АНГЕЛОВ, Александар (Крива Паланка, 25. Ⅹ 1931 – Скопје, 23. Ⅹ 2000) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978–1996) по предмети од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и теоријата на конструкциите. Завршил Градежен факултет во Скопје, каде што ја одбранил и докторската дисертација (1973). Специјализирал во Москва и… Continue reading АНГЕЛОВ, Александар
Tag: А
АНГЕЛОВ, Димитар Ташов
АНГЕЛОВ, Димитар Ташов (Димката Габерот) (с. Ваташа, Кавадаречко, 14. Ⅹ 1916 – месноста Клинска Леса, Кавадаречко, 10. Ⅵ 1943) – учител, деец на комунистичкото движење и еден од организаторите на Народноослободителното движење во Тиквешијата, воен раководител. Завршил учителска школа во Белград, Заечар и Неготин Краина. Бил член на МК на КПЈ во Кавадарци (1940). Извесно… Continue reading АНГЕЛОВ, Димитар Ташов
АНГЕЛОВ, Иван
АНГЕЛОВ, Иван (с. Радово, Струмичко, 28. Ⅶ 1941) – ботаничар, унив. професор и државник. Дипломирал на Земјоделскошумарскиот факултет (Оддел за земјоделие) во Скопје (1964), магистрирал на темата „Испитување на факултативноста кај некои домашни и странски сорти пченица кај нас” (1972) и докторирал на темата „Наследување на некои квантитативни особини при крстосувањето на пченицата (Три ти… Continue reading АНГЕЛОВ, Иван
АНГЕЛОВ, Трајче
АНГЕЛОВ, Трајче (Велес, 9. Ⅷ 1945) – астрофизичар, ред. проф. (1996) по Ѕвездена астрономија и Структура и еволуција на ѕвездите на Мат. фак. во Белград. Завршил астрофизика на ПМФ во Белград (1969). Таму магистрирал (1972) и докторирал (1981) со теми за ѕвездите во стадиум на водородни реакции, односно со Теоријата за ѕвездените обвивки. Ја истражува… Continue reading АНГЕЛОВ, Трајче
АНГЕЛОВСКИ-ГАРЕФИ, Атанас
АНГЕЛОВСКИ-ГАРЕФИ, Атанас (с. Лобаница, Костурско, 1925) – припадник на Македонското националноослободително движење (НОД) во Егејскиот дел на Македонија, комунистичко движење. Во Граѓанската војна бил командант на Републиканската армија на Грција (ДАГ). По поразот на ДАГ (1949) емигрирал во СССР. Во 1963 г. се вратил во СРМ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, В, 1948. Редакција д-р… Continue reading АНГЕЛОВСКИ-ГАРЕФИ, Атанас
АНГЕЛОВСКИ, Ангел
АНГЕЛОВСКИ, Ангел (Дебар, 8. Ⅹ 1930 – Скопје, 19. IX 1992) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1981) по предметите Хидраулика со хидрологија и Речна хидротехника. Докторска дисертација од областа на хидрауликата одбранил во Скопје (1980). Објавил повеќе трудови, меѓу кои и учебниците „Основи на хидрауликата” (1987) и „Хидраулика” (1990). Тој… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Ангел
АНГЕЛОВСКИ, Благој
АНГЕЛОВСКИ, Благој (Битола, 24. Ⅹ 1947 – Скопје, 20. Ⅷ 2000) – трубач. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Бел-град (1971), а специјализацијата ја завршува во Париз, во класата на прочуениот француски трубач и педагог Морис Андре. Станува прв трубач на Симфонискиот оркестар на Радио-телевизија Бел-град (1973-1993), а потоа, до својата смрт, се наоѓа… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Благој
АНГЕЛОВСКИ, Владимир
АНГЕЛОВСКИ, Владимир (Дади) (Скопје, 22. Ⅴ 1946) – актер во Драмскиот театар од 1967 г. Особено се истакнува како толкувач на ликови во комедии и претстави за деца, како на театарската сцена така и во ТВ серии и емисии. Улоги: Ход де Болт („Две врчви вода”); Пејо („Солунски патрдии”); Јанкула („Јане Задрогаз”). Чест гостин е… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Владимир
