсекти. Телото им е заоблено и со метален сјај, оттука и името (цхрѕсис гр. = злато; мелон = јаболко). Живеат по листовите од овошките и другите широколисни дрвја. Во фамилијата златици спаѓаат видови познати како штетници. широко распространет штетник кај нас е видот компирова златка (Лептинотарса децемлинеата Сеѕ.). ЛИТ.: Јонче шапкарев,… Continue reading ЗЛАТИЦИ
ЗЛАТКОВСКИ, Душко
ЗЛАТКОВСКИ, Душко (Куманово, 21. Ⅻ 1931) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 1996 г.) по групата предмети Железници. Бил директор на градежниот погон на „Македонски железници”, а на Факултетот работел од 1972 г., успешно продолжувајќи го активното учество во развојот и изградбата на железничката и патната… Continue reading ЗЛАТКОВСКИ, Душко
ЗЛАТКУ, Мухамет Реџеп
ЗЛАТКУ, Мухамет Реџеп (Мухамет Реџхеп Зллатку) (Дебар, 1939) – писател и публицист. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Работел како новинар-дописник на „Рилиндја“ од Скопје и како уредник на сп. „Јехона“. Бил главен и одговорен уредник во „Флака“. Пишува скици, репортажи, патописи, раскази, романи,… Continue reading ЗЛАТКУ, Мухамет Реџеп
ЗЛАТОВРВ
ЗЛАТОВРВ – МАРКОВИ КУЛИ – средновисока планина што се протега северно од Прилеп, помеѓу Стара Река и Прилепска Река во североисточниот дел на Пелагонија. Претставува природна целина со површина од 50 км². Највисок врв е Златоврв (1.422 м). Златоврв има исклучително природни вредности, а тоа се најразновидните денудациони облици. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и… Continue reading ЗЛАТОВРВ
ЗЛЕТОВО
ЗЛЕТОВО – село во ПробиШтипско. Се наоѓа од двете страни на Злетовска Река на надморска височина од околу 500 м. Со ПробиШтип е поврзано со регионален асфалтен пат. Тоа е најголемо село во Општина ПробиШтип и во минатото било главна населба во целата област. Населено со Македонци, чиј број е во пораст. Во 1953 г.… Continue reading ЗЛЕТОВО
ЗЛЕТОВСКА РЕКА
ЗЛЕТОВСКА РЕКА – најголема десна притока на р. Брегалница. Извира западно од Царев Врв (2.082 м), на височина од 1.620 м, Маркови Кули со Златоврв а во Брегалница се влива на височина од 293 м. Долга е 56 км, има вкупен пад од 1.327 м и просечен пад од 23,7 ‰. Сливот зафаќа по2 вршина… Continue reading ЗЛЕТОВСКА РЕКА
ЗЛЕТОВСКО-СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА на МПЦ
ЗЛЕТОВСКО-СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1958–1989) – како епархија на СПЦ (формирана во 1920 г.) ја опфаќала територијата лево од р. Вардар и местата од старите епархии: Злетовско-мородвиска, Брегалничкомалешка, Струмичка, Вардариотска и дел од Полјанската епархија, со епископ со седиште во Штип. Како епархија на МПЦ прв ја раководел надлежниот архиереј епископот Наум (1958–1977). Потоа администрирале… Continue reading ЗЛЕТОВСКО-СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА на МПЦ
ЗМБОВ, Киро Фердов
ЗМБОВ, Киро Фердов (Кочани, 31. Ⅰ 1931) – член на МАНУ надвор од работниот состав (1988). Научен советник на Институтот за нуклеарни науки во Винча, Белград. Докторирал (1963) на ПМФ во Белград. Престојувал на постдокторска специјализација на Универзитетот Рајс во Хјустон, САД (1965–1967). Работел како гостин-научник во Центарот за нуклеарни истражувања во Јилих, Германија (1973–1975)… Continue reading ЗМБОВ, Киро Фердов
ЗМЕЈСКИ ПЕСНИ
ЗМЕЈСКИ ПЕСНИ -. лирски, лирско-епски и епски песни. Ги опеваат змејовите како митолошки суштества, нивните карактеристики и односи со луѓето. Во народното верување змејот е машко дете што го родила жена која го носела подолго од обично. Се верува дека секој синор си имал свој змеј што го чувал од разни штети, а посевите од… Continue reading ЗМЕЈСКИ ПЕСНИ
ЗМИИ
ЗМИИ (Опхидиа, Серпентес) – под-ред животни од редот лушпести влекачи (Сљуамата), £ии претставници ги населуваат речиси сите типови живеалишта. Не се присутни само во поларните области, а автохтони видови змии нема во Нов Зеланд, на хавајските острови и во Ирска. Досега се познати околу 2.900 вида, од кои 34 вида ја населуваат Европа. Се одликуваат… Continue reading ЗМИИ
ЗМИЈАНАЦ, Драги
ЗМИЈАНАЦ, Драги (Скопје, 25. Ⅱ 1960) – активист на невладиниот сектор, хуманитарец. Основач и извршен директор на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” во Скопје (од 1992), промотор на правата на децата во земјата и на правата и заштитата на децата од насилство и злоупотреба. Р. Знамето на Разловечкото Знамето на Крушевската Знамето на Крушевската… Continue reading ЗМИЈАНАЦ, Драги
ЗМИОРКИ
ЗМИОРКИ (Петромѕзонтидае) – фамилија најпримитивни организми од класата кружноусни (Цѕцлостомата), споредна гранка на ’рбетниците, кои по надворешен изглед личат на рибите (јагула), но се многу попримитивно градени. Во Македонија се регистрирани два вида, вардарска змиорка (Еудонтомѕзон хелленицус) и дримска змиорка (Еудонтомѕзон станкокарамани). Дримска змиорка ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе,… Continue reading ЗМИОРКИ
ЗНАМЕТО НА РМ
ЗНАМЕТО НА РМ. На 11. Ⅷ 1992 г., Собранието на Република Македонијаусвојува Закон за знамето на РМ, според кој знамето на Република Македонијае „црвено со златно-жолто сонце, сонцето е со 8 основни и 8 споредни сончеви зраци, благо задебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск, основните сончеви зраци непосредно се одвојуваат… Continue reading ЗНАМЕТО НА РМ
ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ
ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ -. националноослободителни воени симболи на македонскиот народ. Разните македонски ајдутски и комитско-револуционерни дружини, одреди и воени единици во ослободителните востанија користеле знамиња со разни бои и обележја. Во Разловечкото востание (1876) се веело свилено знаме со огнен црвен лав без круна на жолто поле, со натписот: „Македон˜џ – станете да… Continue reading ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ
ЗОГРАФСКИ ПАЛИМПСЕСТ
ЗОГРАФСКИ ПАЛИМПСЕСТ – в. Фрагменти на глаголски старословенски текстови.