ЗЛАТИЦИ

ЗЛАТИЦИ (Цхрѕсомелидае) – тврдокрилни инсекти. Телото им е заоблено и со метален сјај, оттука и името (цхрѕсис гр. = злато; мелон = јаболко). Живеат по листовите од овошките и другите широколисни дрвја. Во фамилијата златици спаѓаат видови познати како штетници. широко распространет штетник кај нас е видот компирова златка (Лептинотарса децемлинеата Сеѕ.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.