ЃУРЧИНОВ, Александар

ЃУРЧИНОВ, Александар (Ацо) (Скопје, 30. Ⅰ 1934) – филмски режисер и сценарист. Дипломира историја на уметноста во Белград (1962). Долги години се занимава со киноаматеризам. Првиот професионален ангажман на филм го добива во 1958 г., како асистент по режија во копродукцискиот филм „Дубровски” на режисерот Вилијам Дитерле. Од 1964 г. работи на документарен филм. Бил асистент и помошник на повеќе познати режисери. За својот единствен игран филм „Исправи се Делфина” (1977) ја добива Бронзената арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула. Иг. Ст.