АЛАЏАЈКОВ, Лазар (с. Смоквица, Гевгелиско, 17. Ⅲ 1918) – агроном, редовен проф. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Гимназија завршил во Крагуевац, Југославија (1937/ 1938). Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Софија (1942). По дипломирањето работел како агроном во Берово и во Бујановац, а потоа во Земјоделскиот институт во Скопје, каде што е… Continue reading АЛАЏАЈКОВ, Лазар
Tag: А
АЛБАНСКИ НЕЛЕГАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РМ
АЛБАНСКИ НЕЛЕГАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РМ. марксисти-ленинисти од Косово, Народно Движење за Косово, Бали комбетар (преку сојузот на Косовари од САД), ограноци на УНИКОМБ (Партија за национално обединување на Албанците), Национално движење за ослободување на Косово, Национална партија на трудот, „Повик за слобода” – со различна идеолошка определба, самостојни или ограноци на организации од… Continue reading АЛБАНСКИ НЕЛЕГАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РМ
АЛБАНСКИ ПЛИТИЧКИ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
АЛБАНСКИ ПЛИТИЧКИ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (1908–1909). По воспоставувањето на парламентарниот систем со воведувањето на Уставот во отоманската држава во 1908 г. во вилаетските центри во Македонија Скопје, Битола и Солун, потоа и во Дебар биле основани и албански политички клубови. Клубот во Скопје бил основан во почетокот на септември од офицери во војската и чиновници… Continue reading АЛБАНСКИ ПЛИТИЧКИ КЛУБОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
АЛБАНСКИ, Атанас Јакимов
АЛБАНСКИ, Атанас Јакимов (с. Горно Еловци, Гостиварско, 1880 – Софија, 30. Ⅹ 1943) – тетовски војвода, член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Го завршил Педагошкото училиште во Скопје, учителствувал во Тетово. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. Бил секретар на четата на војводата Ванчо Србаков (1904) и на војводата… Continue reading АЛБАНСКИ, Атанас Јакимов
АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Почетоците им се во формирањето на првата Албанско-македонска револуционерна лига (1887). Од неа во 1902 г. произлегува Проект за автономија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин, доставен до британскиот Фореигн оффице. Албанци учествуваат во активностите на МРО и во Илинденското востание. Во август 1913 г. во Елбасан ВМРО и Албанскиот… Continue reading АЛБАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АЛБЕРТИ, Рафаел
АЛБЕРТИ, Рафаел (Рафаел Алберти) (Пуерто де Санта, 16. Ⅻ 1902 – 28. Ⅹ 1999) – поет, сликар, драм-ски автор, создава еден од најимпресивните и богати лирски опуси на современата шпанска поезија. Почнува со лириката на неопопуларизмот (Морнар на копно, 1924, Саканата, 1925, Зората на шебоите, 1925, За ангелите, 1928). Неговата поезија подоцна се свртува кон… Continue reading АЛБЕРТИ, Рафаел
АЛГОЛОШКА КОЛЕКЦИЈА
АЛГОЛОШКА КОЛЕКЦИЈА – колекција на алги во форма на хер-бариум, нативни примероци или трајни препарати, собрани од разни станишта во Република Македонија и од светот. Содржи повеќе од 3.000 примероци и над 8.000 дијатомолошки препарати. Збирката се чува на Катедрата за алгологија при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Св. К.
АЛЕКСА
АЛЕКСА – презвитер, еден од ктиторите на црквата „Св. Спас” во с. Добри Дол (Скопско). Заедно со презвитер Петко и со поповите Јован и Станко, како и со селаните од селото, во 1576 г. овозможил изградба и живописување на малата еднокорабна црква. ЛИТ.: Б. Видоевска, Црква „Св. Спас” с. Добри Дол – Скопско, „Зборник на… Continue reading АЛЕКСА
АЛЕКСАНДАР Ⅰ
АЛЕКСАНДАР Ⅰ (шАле´џандроз А´ À Филе´ллхноз Алеџандрос И Пхилхелленос / 498 г. пр.н.е. – 454 г. пр.н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади; постар син на Аминта И; владее во Долна Македонија од Олимп сћ до р. Струма (Стрѕмон) и во еден дел од Горна Македонија (Линкестида, Орестида, Елимеја); подоцна наречен „Филхелен” („Љубител на Хелените”).… Continue reading АЛЕКСАНДАР Ⅰ
АЛЕКСАНДАР Ⅱ
АЛЕКСАНДАР Ⅱ (шАле´џандроз Б´ ; Алеџандрос Ⅱ) (370–368 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите; најстар син на Аминта Ⅲ и на Евридика, брат на Пердика Ⅲ и на Филип Ⅱ; кове бронзени монети; воено се вклучува во внатрешните судири во Тесалија, ја освојува Лариса и поставува македонска војска во градот; убиен е во… Continue reading АЛЕКСАНДАР Ⅱ
АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски (Велики) (шАле´џандроз Г ; Алеџандер Магнус) (Пела, 356 г. пр.н.е. – Бабилон, 13. Ⅵ 323 пр.н.е.) – македонски цар (336–323 пр.н.е.) од династијата на Аргеадите, син на Филип Ⅱ и на Олимпијада, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го даваат прекарот „Магнус” –„Великиот освојувач на Светот”. Воспитуван во духот на Александар… Continue reading АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
АЛЕКСАНДАР Ⅳ
АЛЕКСАНДАР Ⅳ (Бабилон, 323 пр.н.е. – Амфипол, 310/9 пр.н.е.) – последниот македонски цар од македонската династија Аргеади, син на Александар Ⅲ Македонски и на Роксана (роден три месеци по смртта на татко му). Владее заедно со формалниот наследник, чичко му Филип Ⅲ Аридај, убиен во 317 г. По наредба на Касандар, Александар Ⅳ е убиен… Continue reading АЛЕКСАНДАР Ⅳ
АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Лореин, Њујорк, САД, 1924 – ?) – организација на Македонците доселеници, мнозинството по потекло од Ресенско и Долна Преспа. Почетната иницијатива за формирање на организацијата била дадена во март 1924 г., а во јуни веќе било свикано собрание, на кое биле поставени темелите на МПО „Александар Велики“. Сл. Н.-К.
АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Гери, Индијана, САД, 1927 – ?) – друштво на Македонци доселеници од Костурско, Леринско, Охридско и од други делови на Македонија во градот Гери и во блиските населени места. Развивало хумантирани и други дејности. Сл. Н.-К. Средновековна илустрација од „Александрида”
Александар Македонски
види АЛЕКСАНДАР Ⅲ Македонски
АЛЕКСАНДРИДА
АЛЕКСАНДРИДА (Роман за Александар) – популарен средновековен роман за Александар Ⅲ Македонски. Настанува веднаш по смртта на Александар; му се припишува на Псевдо-Калистен, кој на фантастичен начин раскажува за животот и подвизите на Александар Македонски. Зачувани се подоцнешни верзии преведени од грчки на латински, ерменски, коптски и на сириски јазик. Направени се голем број верзии… Continue reading АЛЕКСАНДРИДА
АЛЕКСАНДРИЈА
АЛЕКСАНДРИЈА – најголем и најзначаен град во Египет, изграден од Александар Ⅲ Македонски (331 пр.н.е.) на делтата на Нил по освојувањето на Египет за да ја овековечи својата слава. Границите на градот ги определил според македонскиот обичај, ги „исцртал” со брашно од јачмен во форма на машка наметка (хламида) што ја носеле Македонците на патување.… Continue reading АЛЕКСАНДРИЈА
АЛЕКСАНДРОВ, Тодор
АЛЕКСАНДРОВ, Тодор (Ново Село, Штипско, 4. Ⅲ 1881 – с. Сугарево, Мелничко, Пиринскиот дел на Македонија, 31. Ⅷ 1924) – еден од водачите на ВМРО. Завршил Педагошко училиште во Скопје (1898), кога и се вклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Се-ло и Штип, секретар на четата… Continue reading АЛЕКСАНДРОВ, Тодор
АЛЕКСАНДРОВСКИ, Томи
АЛЕКСАНДРОВСКИ, Томи (Скопје, 12. Ⅲ 1955) – професор по физичка култура, мечувалец. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1995). Бил член на Мечувачкиот клуб „Работнички” во Скопје. На јуниорските (1975–1978) и сениорските првенства на Југославија (1980– 1990) освоил 11 златни, 14 сребрени и 10 бронзени медали во поединечна и екипна конкуренција во меч, сабја… Continue reading АЛЕКСАНДРОВСКИ, Томи
АЛЕКСИЕВ, Александар
АЛЕКСИЕВ, Александар (Кочани, 28. Ⅷ 1929 – Скопје, 22. Ⅱ 2006) – универзитетски професор, поет, романсиер, критичар, книжевен историчар, театролог, преведувач. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Долгогодишен главен и одговорен уредник на списанието „Современост”, директор на Македонското радио и на Државниот архив на Македонија, професор на Факултетот за драмски уметности. Се пројавил со единствената стихозбирка… Continue reading АЛЕКСИЕВ, Александар
АЛЕКСИЕВ, Владислав
АЛЕКСИЕВ, Владислав (Солун, 1884 – Софија, 1962) – универзитетски професор, правник. Завршил класична гимназија во Битола. Одбранил докторат по правни науки во Лајпциг, Германија (1910). Бил наставник во гимназијата во Солун (1910-1912) и професор по словенско право на Правниот факултет во Софија (1928-1950). Внук од ќерка на Димитрија Миладинов. Св. ш.
АЛЕКСИЕВ, Методиј
АЛЕКСИЕВ, Методиј (Велес, 27. Ⅱ 1888 – Петрич, септември 1924) – македонски револуционер и активист во комунистичкото движење. Поборник за самостојна обединета Македонија; гемиџија, илинденец, четник на Сандански, комунист, член и секретар на Горноџумајскиот окружен партиски комитет на БКП, командир на одред во Септемвриското востание (1923), кога била создадена тридневната Разлошка Република. Поради македонските пројави… Continue reading АЛЕКСИЕВ, Методиј
АЛЕКСИЈ
АЛЕКСИЈ – протостратор, прв ктитор на малата црква изградена во 1095 г. посветена на св. Никола во с. Манастир (Мариово). Бил роднина на императорот Алексиј Комнен. Откако била урната малата црква (1266), чијшто ктитор бил Алексиј, на нејзино место игуменот Акакиј изградил преубава нова црква што опстојува до денеска. ЛИТ.: Д. Коцо – П. Миљковиќ-Пепек,… Continue reading АЛЕКСИЈ
АЛЕКСИЈ Ⅰ
АЛЕКСИЈ Ⅰ Комнин (1048–1118) – византиски император (1081– 1118), основач на династијата Комнини, претставник на военото благородништво. Војувал против Норманите, Печенезите, Ср-бите, Куманите и Селџуците во Мала Азија. Успеал да ја стабилизира Византија и да ја спаси од распаѓање. На внатрешен план, системот на пронии добил воен карактер, создал нова војска и флота. Населувал Печенези… Continue reading АЛЕКСИЈ Ⅰ