АНГЕЛОВСКИ, Лазо
АНГЕЛОВСКИ, Лазо (с. Граждано, Леринско, 1925 – Лерин, 1948) – деец на македонското национално движење. Еден од организаторите на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Основно и средно образование завршил на грчки јазик. Во 1944 г. во Битола завршил курс по македонски јазик. Во 1947 г. се вратил… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Лазо
АНГЕЛОВСКИ, Никола
АНГЕЛОВСКИ, Никола (Коле) (Скопје, 14. Ⅲ 1943) – драмски и филмски актер и режисер. Дипломирал на Отсекот за глума на Театарската академија во Белград. Во Драмскиот театар е од 1968 г. Се истакнува со реализации во драмски и филмски комедии, а поНикола (Коле) Ангеловски себен интерес покажува за режии на претстави за деца што имаат… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Никола
АНГЕЛОВСКИ, Петар
АНГЕЛОВСКИ, Петар (с. Луково, Кратовско, 16. IX 1943 – Скопје, 1999) – хидробиолог. Основното образование го завршил во Злетово, а средното во Струмица. Во 1964 г. се запишал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што дипломирал (1968). Истата година е избран за асистент. Магистрирал во 1976 г., а докторирал во 1980 г., кога е избран… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Петар
АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев
АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев (Тошо Даскалот) (псевд. Строгов) (с. Лавци, Битолско, 16. Ⅶ Тодор Ангеловски (Тошо Даскалот) 1908 – с. Лавци, 12. Ⅵ 1943) – учител, комунистички деец, еден од организаторите и раководителите на НОД во Битолско. Како член на КПЈ (1937), бил член на МК на КПЈ за Битола (1939). Како резервен поручник на Кралството… Continue reading АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев
АНГЕЛЦИ
АНГЕЛЦИ . современа селска населба, 7 км југозападно од Струмица. Во археолошката литература е позната по неолитската населба Страната, откриена со ископувањата во 1985 г. Во културниот слој од 1,80 м биле откриени архитектонски и други остатоци од двослојна населба од времето на доцниот неолит. Карактерот на наодите ја поврзуваат со населбите во долината на… Continue reading АНГЕЛЦИ
АНГЛИСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ
АНГЛИСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (септември 1943 – 24. Ⅵ 1945). Во септември 1943 г. британската Служба за специјални операции (СОЕ) испратила две воени мисии на територијата на Македонија што требало да се придружат на Гш на НОВ и ПО на Македонија во Црвена Вода. Првата мисија, со кодирано име… Continue reading АНГЛИСКА ВОЕНА МИСИЈА ПРИ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ
АНДАЈ, Мелих Џевдет
АНДАЈ, Мелих Џевдет (Мелих Çевдет Анадаѕ) (Истанбул, 1920– 2000) – познат поет, романсиер, драмски автор, преведувач во Република Турција. Бил професионален новинар и колумнист во најтиражниот весник „Џумхуриет”. Бил познат публицист и професор по естетика на Државниот универзитет за театар во Истанбул. Чест гостин на културните манифестации одржани во РМ. Почесен член на ДПМ. БИБ.:… Continue reading АНДАЈ, Мелих Џевдет
АНДАРТИ
АНДАРТИ (крајот на ⅩⅠⅩ – поч. ⅩⅩ в.) – вооружени чети формирани во Грција (од Грци од Крит, од грчката држава и мал дел од Македонија) и уфрлувани во Македонија за наметнување на грчко влијание со тероризирање на македонското православно население. Биле организирани од пангрчки организации поддржувани од грчката Влада и од Цариградската патријаршија, упатувани… Continue reading АНДАРТИ
