ВИДИН ГРАД – археолошки локалитет над селото Водоврати (Велешко), на околу 500 м северно од централниот дел на селото, на платото Рамниште. Одалечен е околу 9 км од Стоби и 3 км од р. Вардар. Евидентирани се културни остатоци од неолитот до доцна антика. На површината се забележуваат остатоци од темели и ѕидови од градби,… Continue reading ВИДИН ГРАД
Tag: В
ВИДИНИЌ, Благоја
ВИДИНИЌ, Благоја (Скопје, 11. Ⅵ 1934 – Стразбур, 29. Ⅻ 2006) – фудбалер. Завршил гимназија во Скопје (1953). Во ФК „Вардар” во Скопје бил голман на јуниорската фудбалска екипа (од 1948). Набргу станал голман на сениорскиот тим, за кој одиграл вкупно 144 натпревари, од кои 84 првенствени. Преминал во ФК „Раднички” од Белград (1955). Бранел… Continue reading ВИДИНИЌ, Благоја
ВИДИЌ, Добривое
ВИДИЌ, Добривое (Чачак, 1918 – Белград, 3. Ⅲ 1992) – припадник на младинското и комунистичкото движење. Политички работник и дипломат. Бил член на СКОЈ од 1938 и на КПЈ од 1939 г., а потоа секретар на ПК на СКОЈ за Македонија и член на ПК на КП во Македонија од 1940–1941 г. Бил учесник во… Continue reading ВИДИЌ, Добривое
ВИДИЧЕВСКИ, Видое
ВИДИЧЕВСКИ, Видое (Охрид, 8. Ⅰ 1931) – поет, раскажувач, романсиер, драмски писател. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Домот на културата „Григор Прличев” во Охрид. Негова главна инспирација е родниот град со неговите специфики и питорескност. Во поезијата е спонтан и воодушевен лиричар. БИБ.: Сини питоми утрини, поезија, Ск., 1959; Големата шума, роман,… Continue reading ВИДИЧЕВСКИ, Видое
ВИДМАР, Јосип
ВИДМАР, Јосип (Љубљана, 14. Ⅹ 1895 – Љубљана, 11. Ⅳ 1992) – словенечки критичар, есеист и драматург, првоборец и политичар. Студирал филозофија и литература на повеќе европски универзитети, а дипломирал во Љубљана. Во времето на Првата светска војна бил во заробеништво во Русија. Бил долгогодишен драматург на На-Јосип Видмар родно казалиште во Љубљана (1934–1942), по… Continue reading ВИДМАР, Јосип
ВИДОВДЕН
ВИДОВДЕН – христијански православен празник посветен на св. Вит (28/15 јуни). Познат е и како св. Вид и се почитува како исцелител на видот и очните болести. Народните лекари на овој ден береле лековити треви и со нив лекувале. Во времето на СХС/ Кралството Југославија (1919–1941) бил државен празник и на учениците им се давале… Continue reading ВИДОВДЕН
ВИДОЕВСКИ, Ѓорѓи
ВИДОЕВСКИ, Ѓорѓи (с. Никуштак, Кумановско, 28. Ⅶ 1932) – лекар. Завршил Медицински факултет во Скопје (1964). Тој е примариус по интерна медицина. Се занимавал со воздухопловното едриличарство (од 1946). Завршил училиште за пилотирање (1951). Самостојно летал околу 1000 часови. Тој е основоположник на воздухопловната медицина во Македонија, а и едуциран за оваа проблематика во Воениот… Continue reading ВИДОЕВСКИ, Ѓорѓи
ВИДОЕСКИ, Божидар
ВИДОЕСКИ, Божидар (Божо) (с. Звечан, Порече/Бродско, 8.XI 1920 – Сремска Каменица, Србија, 16.В 1998) – лингвист, македонист, славист, основоположник на македонската модерна дијалектологија и ономастика, дописен член на МАНУ (1969) и редовен (1974), странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) (1986), на Полската академија на науките и уметностите (ПАУ) (1994), на САНУ (1997) и др х.ц.… Continue reading ВИДОЕСКИ, Божидар
ВИЗАНТИЈА
ВИЗАНТИЈА (Источно Римско Царство, 330 – 1453) – доцноантичка и средновековна држава. Името го добила по стариот град Византион на Босфор, каде во 330 г. Константин Ⅰ Велики ја изградил новата престолнина Константинопол. Го задржала државно уредување на Римското Царство, како негов источен дел, оттаму и името Источно Римско Царство, нејзините жители се нарекувале Ромеи… Continue reading ВИЗАНТИЈА
ВИЗАНТИСКА ЕСТЕТИКА
ВИЗАНТИСКА ЕСТЕТИКА – подрачје во рамките на историјата на естетиката што ги опфаќа истражувањата на убавото, возвишеното, светлината, сликата, симболот, знакот, зборот, канонот и на уметноста во раздобјето на византиската култура и цивилизација. Византиската естетика го следи развојот на византиската култура и цивилизација во контекст на една посебна држава од Ⅳ в. (основањето на Византија),… Continue reading ВИЗАНТИСКА ЕСТЕТИКА
ВИЗАНТИСКА ФИЛОЗОФИЈА
ВИЗАНТИСКА ФИЛОЗОФИЈА – а) период во историјата на европската филозофија што се протега во временската рамка од 330 г. од н.е. до падот на Византиската Империја во 1453 г. Општа карактеристика на византиската филозофија е заемното преплетување на богословието и на филозофијата. Филозофските идеи се конституираат преку суштинските прашања на историски и религиски условената византиска… Continue reading ВИЗАНТИСКА ФИЛОЗОФИЈА
ВИКЕНТИЕ
ВИКЕНТИЕ (Краџиќ) – патријаршиски скопски митрополит (1905–1915). Србин (од Студеница), познат како ревносен спроведувач на великосрпската пропаганда во Македонија по Илинденското востание, кога со четничката организација присилно ја наметнувал српската црковна власт во македонските села. Бил убиен од бугарската окупаторска војска. ЛИТ.: Драги Костадиновски, Вардарскиот дел од Македонија под јурисдикција на Српската православна црква (1919-1941),… Continue reading ВИКЕНТИЕ
