ВИНИЦА

ВИНИЦА – град во Источна Македонија со 10.863 ж. (2002). Лежи на контактот помеѓу котлинската рамнина на Кочанската Котлина од север и северните падини на планината Плачковица од југ. Преку В. поминува регионалниот пат КочаниБерово. Градот зафаќа вкупна површина од 335 ха. В. има континентално-субмедитеранска клима. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 0 12.9 С. Низ В. течат Виничка и Градечка Река, а нивните корита се регулирани. На просторот на денешна В. постоела населба уште во доцноантичкото време. Потврда за тоа е Виничкото Кале на кое се откриени теракотни икони (1985 г.), а тие спаѓаат во рангот на најексклузивните дела од областа на ранохристијанската уметност во Македонија. Како поголема селска населба се јавува во ⅩⅠⅩ в., кога е формирана чаршијата и станала трговски и пазарен центар за селата од левата страна на Брегалница. Богатиот сточен пазар и одржува њето на два панаѓури годишно овозможило во населбата да постојат, покрај повеќето трговски и занаетчиски дуќани, и 10 анови. Како резултат на економскиот подем во 1858 г. во В. е изградена голема и убава црква посветена на Св. Архангел Михаил. Сепак, населението во В. сè до крајот на Втората светска војна стагнирало. Потоа почнува да се наголемува, а најголем пораст забележало во периодот по 1971 г. кога населбата е прогласена за град. Од 10.863 ж. во 2002 г. Македонци биле 9.246 ж. или 85,1%, Турци 256 или 2,4%, Роми 1.209 или 11,1%, Власи 111 или 1,0%, Срби 20 и други 21 ж. В. е седиште на општина која зафаќа површина од 43.267 ха, има 16 населени места со 19.938 ж. Една од најстарите фабрики во градот е индустријата за градежни материјали „Пролетер” основана во 1947 г. Потоа во 1964 г. е изградена фабриката за чадори „Винка”, во 1977 фабриката за конфекција „Виничанка”, во 1972 фабриката за душеци „Треска – 30 Август”, а во областа на металната индустрија е фабриката „Минор”. Дел од населението се занимава со одгледување тутун и ориз, а голем број се заминати на привремена работа во странство. Во градот постои ДСУ со гимназиски, текстилни и машински паралелки, работнички универзитет, здравствен дом и повеќе трговски и занаетчиски дуќани. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Виница и Виничко, монографија, Виница, 1998. Ал. Ст.