БЛАГОЕВ, Трајко (с. Владимирово, Малешевско, 25. Ⅷ 1876 – Софија, 1937) – учител, член на Струмичкиот окружен комитет и раководител на Комитетот во Малешевско. Завршил педагошко училиште во ќустендил и педагогија на Универзитетот во Софија (1904). Бил учител во Владимирово, Малешевско (1896–1897). Член на МРО од 1895 г. и заменик-претседател на Струмичкиот окружен комитет (1898–1899)… Continue reading БЛАГОЕВ, Трајко
Tag: Б
БЛАГОЕВГРАД
БЛАГОЕВГРАД (порано: Горна Џумаја) – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 71.343 ж. (1992). Се наоѓа во Благоевградската Котлина, во подножјето на југозападните разграноци на планината Рила, од двете страни на р. Благоевградска Бистрица, на надморска височина од 400 м. Низ градот поминува меѓународниот пат Е–79 и железничка пруга кои на север го… Continue reading БЛАГОЕВГРАД
БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија
БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија (ⅩⅣ-ⅩⅤⅠ в.) – по османлиското освојување старата христијанска благородничка класа во Македонија успеала во еден извесен период да се задржи во градовите. Во ⅩⅤ в. во Скопје живеел властелинот Тошник, чија жена Милица во 1497 г. го обновила манастирот Матка. Во 1466 г. во изворите се споменуваат „болјарите на местото Кратово”, а… Continue reading БЛАГОРОДНИШТВО во Македонија
БЛАГОСЛОВИ
БЛАГОСЛОВИ -. кратки жанрови на усното народно творештво, според формата блиски до пословиците, а според пораката и желбите што ги содржат се доближуваат до здравиците и баењата. Со верувањето во магичната моќ на зборот, како и клетвите, тие претставуваат магиски формули. Но, за разлика од клетвите што со-држат зла коб, желба да се случи несреќа,… Continue reading БЛАГОСЛОВИ
БЛАГОСОСТОЈБА
БЛАГОСОСТОЈБА – поим што се однесува на квалитетот на животот на луѓето (в. Квалитет на живот). Проблемот на благосостојбата е поврзан со еден цел правец во економската наука – економија на благосостојбата. Во фокусот на вниманието на оваа научна дисциплина е благосостојбата на поединецот. Збирот на благосостојбата на сите поединци во општеството ја дава т.н.… Continue reading БЛАГОСОСТОЈБА
БЛАЕР, Ѓорѓи
БЛАЕР, Ѓорѓи (Стара Пазова, Србија 28. Х 1908 – Скопје, 19. Ⅲ 1970) – Евреин, дентист, комунист, учесник во НОБ. Се доселил во Скопје (1932) и бил еден од водачите синдикалисти, подоцна поставен и за секретар на КПЈ за околијата Неродим (1939). Уапсен во Призрен (1940). Се вратил во Скопје (1941), каде што организирал здравствена… Continue reading БЛАЕР, Ѓорѓи
БЛАЕР, Златко
БЛАЕР, Златко (Скопје, 1946) – новинар. Апсолвирал на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1971 г. во „Нова Македонија” приправник во Градската рубрика, соработник во Надворешнополитичката, уредник на Дневната редакција, помошник на главниот уредник. Дописник од Атина (1983/88). Во периодот 1979/81 г. уредник на „Екран”. Главен и одговорен уредник на весникот „Вечер” 1990-1991. Во јуни 1991… Continue reading БЛАЕР, Златко
БЛАЖЕВ, Негрија
БЛАЖЕВ, Негрија (Галичник, 1783 – 1843) – претставник на Дебарската резбарска школа. Учествувал во внатрешното украсување на Бигорскиот манастир заедно со трите негови сина – Макарија, Трајан и Ѓурчин. ЛИТ.: Ас. Василев, Б„лгарски в„зрожденски майстори, Софи®, 1965, 211. С. Мл.
БЛАЖЕВСКА, Зорица
БЛАЖЕВСКА, Зорица (Скопје, 6. Х 1948) – архитект. Дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност,… Continue reading БЛАЖЕВСКА, Зорица
БЛАЖЕВСКА, Катерина
БЛАЖЕВСКА, Катерина (Велес, 12. Ⅶ 1967) – новинар. По дипломирањето на Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство на УКИМ во Скопје (1989) работи како новинар во Македонското радио (1990–1997), колумнист во неделникот „Денес” (1997–1999) и уредник на Политичката рубрика на в. „Македонија денес” (1998– 1999); уредник-коментатор (1999– 2003), заменик главен и одговорен уредник (2003–2004), главен… Continue reading БЛАЖЕВСКА, Катерина
БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја
БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја (с. Мало Црско, Кичевско, 1861 – с. Могила, Битолско, 8. Ⅴ 1903) – прилепски војвода. Првин бил ајдутски војвода (ок. 1885), а потоа заминал на печалба во Романија. По враќањето во Македонија (1900) бил во четата на М. Ацев, М. Лерински и Ј. Пиперката. Од 1901 г. станал прилепски војвода. Движејќи се во… Continue reading БЛАЖЕСКИ-РАСОЛКОСКИ, Андреја
БЛАЖИЌ, Здравко
БЛАЖИЌ, Здравко (Стари Бечеј, 19. Ⅳ 1917 – Белград, 14. IX 1979) – сликар и виш конзерватор. Дипломирал на школата за византинска уметност во Белград (1936). Студирал и на Академијата за ликовни уметности во Прага. Работел на конзервација на икони и фрески и на нивното копирање. Има заслуги за конзервацијата на фреските во црквите „Св.… Continue reading БЛАЖИЌ, Здравко
БЛАТЕЦ
