БОГДАНОВ, Богдан Томев

БОГДАНОВ, Богдан Томев (с. Крушевле, Сомбор, 9. Ⅴ 1949) – редовен професор (1996) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1973), магистрирал (1981) и докторирал (1985) во Скопје. Изведувал настава од областа на органската хемија. Научноистражувачката дејност му е од областа на синтезата и реакциите на органските соединенија, како и од теориската органска хемија. Објавил, во странски и во домашни списанија, педесетина научни трудови. Бил раководител или соработник на неколку домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Бил шеф на Институтот за хемија на ПМФ (1991–1995). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 226; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 230-231. Б. ш.