БИТКАТА КАЈ МЕТОНА

БИТКАТА КАЈ МЕТОНА (353 г. од ст.е.) – битка што ја води македонскиот крал Филип Ⅱ за освојување на гр. Метона на пиерискиот брег од Солунскиот Залив, сојузник со Атина. За време на опсадата, кралот Филип е ранет од стрела и го губи десното око. По освојувањето на градот граѓаните се протерани, а во него… Continue reading БИТКАТА КАЈ МЕТОНА

БИТКАТА КАЈ ПИДНА

БИТКАТА КАЈ ПИДНА (168 г. од ст.е.) – последната битка во Третата македонско-римска војна меѓу македонскиот крал Персеј (171–168 г. од ст.е.) и римскиот војководец Емилиј Павел. По жестока краткотрајна битка (од обете страни војуваат по 40.000), македонската фаланга е разбиена (20.000 загинати, 6.000 заробени). По поразот Персеј се засолнува во Амфипол, подоцна е заробен… Continue reading БИТКАТА КАЈ ПИДНА

БИТКАТА КАЈ РАВЕН

БИТКАТА КАЈ РАВЕН (16. Ⅴ 1944) – Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“ предводен од заменикот политички комесар на Одредот Георги Топалов бил откриен и опкружен од голем број полициски и жандармериски сили. Во борбата загинале Г. Топалов и 3 борци, 2 биле ранети и заробени и потоа обесени во с. Белица, а 1 во с.… Continue reading БИТКАТА КАЈ РАВЕН

БИТКАТА КАЈ РОВИНЕ

БИТКАТА КАЈ РОВИНЕ (17. Ⅴ 1395) – помеѓу османлиската војска предводена од султанот Бајазит Ⅰ и христијанската војска на влашкиот владетел војводата Јо-ван Мирче. Во битката на страната на османлиите, како вазали на султанот Бајазит, учествувале и македонските владетели кралот Марко и Константин Драгаш. Во жестокиот судир кај местото Ровине во Влашко (со неутврдена локација),… Continue reading БИТКАТА КАЈ РОВИНЕ

БИТКАТА КАЈ с ЛИСИЈА

БИТКАТА КАЈ с ЛИСИЈА . -(Горноџумајско, 29.. Ⅰ 1944) – жестока битка водена од едниот дел од Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“, на че-ло со командантот Арсо Пандурски што дејствувал по десниот брег на р. Струма (по наредба на командантот на штабот на Ⅳ востаничкооперативна зона Никола Парапунов) за обединување со партизанските единици во Вардарскиот… Continue reading БИТКАТА КАЈ с ЛИСИЈА

БИТКАТА КАЈ СЕТИНА

БИТКАТА КАЈ СЕТИНА (есен 1017) – помеѓу македонската и византиската војска. Византијците паднале во заседа, што им ја подготвил царот Јован Владислав. За да ја спаси војската од уништување лично интервенирал царот Василиј Ⅱ. Го нападнал логорот на Јо-ван Владислав и ја поразил неговата војска. Загинале голем број македонски војници, 200 тешко вооружени биле заробени,… Continue reading БИТКАТА КАЈ СЕТИНА

БИТКАТА КАЈ ТИР

БИТКАТА КАЈ ТИР (332 г. од ст.е.) – ја води Александар Македонски за освојување на единствениот град во Фојникија што му давал голем отпор. Градот бил сместен на остров, но по седуммесечна опсада и изградба на вештачки насип (постои до денес) градот е освоен. ЛИТ.: Плутарцх, Алеџандер, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Ф. Папазоглу, Историја на… Continue reading БИТКАТА КАЈ ТИР

БИТКАТА КАЈ ТРАЈАНОВАТА ВРАТА

БИТКАТА КАЈ ТРАЈАНОВАТА ВРАТА (17. Ⅷ 986) – битка помеѓу војската на комитопулите, браќата Самуил и Арон, и византиската војска предводена од императорот Василиј Ⅱ. Се одиграла во теснината кај денешен Ихтиман, близу до Софија. Византијците претрпеле тежок пораз. Загинале голем број војници, а Василиј Ⅱ одвај успеал да се спаси со бегство, оставајќи му… Continue reading БИТКАТА КАЈ ТРАЈАНОВАТА ВРАТА

БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ

БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ (42 год. пр.н.е.) – помеѓу војските на Брут и Касиј (заговорниците што го убиваат Цезар) и војската на римските конзули Антониј и Октавијан. Во Македонија навлегува војската на Антониј и Октавијан и стасала до гр. Филипи. Во битката Антониј му нанесува пораз на Касиј, кој си го одзел животот, а војската на… Continue reading БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ

БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА

БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА (2 Ⅷ 338 г. од ст.е.) – решавачка битка меѓу македонскиот крал Филип Ⅱ и сојузените војски на хеленските полиси. Битката се води со приближно иста бројност на војските (македонската околу 30.000 пешаци и 2.000 коњаници) на хајронејската рамнина (Бојотија). Триумфот на македонската војска е целосен; хеленските војски се разбиени; Филип со… Continue reading БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА

БИТКАТА НА ВИЧО

БИТКАТА НА ВИЧО (1949) – една од најжестоките битки меѓу ДАГ и Грчката кралска армија на планината Вичо во Граѓанската војна во Грција. На 10. Ⅷ 1949 г. владината добро вооружена армија (80.000) ги нападнала позициите на Ⅹ и XI дивизија на ДАГ. Силите на ДАГ брзо биле поразени и на 16 август биле принудени… Continue reading БИТКАТА НА ВИЧО

БИТКАТА НА ГОТЕН, МАЛЕШЕВСКО

БИТКАТА НА ГОТЕН, МАЛЕШЕВСКО (6. Ⅳ 1903) – една од најголемите битки пред Илинденското востание во источниот дел од Македонија на здружените че-ти (250–270 комити) на ТМОРО на Христо Чернопеев (за Струмичко), Коста Мазнејков (Радовишко), Делчо Коцов (Кочанско), К. Кондов (Прилепско), Никола Дечев (Велешко), Питу Гули (Крушевско), Ванчо Србакот (Кичевско), Тимо Ангелов (за Тиквешко) и… Continue reading БИТКАТА НА ГОТЕН, МАЛЕШЕВСКО

БИТКАТА НА ГРАМОС

БИТКАТА НА ГРАМОС (1949) – решавачка битка меѓу силите на ДАГ и грчката владина војска во време на Граѓанската војна во Грција. На 24. Ⅷ 1949 г. владината војска го нападнала последното упориште на ДАГ на планината Грамос. Силите на ДАГ биле засилени со 6.000 борци, кои од Вичо се повлекле во Албанија. По тешки… Continue reading БИТКАТА НА ГРАМОС

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949) меѓу единиците на ДАГ и грчката владина војска. На 4 јули 1949 г. владината војска започнала офанзива против единиците на ДАГ на планината Кајмакчалан. На 8 јули единиците на ДАГ биле поразени и принудени на повлекување. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949,… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17. IX – 3. Ⅹ 1916) – битка помеѓу антантините и војските на централните сили. Српската војска ги нападнала бугарските утврдени позиции (17. IX) и се водела борба човек на човек. Бугарската војска извршила противнапад (26. IX) и повторно ги запоседнала позициите. Српската војска извршила нов силен напад (30. IX), го освоила… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17. IX – 3. Ⅹ 1916) – битка помеѓу антантините и војските на централните сили. Српската војска ги нападнала бугарските утврдени позиции (17. IX) и се водела борба човек на човек. Бугарската војска извршила противнапад (26. IX) и повторно ги запоседнала позициите. Српската војска извршила нов силен напад (30. IX), го освоила… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17 IX 3 Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949) меѓу единиците на ДАГ и грчката владина војска. На 4 јули 1949 г. владината војска започнала офанзива против единиците на ДАГ на планината Кајмакчалан. На 8 јули единиците на ДАГ биле поразени и принудени на повлекување. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949,… Continue reading БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949)

БИТОЛА

БИТОЛА – град во западниот дел на РМ, со 74.550 ж. (2002). Се наоѓа на преминот од источното подножје на пл. Пелистер и Пелагониската Котлина, од двете страни на р. Драгор. Зафаќа површина од 2.245 ха. Низ градот поминуваат магистралниот пат ОхридБитолаПрилеп (М-5) и железничката пруга, која од Велес, преку Прилеп и Битола, води за… Continue reading БИТОЛА

БИТОЛЈАНУ, Кочо

БИТОЛЈАНУ, Кочо (Крушево, 8.. Ⅰ 1924) – комунистички деец, првоборец и општественик. Како член на МК на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Поради таа дејност бил осуден на доживотен затвор (1942-1944). По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен… Continue reading БИТОЛЈАНУ, Кочо

БИТОЛСКА БИТКА

БИТОЛСКА БИТКА (16–19. XI 1912) – битка помеѓу српската и отоманската војска во Првата балканска војна. Се водела во реонот на с. Гопеш и кај преминот Ѓавато. Во борбите учествувале и македонските месни чети, кои ја ослабувале фронтовската линија на отоманската војска и $ овозможувале прегрупирање и полесно продирање на српската војска. Најтешки борби се… Continue reading БИТОЛСКА БИТКА

БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА

БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА – еден од најзначајните гусларски центри на Балканот. Бил особено познат уште пред доаѓањето на Османлиите. Најчесто се собирале околу црквите и манастирите. Биле здружени во еснаф и имале свои еснафски празници (Св. Петар, Св. Никола, Св. пр. Илија). Имале и свој таен говор. Повремено го обиколкувале целиот Балкан, на исток до… Continue reading БИТОЛСКА ГУСЛАРСКА ШКОЛА

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ

БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ (Јагел Јааков во Ерусалим, во 30-тите год. на ⅩⅩ в.) – храм на Евреите од Битола. Претставувала центар на македонската еврејска заедница „Монастирлија“ формирана во населбата шама, на падините на брегот Ци-он во Израел. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003.… Continue reading БИТОЛСКА СИНАГОГА ВО ИЗРАЕЛ