БЛАТЕЦ – село во Виничко. Се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, на надморска висина од околу 700 м. Со Виница е поврзано преку регионалниот пат Виница – Берово. Во минатото било мешано, населено со македонско и турско население. Во 1912 г. во него имало околу 350 турски и 150 македонски куќи. Денес е… Continue reading БЛАТЕЦ
БЛАТСКА ГАЈДА
БЛАТСКА ГАЈДА (Мешница) – локален термин за дувачкиот инструмент гајда (в.) во регионот на Скопска Блатија. Спаѓа во групата помали гајди, со висок мелодиски регистар (најнизок тон на гајдарката – Е1). Според бројот и конструкцијата на деловите, не се разликува од помалите македонски гајди. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986,… Continue reading БЛАТСКА ГАЈДА
БЛГАРАНОВ, Бојан Петков
БЛГАРАНОВ, Бојан Петков (Богдан; бај Иван) (шумен, 20 Ⅹ 1896 – Софија, 26. Ⅻ 1972) – бугарски комунистички деец и државник, генерал-полковник, херој на НРБ (1966) и херој на социјалистичкиот труд (1961). Бил истакнат член на БКП (од 1920) и учесник во Септемвриското востание (1923), поради што бил осуден на смрт (1925), но казната му… Continue reading БЛГАРАНОВ, Бојан Петков
БЛГАРИН
„БЛГАРИН“ (Солун, 5. XI – 1. Ⅻ 1912) – дневен весник за политички и општествени прашања. Редакцијата ја сочинувале: Г. Баждаров, Г. Кулишев, А. Разбојников, Стојан Симеонов и Павел шатев (главен уредник). Подоцна П. шатев бил заменет од Д. Крапчев. Бил печатен во печатницата на Коне Самарџиев. Се појавил во турбулентното време на Првата балканска… Continue reading БЛГАРИН
БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ
БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ (1947) – протокол меѓу делегациите на владите на ФНР Југославија и НР Бугарија. По преговорите (30. Ⅶ – 1. Ⅷ), на 1 август потпишале Протокол за политичка, економска и културна соработка: 1. двете влади да потпишат договор за пријателство, соработка и меѓусебна помош; 2. максимална економска соработка, усогласување на плановите за економски развој… Continue reading БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ
БЛИЗНАКОВ, Атанас
БЛИЗНАКОВ, Атанас (с. Д’мбени, Костурско, 15. Ⅻ 1901 – Скопје, 1998) – македонски иселеник во САД и повратник, основач на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Како емигринт во САД (1920) и работник во Гери (Индијана), бил активен член на МАНС, основач на спомагателните друштва „Александар Македонски” и „Лазар Поптрајков” и еден… Continue reading БЛИЗНАКОВ, Атанас
БОБЕВ, Стефан Миланов
БОБЕВ, Стефан Миланов (Велес, 1911 – Велес, 9. XI 1944) – учесник во револуционерните активности во Велес (од 1937). Во 1941 – 1942 г. учествувал во подготовките за оруженото востание: собирал оружје и разнесувал летоци, прогласи и други материјали и го снабдувал Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ со храна, оружје и муниција. Во 1943 и 1944… Continue reading БОБЕВ, Стефан Миланов
БОГДАН
БОГДАН . (Ⅹ – XI в.) – македонски благородник и крупен великодостојник, топарх на внатрешните тврдини што се протегале, според Скилица, од Прилеп кон запад, и најверојатно ги зафаќале централните области на Самуиловото Царство. Освен Скилица, не го споменува ниеден друг извор. Тој одамна бил приврзаник на византискиот цар, го убил и својот тест Матеица,… Continue reading БОГДАН
БОГДАНОВ-КОЧКО, Петре
БОГДАНОВ-КОЧКО, Петре (Скопје, 12. Ⅲ 1913 – Скопје, 22. Ⅱ 1988) – композитор, оперски пејач и општественик. Се запишува во Средното музичко училиште во Белград (1933), а потоа и на Филозофскиот факултет. Определен за напредното револуционерно движење, учествува во низа младински акции. Учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето е еден од… Continue reading БОГДАНОВ-КОЧКО, Петре
БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино
БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино (Велес, 1913 – 1989) – комунистички деец, воен раководител во НОАВМ. Бил член на КПЈ (1932), МК на КПЈ во Велес и МК на КПЈ во Скопје. Пред Втората светска војна двапати бил апсен и осудуван според Законот за заштита на државата, а подоцна интерниран во логорот во Билеќа. Во времето на НОАВМ… Continue reading БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино
БОГДАНОВ, Богдан Томев
БОГДАНОВ, Богдан Томев (с. Крушевле, Сомбор, 9. Ⅴ 1949) – редовен професор (1996) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1973), магистрирал (1981) и докторирал (1985) во Скопје. Изведувал настава од областа на органската хемија. Научноистражувачката дејност му е од областа на синтезата и реакциите на органските соединенија, како и од теориската органска хемија. Објавил, во… Continue reading БОГДАНОВ, Богдан Томев
БОГДАНОВ, Момчило
БОГДАНОВ, Момчило (Крива Паланка, 15. Ⅱ 1932) – дипл. ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., продекан на ЕТФ во Скопје. Раководител на Катедрата за теоретска електротехника и на Институтот за електроника и сметачкиот центар. Работел на универзитетот во Белград (Србија), Монс (Белгија) и Оран (Алжир). Тој е автор/коавтор на трудови од примената на… Continue reading БОГДАНОВ, Момчило