ДАБ . (Љуерцус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа околу 300 вида, распространети во северната хемисфера. Листопадни или трајно зелени дрвја или грмушки, со широко разгранети круни, со прости листови, варијабилни по форма. Еднодомни со еднополни цветови. Плодовите се желади, обвиени со чашковидна капа (купола), зреат во првата или во втората година. Кај нас се… Continue reading ДАБ
Tag: Д
ДАБЕСКИ, Петко
ДАБЕСКИ, Петко (с. Волковија, Тетовско, 15. Ⅹ 1939) – електроинженер, поет, антологичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични централи. Бил претседател на Општинското собрание на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Добитник е на… Continue reading ДАБЕСКИ, Петко
ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско
ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско – хероон од римско време, во долината на р. Бошава, 17 км јужно од Неготино. На темето од благо возвишение бил подигнат репрезентативен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеум. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и Македонски даб 4 плочи… Continue reading ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско
ДАБНИЦА
ДАБНИЦА – село во Прилепско, во југозападното подножје на Бабуна, северно од Прилеп, на 605 м н. в. Во месноста Гарван бил формиран НОПО „Димитар Влахов“ (16. Ⅴ 1942). За соработката и вклученоста во Народноослободителното движење, бугарските окупаторски сили извршиле масовен терор и масакар во селото. Биле уапсени 62 селани (на возраст од 16–60 години)… Continue reading ДАБНИЦА
ДАБОВА СТРИЖИБУБАЧКА
ДАБОВА СТРИЖИБУБАЧКА – в.: стрижибубачка , дабова
ДАВИД
ДАВИД (? – 976) – комитопул, најстариот син на комитот Никола. Со помладите браќа (Мојсеј, Арон и Самуил) се побуниле против бугарската (969) и византиската власт (976), по што владееле независно. Тој ја имал врховната власт. Набргу бил несреќно убиен од Власи сточари во месноста Убави Дабови, меѓу Костур и Преспа. Самуил го спомнува во… Continue reading ДАВИД
ДАВИДОВСКИ, Киро
ДАВИДОВСКИ, Киро (Куманово, 24. Ⅻ 1932 – Скопје, 2003) – обоист. Еден од првите музичари во Македонија со факултетска диплома за дувачки инструменти. Дополнително се усовршувал на Академијата „Санта Чечилија” во Рим. Бил прв обоист на Македонската филхармонија и развил богата концертна активност во земјава и во странство. Настапувал во многу земји во светот, меѓу… Continue reading ДАВИДОВСКИ, Киро
ДАВИНА КУЛА, Чучер
ДАВИНА КУЛА, Чучер (Орман), Скопско – антички и рановизантиски град, 12 км северно од центарот на Скопје. Издолжен рид што доминира над самиот пат и влезот во Качаничката Клисура и се издига 200–230 м над р. Лепенец. Градот бил компониран од акропол со елипсовидна форма, со заштитен ѕид во цврста малтерна техника (185 х 110… Continue reading ДАВИНА КУЛА, Чучер
ДАВИТКОВСКИ, Петар
ДАВИТКОВСКИ, Петар (с. Калниште, ПробиШтип, 25. Ⅹ 1911 – Скопје, 1996) – протојереј-ставрофор, свештенослужител, душегрижник, старешина, воспитувач, професор и пратеник во Богословијата. Во 1935 г. ја завршил шестгодишната Виша богословија во Битола, во која како ученик учествувал во бунтот на учениците (1934) за одбрана на македонскиот јазик. Од 1936 до 1941 г. работел како вероучител… Continue reading ДАВИТКОВСКИ, Петар
ДАВКОВ, Благој
ДАВКОВ, Благој (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – Скопски централен затвор, 21. Ⅰ 1943) – машинобравар, комунистички деец и првобо Дабничкиот масакр (1942) рец. Како вработен во работилницата на Папа Теодоси (1938), се вклучил во УРС-овите синдикати, станал член на КПЈ (од пролетта 1940) и член на МК на КПЈ во Скопје (од септември 1940). Во… Continue reading ДАВКОВ, Благој
ДАВКОВ, Павле
ДАВКОВ, Павле (Скопје, 21. Ⅵ 1925 – Вашингтон, 12. Ⅴ 1978) – национален деец и политичар, учесник во НОБ (од 1942) и скоевски раководител. По Ослободувањето работел како висококвалификуван механичар и директор на Претпријатието за ремонт и сервис „Механика“ во Скопје. Во своето политичко и стручно усовршување, дипломирал на Вишата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во… Continue reading ДАВКОВ, Павле
ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов
ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов (Долно Чичево, Велешко, 23. Ⅰ 1921 – Клиново, Кавадаречко, 20. Ⅰ 1943) – работник, револуционер и борец на ВПО „Димитар Влахов” (од јуни 1942). Член на СКОЈ од 1939, а на КПЈ од 1940 г. Во текот на 1941 и 1942 г. собирал оружје, разнесувал летоци, организирал воени курсеви и вршел… Continue reading ДАВЧЕВ КАСО, Славко Томов
ДАВЧЕВ, Данчо
