КАЛАЈЏИЕВ, Христо Константинов

КАЛАЈЏИЕВ, Христо Константинов (Ениџе-Вардарско, 28. Ⅷ 1886 – Софија, 26. Ⅳ 1964) – раководен деец на македонското револуционерно движење и на БКП. Во 1919 г. бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската… Continue reading КАЛАЈЏИЕВ, Христо Константинов

КАЛАЈЏИЕВСКИ, Круме Панчев

КАЛАЈЏИЕВСКИ, Круме Панчев (Скопје, 28. Ⅰ 1934) – редовен професор (1994) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1957), магистрирал (1978) и докторирал (1983) на ПМФ во Скопје. Изведувал настава (за студенти од ПМФ и од Фармацевтскиот факултет) по предметите Аналитичка хемија, Инструментална хемија и Современи електроаналитички методи. Научната работа му е фокусирана врз електроаналитичките методи,… Continue reading КАЛАЈЏИЕВСКИ, Круме Панчев

КАЛАЈЏИСКИ-ДОБРИ, Лазар

КАЛАЈЏИСКИ-ДОБРИ, Лазар (Неготино, 25. Ⅲ 1913 – Скопје, 6. Ⅻ 1987) – комунистички деец, воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА. Како активист на работничкото движење (1935), бил примен за член на КПЈ (ноември 1939) и секретар на Партиското поверенство на КП во Неготино (август 1940). Во НОАВМ бил секретар на МК на КПЈ… Continue reading КАЛАЈЏИСКИ-ДОБРИ, Лазар

КАЛАМАРАС, Ефтим Георгиос

КАЛАМАРАС, Ефтим Георгиос (Скопје, 15. Ⅲ 1927 – Скопје, 28. Ⅻ 2003) – гинеколог-акушер, основоположник на ехо-дијагностиката, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1952), а специјализирал гинекологија и акушерство на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (1957). Хабилитирал и се усовршувал во многу центри во Европа. Посебно се занимавал Ефтим… Continue reading КАЛАМАРАС, Ефтим Георгиос

КАЛАМАТИЈА, Мијалче

КАЛАМАТИЈА, Мијалче (Штип, 12. Ⅳ 1896 – Грција, ?) – трговец, пратеник во Народното собрание на Кралството на СХС /Југославија. Приврзаник на режимот. Во 1923 г. бил избран за претседател на Здружението за борба против „бугарските бандити”. За народен пратеник бил избран во 1927, 1931, 1935 и 1938, а за сенатор во 1939 г. Бил… Continue reading КАЛАМАТИЈА, Мијалче

КАЛАПЧИЕВ, Никола

КАЛАПЧИЕВ, Никола (Горна Џумаја, 12. Ⅴ 1924 – Горна Џумаја, 6. Ⅴ 1942) – македонски револуционер, комунист. Организационен секретар на Окружниот комитет на РП. Близок соработник на Никола Вапцаров и на членовите на МЛК во Софија (1936–1938). Бил Никола Калапчиев уапсен и осуден на 7 години затвор (1938), а потоа ослободен (1940). Бил член на… Continue reading КАЛАПЧИЕВ, Никола

КАЛАТА

КАЛАТА .-(с. Дулица, Делчевско) – доцноантичко утврдување на висок, стрмен рид на утоката на Каменичка Река во р. Брегалница. Сочувани се силните бедеми и остатоци од камени градби. На локалитетот Керамидница е откриена еднокорабна црква со синтронос, нартекс, ексонартекс и атриум, како и некропола од средниот век. Во 1967/68 на оддалеченост од 500 м по… Continue reading КАЛАТА

КАЛАУЗИ, Јован Атанасов

КАЛАУЗИ, Јован Атанасов (Битола, 29. Ⅹ 1919 – Битола, 3. IX 1989) – интернист. Дипломирал (1949) и специјализирал интерна медицина (1954) во Белград, а работел во Битола. Во 1957/58 г. престојувал во Париз. На 16. Ⅱ 1972 г., во Коронарната единица на Интерното одделение за прв пат во Македонија применил интернистичка дефибрилација со ДЦ електрошок… Continue reading КАЛАУЗИ, Јован Атанасов

