КАЛОЈАН

КАЛОЈАН . (ок. 1170–1207) – бугарски цар (1197–1207) од фамилијата Асеновци. Освоил поголем дел од Западна и Северозападна Македонија (1203). Склучил црковна унија со Рим (1204) и добил од папата кралска круна. Ги поразил Латините во битката кај Адријанопол (1205). Бил убиен во заговор при опсадата на Солун. ЛИТ.: И. Божилов, Фамилията на Асеневци (1186–1460), София, 1985. К. Аџ. Ристо Калчевски