ВЕЛИКА

ВЕЛИКА . (ст.гр., лат. Великиос, ст. сл. Велик·е) – област (од Охрид по р. Велика или Голема река) и епархија што ја раководел св. Климент Охридски и затоа ја носел епископската титула Епископ велички. Освен во Светиклиментовите слова и Пространото жи-тие за него, оваа област се спомнува и во епархиските списоци на Цариградската патријаршија. ЛИТ.:… Continue reading ВЕЛИКА

ВЕЛИКА

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И МАКЕДОНИЈА (ⅩⅠⅩ – ⅩⅪ в.) – Интересот на Велика Британија за Македонија започнал во времето на Наполеоновите војни, продолжува во времето на Кримската војна, а поизразита форма добива во втората половина на ⅩⅠⅩ в., во времето на Сан-Стефанскиот и Берлинскиот договор. Во периодот до формирањето на македонското ослободително движење тенденцијата на британската… Continue reading ВЕЛИКА

ВЕЛИКОВ, Антон

ВЕЛИКОВ, Антон (Дончо) (с. Драгостин, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија, 13. Ⅴ 1912 – Софија, 5. Ⅴ 1975) (псевд. Алекси Беломорски) – еден од првите членови на МЛК во Софија (1938–1942), потпретседател на МЛК „Никола Вапцаров“ (1945– 1948) и на МЛК на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951), прозен писател (на бугарски јазик), публицист и новинар.… Continue reading ВЕЛИКОВ, Антон

ВЕЛИНОВ, Сенко

ВЕЛИНОВ, Сенко (Скопје, 15. Ⅹ 1965) – актер, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје (1989). Член на Народно позориште во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992); на Драмски театар (1992–1999); на Драмата на МНТ (1999–2000); директор на Драмски театар (2001– 2002); од 2002 г. повторно во Драмата на… Continue reading ВЕЛИНОВ, Сенко

ВЕЛИНОВСКА, Ленка

ВЕЛИНОВСКА, Ленка (псевд. Мирка) (с. Страишта, Мегленско, 15. Ⅶ 1926) – национален деец. Била активен учесник во НОД во Егејскиот дел на Македонија (од 15. Ⅶ 1941). Во Граѓанската војна во Грција станала секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Воденско (26. Ⅶ 1946), член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел… Continue reading ВЕЛИНОВСКА, Ленка

ВЕЛИНОВСКА, Мирка

ВЕЛИНОВСКА, Мирка (Скопје, 23. Ⅳ 1952) – новинар. Завршила Филозофски факултет – историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик во Кембриџ. Од 1980 г. во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер”. Во периодот 1990/98 г. се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс”. Еден од… Continue reading ВЕЛИНОВСКА, Мирка

ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов

ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов (Дебар, март 1875 – Чачак, Србија, 1941) – фолклорист и прозен писател, гимназијален професор и придружник на „автономистичкото движење“ во Белград. Основното образование го завршил во родното место, а средното го започнува во Бугарската гимназија во Солун (запишан како Иван Велев) и го продолжува во Гимназијата во Белград и во Учителската школа… Continue reading ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов

ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА

ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА (893 г.) – епископијата што ја раководел св. Климент Охридски и ја носел титулата епископ Велички (893– 916). Така е запишано во месецословот на Асемановото евангелие (Климента еп”скпа Величскаго) и во некои од неговите слова (Сљтворено Климентомќ епископомќ Величќск»мќ), како и во житијата. Простирањето на Величката епархија сè уште не е до крај… Continue reading ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА

ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова

ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова (с. Горобинци, Светиниколско, 20. Ⅱ 1955) – етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика. Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” (4. Ⅷ 2006), докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското… Continue reading ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова

ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев

ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев (прекар Барутана) (Куманово, 1907 – с. Малотино, Кумановско, 17. Ⅹ 1941) – столар, комунистички деец и првоборец. Станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на СКОЈ (1924), а потоа и член на МК на СКОЈ во Куманово (1925). Во партиската провала на членовите на КПЈ во Куманово (1929), заедно… Continue reading ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев

ВЕЛИЧКОВСКИ, Боне

ВЕЛИЧКОВСКИ, Боне (с. Црешево, Скопско, 14. Ⅻ 1948) – филолог, библиограф, научен советник, истражувач на детскиот фолклор и кратките жанрови при Институтот за фолклор „Марко Цепенков” во Скопје. Завршил гимназија и Филозофски факултет – Група за француски јазик и литература во Скопје (1974). По вработувањето како библиограф во Институтот (1. Ⅶ 1976), магистрирал на Филозофскиот… Continue reading ВЕЛИЧКОВСКИ, Боне

ВЕЛИЧКОВСКИ, Нино

ВЕЛИЧКОВСКИ, Нино (Куманово, 1941) – интерпретатор на македонски народни и новокомпонирани песни. Извесно време бил актер во Кумановскиот теа-тар, потоа член на познатиот Октет „Куманово”. Особено познати се неговите интерпретации на новокомпонираните песни „Кажи ми Лено” (1984), „Свирете ми, тамбури” и „Сега е веќе доцна”. На неговиот репертоар се песни од композиторите Миодраг Божиновски, Миле… Continue reading ВЕЛИЧКОВСКИ, Нино

ВЕЛЈАНОВ-ЧИЧЕТО, Велко

ВЕЛЈАНОВ-ЧИЧЕТО, Велко (с. Црешево, Скопско, 1874 – Скопје, 18. IX 1943) – учесник во Илинденското востание, скопски окружен војвода. Бил член на МРО од 1899 г. Учествувал во Илинденското востание во Скопско и во Првата светска војна во Бугарската армија. Во емиграција во Бугарија учествувал во убиството на првиот министер на земјоделската влада А. Стамболиски.… Continue reading ВЕЛЈАНОВ-ЧИЧЕТО, Велко