КАЛДРМА

КАЛДРМА (Заград) – некропола кај Прилеп од која се истражени 35 гроба. Гробовите во најголем број се плитко вкопани овални гробни јами оградени со кршен камен, а поретко со камени плочи. Некрополата е од типот на рамни некрополи со изгорени покојници и богат гробен инвентар што се состои од керамички садови, бронзени фибули и белегзии,… Continue reading КАЛДРМА

КАЛДРМА

КАЛДРМА (Радожда) – дел од римскиот пат Виа Егнатиа западно од селото што води кон граничниот премин ќафасан кон РА. Трасата е поплочена со камени блокови и со грижливо изведени рабови, чија ширина изнесува 2,5–5 м. Патот е зачуван во должина од 200 м со прекини; тој се наоѓа на делницата помеѓу станиците Патра (Патра)… Continue reading КАЛДРМА

КАЛДРМА

КАЛДРМА (Заград) – некропола кај Прилеп од која се истражени 35 гроба. Гробовите во најголем број се плитко вкопани овални гробни јами оградени со кршен камен, а поретко со камени плочи. Некрополата е од типот на рамни некрополи со изгорени покојници и богат гробен инвентар што се состои од керамички садови, бронзени фибули и белегзии,… Continue reading КАЛДРМА

КАЛДРМА

КАЛДРМА (Радожда) – дел од римскиот пат Виа Егнатиа западно од селото што води кон граничниот премин ќафасан кон РА. Трасата е поплочена со камени блокови и со грижливо изведени рабови, чија ширина изнесува 2,5–5 м. Патот е зачуван во должина од 200 м со прекини; тој се наоѓа на делницата помеѓу станиците Патра (Патра)… Continue reading КАЛДРМА

КАЛЕ

КАЛЕ (СКОЈЕ) – тврдина лоцирана на најјужниот сегмент на ридскиот венец долж левиот брег на реката Вардар. Локалитетот содржи милениумски наталожена историја од праисторијата до 1963, кога современите активни градби се настрадани во катастрофалниот земјотрес. Истражувањата во 1967 г. (при расчистувањето на урнатините) биле изведени на површина од над 3500 м² и на места констатирале… Continue reading КАЛЕ

КАЛЕ

КАЛЕ (Стрежево кај Битола, познато и како Габаловци, Ⅵ в.) – утврдена населба што се простира врз доминантна тераса на десниот брег на реката шемница, чија долина обилува со траги од експлоатација на железна руда. Тука минувал пат што ја поврзувал рудоносната област со Демир Хисар и егнацискиот пат. При изведбата на хидромелиоративниот систем Стрежево,… Continue reading КАЛЕ

КАЛЕМЕЊЕ

КАЛЕМЕЊЕ – вештина што се практикувала уште кај најстарите народи (Феникијци, Грци, Римјани, Кинези). Има голем број начини на калемење, со разни модификации. При калемењето е важно да се спојат камбијалните ткива на подлогата и на калемот. На пресеците камбијалните клетки се делат и создаваат калус – ткиво со недиференцирани паренхимски клетки. По нивното спојување… Continue reading КАЛЕМЕЊЕ

КАЛЕНДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

КАЛЕНДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. обредни лирски народни песни, поврзани со одредени празници од годишниот календар. Најбројни се песните што ги придружуваат обредите со зимските и пролетните празнувања. Иако оставаат впечаток и коледарските, и божиќните, и василичарските песни, сепак со својата бројност и мотивска разновидност највпечатливи се водичарските, лазарските и ѓурѓовденските песни. Водичарските и лазарските песни… Continue reading КАЛЕНДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