ВИКЕНТИЈ, Лерински
ВИКЕНТИЈ, Лерински (Галија, ок. 400 – непознато, 450) – црковен писател одⅤв. Монашествувал и бил епископ во Лерин. Еден од ранохристијанските црковни великодостојници во Македонија, кои сведочат за постојноста на организиран црковен живот на македонската земја. Рат. Гр. Небојша Вилиќ ВИЛИЌ, Небојша (Велес, 17. XI 1962) – историчар на уметноста и професор на Факултетот за… Continue reading ВИКЕНТИЈ, Лерински
ВИЛАЗОРА
ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА
ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА (Одоната) – инсекти со два пара крилја. Се забележуваат по големите и добро развиени проѕирни крилја со фина мрежеста нерватура. Имаат долго тело, подвижна глава и добро развиени очи. Одлични летачи, најактивни се на сонце. Големи грабливци, ловат во лет и летајќи го јадат пленот. Нивните ларви живеат во водна средина и се… Continue reading ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА
ВИЛИНСКО КОЊЧЕ, БЕНКИЧАВО
ВИЛИНСКО КОЊЧЕ, БЕНКИЧАВО . (Либеллула љуадримацулата Л.) – инсект од редот на вилинските коњчиња. Има два пара добро развиени крилја, од кои, задните се малку пошироки. На секое крило има по една мала црна дамка, по што и го добил името. Силните крилја го прават добар летач. Се храни со членконоги. Се среќава низ цела… Continue reading ВИЛИНСКО КОЊЧЕ, БЕНКИЧАВО
ВИЛОС, Емилијан
ВИЛОС, Емилијан (Битола, 10. Ⅲ 1931) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола (специјалност: техничка механика, јакост на материјалите). Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1957). Истата година се вработил во Дирекцијата за исушување на Пелагонија во Битола. Бил на стручно усовршување во Франција од подрачјето на хидротехниката (1960). Избран е за професор на… Continue reading ВИЛОС, Емилијан
ВИНИЦА
ВИНИЦА – град во Источна Македонија со 10.863 ж. (2002). Лежи на контактот помеѓу котлинската рамнина на Кочанската Котлина од север и северните падини на планината Плачковица од југ. Преку В. поминува регионалниот пат Кочани–Берово. Градот зафаќа вкупна површина од 335 ха. В. има континентално-субмедитеранска клима. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 0 12.9 С.… Continue reading ВИНИЦА
ВИНИЧКАТА ПРОВАЛА НА МРО
ВИНИЧКАТА ПРОВАЛА НА МРО (1897-1898) – ноќта на 14 спроти 15. XI 1897 г. во Виница банда арамии дојдени од Бугарија за ограбување имотни Турци го убиле богатиот Турчин ќазимага, неговиот ноќен чувар член на Организацијата и други двајца месни жители. При претресот на куќата на убиениот чувар било откриено поголемо количество скриено оружје (пушки,… Continue reading ВИНИЧКАТА ПРОВАЛА НА МРО
ВИНИЧКО КАЛЕ
ВИНИЧКО КАЛЕ (Виница) – утврдена населба од доцната антика и од средниот век. Се протега на рид над градот на северните падини на Плачковица. Зафаќа површина од 2,5 ха и има доминантна позиција над Кочанското Поле и долината на р. Брегалница. Можеби е некој од античките градови (Армониа или Каленидин) што лежеле на патот Стоби–Сердика… Continue reading ВИНИЧКО КАЛЕ
ВИНОЖИТО
ВИНОЖИТО (Лерин, 8. IX 1995) – македонска политичка партија во Егејскиот дел на Македонија, учесник на парламентарните избори во Грција (на последните парламентарни избори добила 7.800 приврзаници). Партијата развива активна национална, политичка и културна дејност. Во Лерин организирала отворање на „Македонска куќа”. Со другите македонски организации ги публикува билингвалните списанија: „Моглена”, „Зора”, „Нова зора” и… Continue reading ВИНОЖИТО
ВИНЧИЌ, Живоин
ВИНЧИЌ, Живоин (Крагуевац, Србија, 27. Ⅹ 1930) – археолог и конзерватор. Археологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград (1959), каде што и магистрирал (1980) и ја одбранил докторската дисертација (1992). Работи како конзерватор во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во Скопје (1961–1995). Учествува и раководи многу заштитни истражувања и конзерваторски зафати (Стоби,… Continue reading ВИНЧИЌ, Живоин
ВИС
ВИС (1944) – средба и разговори на Македонската делегација со политичкото и со военото раководство на Авнојска Југославија. На заедничкиот состанок на Иницијативниот одбор за свикување на АСНО на Македонија и Главниот штаб на македонската војска (8. Ⅴ 1944), била избрана делегација во состав: Методија Андонов-Ченто (претседател на Иницијативниот одбор), Емануел (Мане) Чучков и Кирил… Continue reading ВИС
ВИСОИ
ВИСОИ . (с. Беранци) – некропола под тумули од железното време (И и Ⅱ). Три тумули се откриени во 1954 г. Истражен е најголемиот родовски тумул со 47 гробови цисти од камени плочи, распоредени радијално околу најстариот централен гроб. Околу нив има прстен од камења. Најдени се богати гробни прилози: геометриски скифос, очилеста фибула, спирална… Continue reading ВИСОИ