ГОЛАК – средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево. Истоименото детско одморалиште располага со 230… Continue reading ГОЛАК
Tag: Г
ГОЛЕВ, Борис
ГОЛЕВ, Борис (Банско, Разлошко, 1883 – ќустендил, 25. Ⅱ 1918) – учесник во Илинденското востание, војвода. Потекнува од родољубивото и преродбенско семејство Голевци во Банско. Млад влегол во редовите на МРО. Бил избран за член на ОК на ТМОРО во Разлог (1901). Во врска со аферата „Мис Елен Стоун“ бил затворен и измачуван. Во Илинденското… Continue reading ГОЛЕВ, Борис
ГОЛЕВ, Георги
ГОЛЕВ, Георги (Банско, Разлошко, 1869 – Банско, 5. Ⅷ 1921) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода. Потекнувал од родољубивото преродбенско семејство Голевци од Банско. Вујко на Борис Голев. Се школувал во Банско кај учителот Никола Поп Филипов и во Солунската егзархиска гимназија, каде што го завршил педагошкиот курс (1894). Бил учител во Банско, Разлошко,… Continue reading ГОЛЕВ, Георги
ГОЛЕВ, Ристо Трифунов
ГОЛЕВ, Ристо Трифунов (Охрид, 12. Ⅻ 1933 – Охрид, 14. Ⅲ 1994) – офталмолог. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1959), а специјализацијата по офталмологија ја завршил во 1966 г. По враќањето во Охрид отворил очна амбуланта и го оформил првиот Кабинет за изработка на контактни леќи во Република Македонија(1968), во кој самиот изработувал тврди,… Continue reading ГОЛЕВ, Ристо Трифунов
ГОЛЕМ ГРАД
ГОЛЕМ ГРАД – остров во Преспанското Езеро. Се наоѓа јужно од с. Конско на оддалеченост од 4,5 км од брегот. Голем Град е најголем остров во Република Македонијасо површина од 0,275 км². Од сите страни е обвиен со стрмни клифови високи 10 – 20 м, поради што е непристапен, освен на едно место од северозападната… Continue reading ГОЛЕМ ГРАД
ГОЛЕМ ДУДУК
ГОЛЕМ ДУДУК -. дрвен народен дувачки музички инструмент во вид на дрвена мелодиска цевка (40-60 мм) со шест мелодиски отвори, со посебен засвирач, кој се наоѓа на почетокот од горниот дел на мелодиската цевка. Се применува при чување на добиток, а понекогаш и како придружник на орските игри на сретселските собири и другите колективни веселби.… Continue reading ГОЛЕМ ДУДУК
ГОЛЕМ КОРАБ
ГОЛЕМ КОРАБ (2.753 м) – највисок врв на планината Кораб и воедно највисок врв во РМ. Се наоѓа на границата со Република Албанија. Геолошкиот состав го прават филитоидни карпи, а во подножјето се јурски варовници. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик. Т. Анд.
ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
ГОЛЕМА АЛБАНИЈА – идеја и програма за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Оваа идеја, застапувана од Призренската лига (1878), барала во албанската држава да влезат и неалбански етничко-историски територии. Во функција на таа идеја, од 80-тите години на… Continue reading ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА
ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА -. христијански православен празник посветен на Успението на Пресвета Богородица (15/28 ав-густ). За подостоинствено празнување, на празникот му претходи двенеделен пост. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак празникот на нејзиното успение отпрвин не се празнувал. Во почетокот се празнувал празникот Собор на Пресвета… Continue reading ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА
ГОЛЕМА БУГАРИЈА
ГОЛЕМА БУГАРИЈА (1870-1998) – руско-бугарски проект за создавање голема бугарска држава на Балканот, официјализиран со издејствувањето на актот за создавање Бугарска егзархија (11. Ⅲ 1870) под чија јурисдикција биле ставени македонската Велешка епархија и двете српски епархии – Нишката и Пиротската. Русија пристапила кон операционализација по победата во војната со Турција. Со прелиминарниот Санстефански договор… Continue reading ГОЛЕМА БУГАРИЈА
ГОЛЕМА РЕКА
ГОЛЕМА РЕКА – десна притока на р. Сатеска. Извира северозападно од Плакенска Планина, на н.в. од 1.880 м, а се слива на н.в. 759 м. Долга е 24,1 км, има вкупен пад од 1.121 м и просечен пад од 46,5 ‰. Сливот зафаќа површина 2 од 123,0 км . Во горниот дел има планински, а… Continue reading ГОЛЕМА РЕКА
ГОЛЕМА СРБИЈА
ГОЛЕМА СРБИЈА (1844-1999) – српски проект за „Голема Србија”. Првиот ваков проект, насловен како „Начертание” (од Илија Гарашанин, министер за внатрешни работи) се појавил во 1844 г., а владејачките кругови на Србија го прифатиле како трајна определба и како цел на српската државна политика. До создавањето на Балканскиот сојуз и со операционализацијата на проектот (1861-1912),… Continue reading ГОЛЕМА СРБИЈА
ГОЛЕМА ТУМБА
ГОЛЕМА ТУМБА . (с. Добромири) – неолитска населба. Се наоѓа во близина на Црна Река, на 1,5 км северно од селото. Висока е 3 м со основа од 210 х 100 м. Во 1977 г. Музејот во Битола извршил пробно сондирање при што биле констатирани два хоризонта на живеење со остатоци од изгорени куќи и… Continue reading ГОЛЕМА ТУМБА
ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА
ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА -. култен сад-жртвеник, теракота, откриена меѓу урнатините на објектот – светилиште од неолитската населба Тумба кај Маџари, Скопско (1981, В. Санев). Го претставува култот на плодородието, персонифициран во скулптурално обликуваното женско тело. Таа е заштитник на биолошката репродукција, мајчинството и пред с” на домот во кој човекот се раѓа, живее и умира.… Continue reading ГОЛЕМАТА МАЈКА БОЖИЦА
ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО
ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО – остатоци од голем антички град, претпоставената крајпатна станица Транупара, забележена на ТП, на левиот брег на Крива Река, северно од с. Коњух. Оформувањето и развојот на градот се должеле на особено значајната крстосница на старите патишта што воделе од Скупи (Скопје) кон Сердика (Софија) и од Стоби, преку Астибо (©тип)… Continue reading ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО
ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО
ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО – постглацијално езеро. Се наоѓа во изворниот дел на Езерска Река, лева притока на р. Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на н.в. од 2.218 м. Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните глацијални процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем,… Continue reading ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО
ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА
ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА (1844-1912). Владата на Кнежевството Србија основала Одделение за пропаганда (1844), именувано „Тајна дејност”. Бил формиран „Одбор за просвета” (1868) за пропагандна дејност во земјите под власта на османлиската држава, задолжен за отворање и дејност на српски училишта. Во времето на војната на Србија со Турција (1876-1878) и по неа српската пропагандна… Continue reading ГОЛЕМОСРПСКА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА
ГОЛЕШНИЦА
ГОЛЕШНИЦА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на РМ. Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот Јакупица, но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на Кадина Река и Тополка, со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од 197 км². Највисоки точки се врвовите Лисец… Continue reading ГОЛЕШНИЦА
ГОЛИ ОТОК
ГОЛИ ОТОК – еден од затворите за политички затвореници во периодот на судирот на КПЈ со КП СССР што функционирал по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото (1948) сè до 1955 г. Првите казнети лица биле примени на 6. Ⅶ 1949 г. Во овој логор издржувале казна и голем број политички затвореници од Македонија. Не е… Continue reading ГОЛИ ОТОК
ГОЛИНИ
ГОЛИНИ – обесшумени, потполно голи или слабо обраснати шумски земјишта, настанати со уништување на шумите. Истовремено претставуваат поројни подрачја, од каде пороите го загрозуваат другиот животен и производен простор. По Втората светска војна Македонија наследи 337.217 ха голини или 31.7% од вкупната шумска површина, групирани во три географски подрачја и во 12 реони: Географски Број… Continue reading ГОЛИНИ
ГОЛОМБ, Збигњев
ГОЛОМБ, Збигњев (Збигниењ Го—,б) (Нови Тарг, Полска, 24. Ⅲ 1923 Чикаго, САД, 24. Ⅲ 1994) – пол-ски и американски лингвист, индоевропеист, балканист, славист-македонист. По одбраната на магистерската дисертација на Полскиот универзитет во Вроцлав (1947) и докторатот на Јагелоњскиот универзитет во Краков (1958), бил професор по словенска лингвистика на Католичкиот универзитет во Лублин (1952&1954) и на… Continue reading ГОЛОМБ, Збигњев
ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ
ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ (класа Гѕмноспермае) – дрвја, поретко грмушки, филогенетски постари (мезозоик) од покриеносемените. Во актуелната земјина флора, останати се само околу 800 вида. Заеднички карактеристики им се: моноподијален раст, дрво изградено од трахеиди (нема трахеи), еднополови расплодни органи, еднодомно или дводомно распоредени, семениот заметок е откриен (гол) во пазувата на плодната лушпа, анемофилни. Во… Continue reading ГОЛОСЕМЕНИ ДРВНИ ВИДОВИ
ГОЛТАК, ГОЛЕМ
ГОЛТАК, ГОЛЕМ (Лимаџ маџи-мус Л.) – најкрупен претставник од голите полжави. Долг е 12-15 см. Живее во близина на човечки населби и во шуми. Се среќава под камења, штици, стебла, во подруми или под шумска стела. Се храни со растенија и габи. ја и механизација во градежништвото. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб. Тој е… Continue reading ГОЛТАК, ГОЛЕМ
ГОЛУБОВСКИ, Димитрие
ГОЛУБОВСКИ, Димитрие (Скопје, 15. Х 1945) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет, Архитектонски оддел во Скопје (1971). Кратко време по дипломирањето работел во Градскиот завод за урбанизам и архитектура во Скопје. Истата година е избран за асистент, а потоа и во другите наставнички звања. Редовен професор е по предметот Основи на проектирање (од 1998). Освен… Continue reading ГОЛУБОВСКИ, Димитрие