КАЛЕШИ, Ахмед Хасан

КАЛЕШИ, Ахмед Хасан (Ахмед Хасан Калесхи) (с. Србица, Кичевско, 7. Ⅲ 1922 – Белград, 1976) – унив. професор, ориенталист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. За време на Втората светска војна работел како преведувач. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на одделот Ориенталистика и… Continue reading КАЛЕШИ, Ахмед Хасан

КАЛЕШИ, Омер Ахмед

КАЛЕШИ, Омер Ахмед (Калесхи, Омер Ахмед) (с. Србица, Кичевско, 1932) – сликар. Основно училиште завршил во родното место, а средно техничко училиште во Скопје. Во 1956 г. емигрирал во Турција. Во 1959 г. ги започнал студиите на Ликовната академија во Истанбул. По завршувањето на студиите (1965) се преселил во Париз. Централен мотив на речиси сите… Continue reading КАЛЕШИ, Омер Ахмед

КАЛИМАНЦИ

КАЛИМАНЦИ – вештачка акумулација на р. Брегалница. Се наоѓа во Овчеполско-истибањската Клисура. Браната е изградена во 1969 г., а се состои од нафрлан камен и централно глинено јадро. Должината на круната изнесува 232 м, широчината 10 м, а височината над теренот 84 м. Котата на нормалното ниво се наоѓа на височина од 515 м, максималната… Continue reading КАЛИМАНЦИ

КАЛИНКА

КАЛИНКА . (Пуница гранатиум Л.) – јужна култура што кај нас се одгледува на отворено во субмедитеранското подрачје, најмногу во Валандово. Последниве години бројот на родните стебла е десетина илјади, со производство од 120 до 150 т. Се одгледуваат стари турски и автохтони сорти. Б. Р. Калистрат Зографски

КАЛИЧАНИН, Предраг Воиславов

КАЛИЧАНИН, Предраг Воиславов (Битола, 2. Ⅳ 1927 – Белград, 10. Ⅰ 2004) – невропсихијатар, основоположник на психијатријата во РМ, редовен проф. на Мед. ф. во Белград и почесен проф. на Унив. „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Мед. ф., специјализација и докторат (1970) завршил во Бел-град. Од 1952 до 1964 г. работел како асистент на… Continue reading КАЛИЧАНИН, Предраг Воиславов

КАЛМИКОВ, Адам Иванович

КАЛМИКОВ, Адам Иванович (? – Царево Село, Пијанечко, 1885) – руски мајор, доброволец во Кресненското востание. Бил доброволец во Српско-турската (1876) и во Руско-турската војна (1877– 1878). Стапил во врска со Софискиот комитет „Единство” и зел учество во Кресненското востание (1878/1879). Имал голем придонес за поразот на Востанието. ЛИТ.: К. Топузовски, Питу Гули (1865– 1903)… Continue reading КАЛМИКОВ, Адам Иванович

КАЛОЃЕРА, Горан

КАЛОЃЕРА, Горан (Дубровник, Хрватска, 20. Ⅲ 1951) – истакнат хрватски македонист, универзитетски професор во Риека, автор на повеќе одделни книги од областа на македонската литературна историја на хрватски јазик, член на МАНУ надвор од работниот состав. Докторирал на темата: „Хрватско-македонски книжевни врски”. Почесен член е на ДПМ. БИБ.: Хрватско-македонските книжевни врски, Писателот во сенка, Јужнословенски… Continue reading КАЛОЃЕРА, Горан

КАЛОЈАН

КАЛОЈАН . (ок. 1170–1207) – бугарски цар (1197–1207) од фамилијата Асеновци. Освоил поголем дел од Западна и Северозападна Македонија (1203). Склучил црковна унија со Рим (1204) и добил од папата кралска круна. Ги поразил Латините во битката кај Адријанопол (1205). Бил убиен во заговор при опсадата на Солун. ЛИТ.: И. Божилов, Фамилията на Асеневци (1186–1460),… Continue reading КАЛОЈАН