АНДЕРСОН-СТОЈАНОВИЌ, Вирџинија
АНДЕРСОН-СТОЈАНОВИЌ, Вирџинија (Виргиниа Андерсон-Стојановиц) (Портланд, САД, 1945) – археолог, специјалист за римска керамика. Студирала на Универзитетот во Вашингтон, а докторирала (1977) на Универзитетот Тексас во Остин (за доцнохеленистичката и раноримската керамика од Стоби). Од 1970 до 1981 г. била член на Американско-македонската екипа, за истражување на Стоби. Учествувала и во други истражувања во Грција и… Continue reading АНДЕРСОН-СТОЈАНОВИЌ, Вирџинија
АНДОВ, Стојан
АНДОВ, Стојан (Кавадарци, 30. XI 1935) – економист, политичар, публицист и романсиер, прв претседател на плуралистичкото Собрание на Република Македонија . Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дип-Стојан Андов ломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1972). Бил секретар на Средношколскиот и на Општинскиот… Continue reading АНДОВ, Стојан
АНДОНОВ-ПОЛЈАНСКИ, Христо
АНДОНОВ-ПОЛЈАНСКИ, Христо (Дојран, 21. IX 1927 – Скопје, 7. Ⅹ 1985) – историчар и унив. про-Христо Андонов Полјански фесор. Основното и средното образование и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Бил избран за асистент на Катедрата за историја (1953), докторирал (1958), бил избран за доцент (1959), за вонреден професор (1966), а потоа за… Continue reading АНДОНОВ-ПОЛЈАНСКИ, Христо
АНДОНОВ-РЕГАН, Јован
АНДОНОВ-РЕГАН, Јован (Пехчево, 15. Ⅷ 1940) – електроинженер, стопанственик и политичар. Дипломирал на Електротехничкиот факултет (слаба струја) во Загреб (1963). Како стопанственик, бил управник на Погон за мерно регулациона техника и телекомуникација, главен инженер и помошник директор на ООЗТ за слаба струја во Рудници и железарница „Скопје” (1964-1973), в.д. и технички директор на РО „Хемтекс”… Continue reading АНДОНОВ-РЕГАН, Јован
АНДОНОВ, Дичо
АНДОНОВ, Дичо (с. Лобаница, Костурско, 1882 – с. Смрдеш, Костурско, 31. Ⅴ 1903) – костурски реонски војвода. Завршил петти клас во Битолската егзархиска гимназија, кога станал член на МРО. Од 1901 г. е нелегален, а од 1903 г. назначен за реонски војвода. Во познатите борби при месноста Локвата и Вињари (крајот наⅤ1903), заобиколен од османлиската… Continue reading АНДОНОВ, Дичо
АНДОНОВА, Македонка
АНДОНОВА, Македонка (Скопје, 16. Ⅷ 1944) – керамичарка, дизајнерка и професорка. Дипломирала на Академијата за применета уметност во Белград. Дизајнирала стакло и порцелан за индустриски потреби. Предава на Македонка Андонова, „Трансформација” Факултетот за ликовна уметност и на Училиштето за применета уметност во Скопје. Работи уникатна керамика, скулптура и дизајн. Излагала самостојно и на групни изложби.… Continue reading АНДОНОВА, Македонка
АНДОНОВСКИ, Венко
АНДОНОВСКИ, Венко (Куманово, 30. Ⅴ 1964) – поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, критичар, публицист, преведувач, колумнист, антологичар, универзитетски професор. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Постдипломски студии по македонска и хрватска книжевност завршил во Скопје и Загреб. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што… Continue reading АНДОНОВСКИ, Венко
АНДОНОВСКИ, Верољуб
АНДОНОВСКИ, Верољуб (Куманово, 22. Ⅰ 1938 – Скопје, 16. Ⅹ 1998) – новинар и публицист. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Уште како студент се вработил како новинар во в. „Нова Македонија“ (1960), каде што го минал сиот работен век од соработник… Continue reading АНДОНОВСКИ, Верољуб