ДАВЧЕВ, Данчо (Скопје, 9. Ⅳ 1949) – ред. проф. по информатика на ЕТФ во Скопје и раководител на Центарот за далечинско образование. Дипломирал на ЕТФ во Белград (1972), со звање „Доцтор Ингениеур” се здобил на Универзитетот во Орсеј, Париз (1975), а докторирал на ЕТФ во Белград (1981). Престојувал на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего (САД)… Continue reading ДАВЧЕВ, Данчо
ДАВЧЕВ, Пенчо Јорданов
ДАВЧЕВ, Пенчо Јорданов (Велес, 15. Ⅵ 1922 – Скопје, 25. XI 1995) – интернист–гастроентеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, академик. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1948). Специјализација по внатрешни болести завршил во 1952 г. Го одбранил хабилитациониот труд „Прилог кон биолошката дијагностика на функционалните и органските заболувања на стомакот” (1957). За редовен… Continue reading ДАВЧЕВ, Пенчо Јорданов
ДАВЧЕВСКИ, Ристо
ДАВЧЕВСКИ, Ристо (с. Долни Дисан, Неготинско, 6. Ⅲ 1935) – новинар, писател за деца и илустратор. Завршил средно училиште и студирал на Филозофскиот факултет. Бил уредник на Радиотеатарот за деца на Радио-Скопје. Автор е на повеќе книги со песни, басни, раскази, пиеси, радиодрами, повести и романи. Член е на ДПМ (од 1971). Особен успех постигнал… Continue reading ДАВЧЕВСКИ, Ристо
ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни
ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни (Хüснü Фазил Дагларçа) (Истанбул, 26. Ⅷ 1914) – турски поет. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата поетска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во секоја поетска книга внесувал… Continue reading ДАГЛАРЏА, Фазил Хисни
ДАЈБОГ
ДАЈРЕ
ДАЈРЕ – . народен музички мембранофон инструмент од кружен дрвен обрач на кој од едната страна е затегната кожа, а на неколку места на обрачот се прикачени по две тркалезни метални плочки што ѕвечат при удирањето и тресењето. Кај муслиманите, претежно, го употребуваат жените како придружник на песните, а кај Македонците христијани најприсутно било во… Continue reading ДАЈРЕ
ДАЛАСИН, Дамјан
ДАЛАСИН, Дамјан (XI в.) – византиски благородник и војсководец. Бил назначен за дукс на Скопје (1072), по избувнувањето на востанието на Ѓорѓи Војтех и по прогласувањето на Бодин за цар. Ја предводел византиската војска во решавачката битка со востаниците кај Призрен, но бил поразен и паднал во заробеништво. ЛИТ.: С. Лишев, Към въпроса за неуспеха… Continue reading ДАЛАСИН, Дамјан
ДАЛКАЛЧЕВ, Христо
ДАЛКАЛЧЕВ, Христо (с. Владово, Воденско, 1878 – Софија, по 1944) – просветен и национален деец, унив. професор. Ја завршил Духовната семинарија во Цари-град, а потоа како главен учител во Гевгелија бил раководител на МК на ТМОРО. Одржувал писмени контакти со четите на војводите Сава Михајлов и Апостол Петков Терзиев. Со намера да студира медицина, во… Continue reading ДАЛКАЛЧЕВ, Христо
ДАМАСКИН СТУДИТ
ДАМАСКИН СТУДИТ (Солун, ⅩⅤⅠ – ?, 1577) – солунски митрополит, проповедник и книжевен деец, еден од почетниците на просветителството. Просветителските идеи ги изразил во Предговорот кон неговото најпознато дело „Сокровиште” (Венеција, 1558), кое уште во периодот меѓу 1560 и 1580 г. било преведено на македонски народен говор од епископот пелагониски и прилепски Григориј (прв превод… Continue reading ДАМАСКИН СТУДИТ
ДАМАСКИНИ
ДАМАСКИНИ -. средновековен книжевен род, раширен во македонската книжевност и во другите словенски книжевности од ⅩⅤⅠ до ⅩⅠⅩ в. Неговата појава е поврзана со преводот на најпознатото книжевно дело на Дамаскин Студит – Сокровиште (шљхсаурÁз)??преведено од грчки на словенски јазици. Во почетниот период од преводот овој термин се однесувал исклучиво за текстовите од Дамаскин Студит,… Continue reading ДАМАСКИНИ
ДАМАСТИОН
ДАМАСТИОН – древен град, сè уште нелоциран. Населен воⅤв. пр.н.е. Во градот имало ковачница од 390 до 320 г. пр.н.е. во која пајонските владетели ги ковеле своите пари. Во почетокот, ковачницата била под влијание на мајстори од Халкидик и Олинт, но подоцна работеле пајонски мајстори. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје,1999. А. шук.
ДАМЕ ГРУЕВ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„ДАМЕ ГРУЕВ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Индијанаполис, Индијана, САД, 1922 – ?) – основана под името „Леринско братство“ (едно од најбројните); во неа членувале претежно доселеници од Леринско, а имало членови и од Битолско, Костурско и од други краеви на Западниот дел на Македонија. Во 1923 г. го променила името во „Даме Груев“. Ја основало црквата „Св.… Continue reading ДАМЕ ГРУЕВ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА