АНГЕЛОВСКИ, Благој

АНГЕЛОВСКИ, Благој (Битола, 24. Ⅹ 1947 – Скопје, 20. Ⅷ 2000) – трубач. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Бел-град (1971), а специјализацијата ја завршува во Париз, во класата на прочуениот француски трубач и педагог Морис Андре. Станува прв трубач на Симфонискиот оркестар на Радио-телевизија Бел-град (1973-1993), а потоа, до својата смрт, се наоѓа на местото професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Виртуозен репродуктивец во повеќе музички жанрови, од сериозната музика, преку џезот, до забавната и попмузиката. Концертирал во музичките центри на поранешните југословенски простори, како и во повеќе европски земји. Б. Орт. Владимир Ангеловски-Дади