АРНАУДОВ, Наум

АРНАУДОВ, Наум (Охрид, 2. Ⅰ 1876 – Софија, 1. Ⅷ 1941) – учител, член на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје. Бил учител во Битола, Солун, Охрид, Воден, Неврокоп и на други места. Во текот на 1905 г. станал член на Окружниот револуционерен комитет во Битола како претставник на Охридската околија. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 953, оп. 1, а.е. 93, л. 6; Т. Николов, Спомени из моето минало, Софи®, 1989. Ал. Тр.