ВЕЛЈАНОВА, Лилјана

ВЕЛЈАНОВА, Лилјана (Скопје, 22. Ⅵ 1950) – актерка. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, отсек за драмски актери (1975). Од 1973 г. е член на Драмски театар од Скопје. Се карактеризира со актерски сензибилитет и со строго индивидуален пристап. Улоги: Сара („Диво ме-со”); Мајката („Хај-фај”); Сара („Сара Бернар”); Катерина („Р”); („Еригон”); Змија („Словенски ковчег”);… Continue reading ВЕЛЈАНОВА, Лилјана

ВЕЛЈАНОВСКА, Вера

ВЕЛЈАНОВСКА, Вера (Битола, 23. Ⅵ 1955) – професор по физичка култура, атлетичарка. Завршила Факултет за физичка култура во Скопје (2001). Била член на АК „Олимпија” во Битола. Македонска и југословенска репрезентативка и рекордерка на куси атлетски патеки. На југословенските, на балканските и на други меѓународни натпреварувања освоила повеќе златни, сребрени и бронзени медали. Успешно настапила… Continue reading ВЕЛЈАНОВСКА, Вера

ВЕЛЈАНОВСКИ, Александар Тасев

ВЕЛЈАНОВСКИ, Александар Тасев (Битола, 19. Ⅱ 1930) – фармацевт, полковник, редовен проф. на Фарм. ф., прв специјалист и наставник по токсиколошка хемија во РМ. Раководител на Катедрата по инструментални методи, автор на книгата „Инструментални методи”. Претходно бил вработен во Заводот за превентивна медицинска заштита при Воената болница во Скопје, каде што придонесува за примената на… Continue reading ВЕЛЈАНОВСКИ, Александар Тасев

ВЕЛЈАНОВСКИ, Живко

ВЕЛЈАНОВСКИ, Живко (с. Завој, Охридско, 5. Ⅲ 1947) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1999) по предмети од областа на водоснабдувањето и канализацијата. Постдипломски студии завршил во Белград, а докторирал во Скопје (1991). Со трудови учествувал на советувања и конгреси од водостопанството и комуналната техника. Тој е активен во применувачката… Continue reading ВЕЛЈАНОВСКИ, Живко

ВЕЛЈАНОВСКИ, Новица

ВЕЛЈАНОВСКИ, Новица (’Ржаново, Струшко, 1939) – правник, историчар, научен советник и редовен професор по современа историја на македонскиот народ и архивистика во ИНИ. Бил учител и архивски работник. По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје, бил секретар на ИНИ (1976-1980), а докторирал на Универзитетот во Приштина на темата „Создавањето и развојот на народната власт во… Continue reading ВЕЛЈАНОВСКИ, Новица

ВЕЛКО

ВЕЛКО . (ⅩⅣ в.) – управник (архонт) на тврдината Гинекокастро, северно од Солун. За управник бил поставен од српскиот владетел Стефан Душан, кон средината на ⅩⅣ в. Во војната меѓу Византија и Србија (1350) им останал верен на Србите. ЛИТ.: Иоаннис Цантацузени еџимператорис хисториарум, либри Ⅳ, граеце ет латине И–Ⅲ, цура Л.Сцхопени, Бонае, 1828–1832, Ⅲ,.135–137.… Continue reading ВЕЛКО

ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО, Тодор

ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО, Тодор (Кавадарци, 12. XI 1912 – Плачковица, 9. Ⅴ 1944) – ветеринарен лекар и национален деец. Завршил четврти клас нижа реална гимназија во родниот град, а потоа ја завршил Втората машка гимназија во Бел-град и Ветеринарниот факултет во Загреб (1931–1941). Бил еден од иницијаторите за формирањето на читалиштето во Кавадарци (1935), еден од основачите… Continue reading ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО, Тодор

ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван (Врање, 22. Ⅳ 1930 – Скопје, 26. Ⅴ 2008) – сликар, унив. професор, значаен за развојот на македонското сликарство во шеесеттите. Дипломирал (1953) и магистрирал (1955) на Академијата за ликовни уметносИван Велков – Архаичен предел, детаљ (1967) ти во Белград. Бил професор на Архитектонскиот факултет и член на групата Мугри. Самостојно излагал во… Continue reading ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван (Кавадарци, ? – Кавадарци, 1907) – член на Тиквешкиот ОРК на ТМОРО, трговец. Влегол во редовите на Тиквешкиот ОРК, основан од Даме Груев, во летото на 1894 г. По Солунските атентати бил обвинет и затворен (1903). Бил на заточение на о. Родос. По амнестијата одново бил затворен (Ⅻ 1906) и починал во затворот.… Continue reading ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван (Врање, 22. Ⅳ 1930 – Скопје, 26. Ⅴ 2008) – сликар, унив. професор, значаен за развојот на македонското сликарство во шеесеттите. Дипломирал (1953) и магистрирал (1955) на Академијата за ликовни уметносИван Велков – Архаичен предел, детаљ (1967) ти во Белград. Бил професор на Архитектонскиот факултет и член на групата Мугри. Самостојно излагал во… Continue reading ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван

ВЕЛКОВ, Иван (Кавадарци, ? – Кавадарци, 1907) – член на Тиквешкиот ОРК на ТМОРО, трговец. Влегол во редовите на Тиквешкиот ОРК, основан од Даме Груев, во летото на 1894 г. По Солунските атентати бил обвинет и затворен (1903). Бил на заточение на о. Родос. По амнестијата одново бил затворен (Ⅻ 1906) и починал во затворот.… Continue reading ВЕЛКОВ, Иван