АРГИРОВ-КРЧОВАЛИЈАТА, Илија (с. Крчово, Демирхисарско, 1856 – с. Крчово, јули 1918) – деец на македонското националноослободително движење и војвода на ТМОРО. Учествувал во Кресненско-разлошкото востание (1878-1879) во четата на Стојан војвода, а потоа бил ајдутин во разни ајдутски дружини во Македонија. Се вклучил во ТМОРО (летото 1899) и станал војвода на првата чета на Организацијата… Continue reading АРГИРОВ-КРЧОВАЛИЈАТА, Илија
Tag: А
АРГИРОВ, Димитар
АРГИРОВ, Димитар (Мито) (с. Крчово, Демирхисарско, Серско, 1882 – с. Петрово, Демирхисарско, Серско, 25. XI 1936) – серски војвода. Син на познатиот Илија Крчовалијата. Завршил основно образование. До 1905 г. дејствувал во четата на војводата Јане Сандански. Потоа бил избран за самостоен војвода на чета што дејствувала главно во Серско. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 396,… Continue reading АРГИРОВ, Димитар
АРГИРОВСКИ, Драги
АРГИРОВСКИ, Драги (Куманово, 17. Ⅲ 1939) – новинар, публицист. Во Македонската телевизија бил од нејзините зачетоци (1960). Тој се потпишал на првиот телевизиски прилог на македонски јазик, емитуван на заедничката програма од Белградското студио. Работел како дописник од Куманово, уредник на Дописната редакција на „Вести” и како помошник-директор на МРТ за програмски прашања. Бил директор… Continue reading АРГИРОВСКИ, Драги
АРГОС
АРГОС (Аргос) – антички македонски град во Пајонија кај с. Водоврати (Видин Град) јужно од Велес, спомнуван во изворите од Хиерокле (Хиер. 641, 3) кој го сместува во римската провинција Мацедониа Сецунда, меѓу градовите Стоби и Астраион. Според еден натпис од Лете покрај градот во 119 год. пр.н.е. се одвивала борбата помеѓу Римјаните и Келтите.… Continue reading АРГОС
АРЕАЛНА ЛИНГВИСТИКА
АРЕАЛНА ЛИНГВИСТИКА -. лингвистичка дисциплина што го проучува влијанието на факторот простор во животот и еволуцијата на јазикот. Ареалната лингвистика ги истражува промените во структурата на јазикот никнати како резултат на неговите просторни контакти со други јазици, како на дијалектното, така и на стандардното ниво. Во интересот на ареалната лингвистика спаѓаат појавите како: лингвистичката интерференција,… Continue reading АРЕАЛНА ЛИНГВИСТИКА
АРЕВ, Илија
АРЕВ, Илија (Штип, 3. XI 1914 – Штип, 12. Ⅰ 1977) – актер и режисер на Народниот театар од Штип. Беше повеќе пати управник на театарот и еден од неговите основачи. Улоги: Јеротие Народниот театар во Штип („Сомнително лице”), Аџи Трајко („Бегалка”), Чибуткин („Три сестри”), Војницки („Вујко Вања”) и др. Режии: „Татко”, „Македонска крвава свадба”,… Continue reading АРЕВ, Илија
АРИЈАН, Флавиј
АРИЈАН, Флавиј (Флавиус Арианус) (Никомедија, ок. 95 г. пр.н.е. – 175 пр.н.е.) – автор на филозофски и историски дела и на патеписи. Во главното негово дело „Александровата Анабаса” (напишано од 166 до 168 г. пр.н.е.) е запишана (врз основа на историски извори) историјата на походот на Александар Македонски. Како продолжение на ова дело ја пишува… Continue reading АРИЈАН, Флавиј
АРИЈАНСТВО
АРИЈАНСТВО – учење на свештеникот Ариј (ок. 260–336) од Александрија, христијанска секта што го прифатила и го ширела неговото учење. Аријанството ја одрекувало истоветноста и еднаквоста на Бог–Отец и Бог–Син, односно ја одрекувало божествената природа на Исус Христос, дека Исус Христос, синот божји, бил само сличен на татко му, но не бил ист и еднаков… Continue reading АРИЈАНСТВО
АРИСТОБУЛ од Касандреја
АРИСТОБУЛ од Касандреја – војководец на Александар Македонски. Напишал (по 301 г. пр.н.е.) историја на војните на Александар, дело (кое не е зачувано) со апологетски карактер, веродостоен извор за понатамошните Александрови анабаси (Аријан, Аристобул и Птолемај). ЛИТ.: Арриан, Хисторѕ оф Алеџандер, Лоеб Цлассицал Лѕбрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје,… Continue reading АРИСТОБУЛ од Касандреја
АРИСТОТЕЛ
АРИСТОТЕЛ (Стагира на Халкидик, 384 пр.н.е. – Халкис, Евбоја, 322/1 пр.н.е.) – филозоф што застапува цели области духовност, филозофија и наука. Расне во Пела, во престолнината на македонските кралеви, живее на дворот на македонскиот крал Аминта (татко му Никомах е дворски лекар), другарува со кралот Филип Ⅱ Македонски, учител му е на Александар Македонски; пријател… Continue reading АРИСТОТЕЛ
АРИФИ, Ариф
АРИФИ, Ариф (с. Липково, Кумановско, 15. Ⅵ 1935) – политички деец. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител и директор на основно училиште, претседател на Општинската конференција на ССРНМ во Куманово, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ и во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1970) и член… Continue reading АРИФИ, Ариф
АРИФИ, Теута
АРИФИ, Теута (Теута Арифи) (Тетово, 1969) – унив. професор, политичар и пратеник. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност” на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како… Continue reading АРИФИ, Теута
АРЈЕ, Јосеф
АРЈЕ, Јосеф (?– Скопје, 1936) – Евреин, банкар во Скопје. Бил сопственик на банката „Вардар”, претседател на Еврејската заедница во Скопје (1936). Иако немал разбирање за ционизмот, бил познат како голем донатор за помош на многу организации и установи, независно дали биле еврејски или не. Особено се залагал за помош на сиромашните. ЛИТ.: Зени Лебл,… Continue reading АРЈЕ, Јосеф
АРМ
АРМ“. В. Ст. Киро Стојаноски СТОЈАНОСКИ, Киро Владов
АРНАУДОВ, Милуш
АРНАУДОВ, Милуш (Галичник, втората половина на ⅩⅠⅩ в.) – зограф од родот Арнаудовци, кој од Галичник се преселил во с. Каракој кај Неврокоп. Во соработка со локалниот резбар Јосиф Петров и неговиот син Илија Јосифов, во околината изработувал икони. М. А. го обучил и својот син Леонтиј (Левчо), кој се преселил во Дупница и таму… Continue reading АРНАУДОВ, Милуш
АРНАУДОВ, Михаил
АРНАУДОВ, Михаил (Русе, 1878 – Софија, 1978) – истакнат бугарски научник – фолклорист, етнограф, литературен историчар, културолог, теоретичар. По машка лоза води потекло од Македонија (с. Вратница, Тетовско). Мошне плоден автор. Меѓу бројните негови студии, монографии, истражувања и огледи видно место заземаат монографијата за Миладиновци (1943 и 1969) и големата студија за Стефан Верковиќ и… Continue reading АРНАУДОВ, Михаил
АРНАУДОВ, Наум
АРНАУДОВ, Наум (Охрид, 2. Ⅰ 1876 – Софија, 1. Ⅷ 1941) – учител, член на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје. Бил учител во Битола, Солун, Охрид, Воден, Неврокоп и на други места. Во текот на 1905 г. станал член на Окружниот револуционерен комитет во Битола како претставник на Охридската околија. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф.… Continue reading АРНАУДОВ, Наум
АРНАУДОВА, Виолета Виданова
АРНАУДОВА, Виолета Виданова (Скопје, 22. Ⅴ 1956) – психолог, универзитетски професор. Сту-Виолета Арнаудова дии по психологија завршува на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), каде што и магистрира (1986) и докторира (1995). Изведува настава по предметите: Општа психологија, Психологија и Психологија на креативноста, за студентите од Филозофскиот факултет и од Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил… Continue reading АРНАУДОВА, Виолета Виданова
АРНАУДОВСКИ, Љупчо
АРНАУДОВСКИ, Љупчо (Охрид, 16. Ⅲ 1931) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975). Работел како виш… Continue reading АРНАУДОВСКИ, Љупчо
АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА
АРОМАТИЧНИ РАСТЕНИЈА – растенија што во своите плодови, стебла, цветови или лисја, содржат етерични (испарливи) масла. Позначајни ароматични растенија се: бел синап (Синапис алба Л.); феникулум (разијан, морач, коморач) (Поеницулум оффицинале Л.); анасон (анис) (Пимпинелла анисум Л.); лута мента (Ментха пиперита Л.); ориган (риган) (Ориганум вулгаре Л.). П. Ив.
АРСЕНИЈ Ⅱ
АРСЕНИЈ Ⅱ (Охрид, ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Света Гора, ?) – последниот охридски архиепископ (1763 – 16. Ⅰ 1767). Потекнувал од семејството Баласчеви од Охрид. Бил наклеветен пред Портата од вселенскиот патријарх Самоил Ханџера дека одржувал врски со Венеција и со Русија и дека е нивен шпион. За да се одбрани себеси и да ја одржи… Continue reading АРСЕНИЈ Ⅱ
АРСЕНОВ, Арсен
АРСЕНОВ, Арсен (Павлешенци, 1. Ⅴ 1947) – ред. проф., раководител на Институтот за ЕЦРП, продекан на ЕТФ во Скопје. Автор/коавтор на повеќе трудови во зборници од меѓународни и домашни собири, во стручни списанија, студии, анализи, НИП и АП. Хонорарен професор на ТФ во Битола, ТФ во Приштина и на Електронскиот факултет во Ниш. Автор на… Continue reading АРСЕНОВ, Арсен
АРСИЌ, Богољуб
АРСИЌ, Богољуб (Волковија, Тетовско, 2. Ⅶ 1914 – Белград, 25. Ⅶ 1999) – полковник, спец. епидемиолог, унив. професор. Мед. ф. завршил во Белград, каде што и докторирал (1962). Учесник во НОБ од 1944. Како воен лекар работи во Скопје и Сараево, а од 1962 г. на ВМА. Заклучоците од докторатот се преземени како доктринарни ставови… Continue reading АРСИЌ, Богољуб
Арсов
Арсов (с. Смојмирово, Берово, 9. Ⅸ 1938 – Скопје, 22. Ⅹ 2001) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1984). Дипломирал на ПМФ (1961), магистрирал во Белград (1971), бил на специјализација во Тибинген, Германија (1972/73), а докторирал на ПМФ (1974) со темата „За некои класи штајнерови системи“. Публикувал научни трудови од областа на геометријата и алгебрата,… Continue reading Арсов