ЃУЗЕЛЕВ, Димитар Христов

ЃУЗЕЛЕВ, Димитар Христов (Дојран, 10. Ⅰ 1903 – Скопје, 1945) – филозоф, гимназиски учител и политички деец. Основно образование завршил во родниот град, гимназија во Штип, а Филозофски факултет (Група филозофија) на Филозофскиот факултет во Скопје, клон на Белградскиот универзитет. Бил еден од основачите на Македонската младешка тајна револуционерна организација во Скопје. На Скопскиот студентски… Continue reading ЃУЗЕЛЕВ, Димитар Христов

ЃУКНИЌ, Никола Сретенов

ЃУКНИЌ, Никола Сретенов (Кралево, Србија, 1. IX 1887 – Ниш, Србија, 27. Ⅵ 1972) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Ниш. Мед. ф. завршил во Бордо (1922), а специјализација во 1926 г. Примариус е од 1936. Од 1931 до 1941 г. бил шеф на Хируршкиот и Гинеколошкиот оддел во ББ во Скопје, кои… Continue reading ЃУКНИЌ, Никола Сретенов

ЃУЛХАНСКИ ХАТИШЕРИФ

ЃУЛХАНСКИ ХАТИШЕРИФ (1839 г.) – акт на султанот Абдул Меџит со кој биле промовирани реформите во Османлиската Империја. Се гарантирала сигурност на животот, честа и сопственоста на сите поданици, верската и политичката рамноправност на сите граѓани, без разлика на нивната верска и народносна припадност, укинување на сите феудални воени формации, се дозволувала изградба на нови… Continue reading ЃУЛХАНСКИ ХАТИШЕРИФ

ЃУРА, Џеладин

ЃУРА, Џеладин (с. шипковица, Тетовско, ?) – учител, министер за култура на Албанија (1980). По Ослободувањето бил учител и началник за култура и просвета во Тетово. Потоа емигрирал во Албанија (1948), каде што минал специјална обука на Сигурими, во логор во околината на Тирана. Подоцна, со група од 18 диверзанти бил уфрлен во Македонија и… Continue reading ЃУРА, Џеладин

ЃУРАНЕЦ, Марио

ЃУРАНЕЦ, Марио (Загреб, 31. Ⅶ 1907 – Загреб, 7. Ⅰ 2004) – оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Во текот на својот ангажман во МНТ (1957–1965) остварил повеќе од 10 главни улоги од кои позначајни се: Радамес (Аида), Марио Каварадоси (Тоска), Самсон (Самсон и Далила), Манрико (Трубадур), Флорестан (Фиделио), Отело, Дон Карлос, Едгардо… Continue reading ЃУРАНЕЦ, Марио

ЃУРЃЕВ, Бранислав

ЃУРЃЕВ, Бранислав (Сремски Карловци, Војводина, 4. Ⅷ 1908 – Нови Сад, 26. Ⅱ 1993) – историчар и османист, редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите и член на МАНУ надвор од работниот состав (25. Ⅻ 1969). Како студент по историја и ориентална филологија на Филозофскиот факултет во Белград, бил член на КПЈ (1929)… Continue reading ЃУРЃЕВ, Бранислав

ЃУРЃИЦ

ЃУРЃИЦ -. христијански православен празник, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (16/3 XI). Бидејќи Ѓурѓовден (6 В/23 Ⅳ) е во пролет, кога празниците не се празнуваат со домашни служби, со името на св. Георгиј има уште два празника во есен: Ѓурѓиц (16/3 XI) и св. Ѓорѓи посен (9. Ⅻ/26. XI). Овој празник е востановен во… Continue reading ЃУРЃИЦ

ЃУРЃОВДЕН

ЃУРЃОВДЕН -. христијански православен празник, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (6. В/23. ИВ). Се смета за најголем пролетен празник. Го празнува не само христијанското, туку и другото население во Македонија, бидејќи во неговата основа е некој постар претхристијански празник на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Празникот е исполнет со разни… Continue reading ЃУРЃОВДЕН

ЃУРЃОВДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ЃУРЃОВДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. календарски обредни песни што се пеат на Ѓурѓовден или непосредно пред празникот и се поврзани со тие обреди. Тоа се песни посветени на билките, оживувањето на природата и сл., кои подоцна попримиле и христијански обележја. Некои песни се однесуваат на берењето билки и на обредното крмење на стоката: Ајде на билје,… Continue reading ЃУРЃОВДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ЃУРИЌ, Воислав Ј

ЃУРИЌ, Воислав Ј. (Велика Писаница кај Бјеловар, Хрватска, 25. Ⅱ 1925 – Белград, 1996) – академик, еден од најголемите истражувачи на уметноста на византискиот стил. Во прво време се занимавал со сликарството со готички и со ренесансни елементи во Црногорското приморје и во Дубровник, но по 1958 г. речиси целосно се посветува на проучувањето на… Continue reading ЃУРИЌ, Воислав Ј

ЃУРИШТЕ ПРЕОД

ЃУРИШТЕ – ПРЕОД -. манастир на 10 км северозападно од Свети Николе, сместен на Градишка Планина. Во средниот век на овој ареал се претпоставува дека бил лоциран градот Коритос, како и дворецот на Јован Оливер, и тоа кај соседните села Трстеник и Крушица. Црквата во Ѓуриште е посветена на Св. Богородица, спомнувана и во средновековните… Continue reading ЃУРИШТЕ ПРЕОД

ЃУРКОВ, Јордан

ЃУРКОВ, Јордан (Штип, 13. Х 1891 – Софија, 8. Ⅱ 1931) – припадник на ВМРО. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Во Балканските војни учествувал како доброволец во Македонско-одринското ополчение, во Првата светска војна како потпоручник во Македонскиот полк. По војната ја напуштил воената служба, се вклучил во ВМРО и бил во раководството на Македонското студентско… Continue reading ЃУРКОВ, Јордан

ЃУРОВСКИ, Милко

ЃУРОВСКИ, Милко (с. Жилче, Тетовско, 26. Ⅰ 1963) – фудбалер. Бил фудбалер на ФК „Црвена звезда” и „Партизан” од Белград. Играл за младинската и сениорската репрезентација на ЈугослаМилко Ѓуровски вија. Во составот на Олимписката репрезентација на Југославија, на Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил бронзен медал. По осамостојувањето (1991) настапил неколку пати и… Continue reading ЃУРОВСКИ, Милко

ЃУРЧИНОВ, Александар

ЃУРЧИНОВ, Александар (Ацо) (Скопје, 30. Ⅰ 1934) – филмски режисер и сценарист. Дипломира историја на уметноста во Белград (1962). Долги години се занимава со киноаматеризам. Првиот професионален ангажман на филм го добива во 1958 г., како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски” на режисерот Вилијам Дитерле. Од 1964 г. работи на документарен филм. Бил… Continue reading ЃУРЧИНОВ, Александар

ЃУРЧИНОВ, Милан

ЃУРЧИНОВ, Милан (Белград, 28. Ⅵ 1928) – есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, антологичар. Член е на МАНУ од 1988 год. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор е по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на Катедрата за славистика и основач и раководител на Катедрата за компаративна книжевност. Бил член на… Continue reading ЃУРЧИНОВ, Милан