ГЕВГЕЛИСКО-ВАЛАНДОВСКА КОТЛИНА

ГЕВГЕЛИСКО-ВАЛАНДОВСКА КОТЛИНА – се наоѓа во јужниот дел на РМ. Се протега во меридијански правец по течението на Вардар во должина од околу 30 км. широчината се движи од 6–8 км. Котлината е сместена помеѓу планината Кожуф од запад и ниските планини: Плауш, Боска и Карбали од исток; клисурата Демир Капија од север и Циганската… Continue reading ГЕВГЕЛИСКО-ВАЛАНДОВСКА КОТЛИНА

ГЕГА, Џеват

ГЕГА, Џеват (Џхеват Гега) (Струга, 30. Ⅴ 1934) – филолог и книжевен историчар, унив. професор во пензија. Основно училиште завршил во родното село, учителска школа во Скопје и во Тетово (1951), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за албански јазик и книжевност) во Белград (1957). Работел како учител во с. Кишава, Битолско и во… Continue reading ГЕГА, Џеват

ГЕЛЕВСКИ, Живко

ГЕЛЕВСКИ, Живко (Куманово, 18. Ⅶ 1931 – Скопје, 5. Ⅴ 1997) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). По дипломирањето се вработил во Собранието на град Куманово – Одделение за комунални работи и урбанизам. Работел во проектанската организација „Македонијапроект” како проектант (1964), а потоа во Заводот за заштита на спомениците… Continue reading ГЕЛЕВСКИ, Живко

ГЕЛЕВСКИ, Симеон Борисов

ГЕЛЕВСКИ, Симеон Борисов (Куманово, 17. Ⅹ 1942) – правник, унив. професор. Во Скопје пристигнал како гимназијалец (1956). Веднаш по дипломирањето на Правниот факултет во Скопје (1967) бил избран за асистент по Симеон Гелевски управно право. Магистрирал на тема „Карактерот и дејството на судските пресуди во нашиот уп-равен спор“ (1975) и докторирал на тема „Положбата и… Continue reading ГЕЛЕВСКИ, Симеон Борисов

ГЕМИЏИИ

ГЕМИЏИИ -. припадници на анархистичкиот Гемиџиски кружок во Солун. Биле под влијание на руските и ерменските анархисти од крајот на ⅩⅠⅩ в. Кружокот го раководел Јордан Попјорданов-Орцето (1881-1903), а негови членови биле и Милан Арсов (1879-1908), Георги Богданов (1878-1939), Тодор Богданов, Марко Бошнаков (1874-1908), Константин Кирков (1882-1903), Димитар Мечев-Мечето (1870-1903), Алексо Минов, Тодор Органџиев, Владимир… Continue reading ГЕМИЏИИ

ГЕНАДИЕВ, Иван

ГЕНАДИЕВ, Иван (Јоан Хармосин Охридски), (Охрид, 1829 – Пловдив, 1890) – музички и книжевен деец, автор на црковни напеви и псалтикиски зборници. Основно училиште завршил во родниот град, а средно во Битола и во Цариград. Како студент на Филозофскиот факултет во Атина, се прочул со својата музикалност и убав глас. Истовремено биле забележани и неговите… Continue reading ГЕНАДИЕВ, Иван

ГЕНЕРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА ВО ШВАЈЦАРИЈА

ГЕНЕРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА ВО ШВАЈЦАРИЈА (15. Ⅻ 1918 – 1919). На владите на САД, Велика Британија, Франција и на Италија (11. Ⅰ 1919) им бил предаден Меморандум за македонското прашање. Еден примерок од Меморандумот бил испратен до Меѓународната конференција на Друштвото на народите во Берн (5-12. Ⅲ 1919). Генералниот совет апелирал до владите… Continue reading ГЕНЕРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА ВО ШВАЈЦАРИЈА

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на ООН

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на ООН (Њујорк, 1945 –) – највисокиот претставнички орган на ООН. По правило, Генералното собрание донесува резолуции, препораки и други општи акти што не се директно обврзувачки, туку земјите-членки на ООН, по сопствен избор, ги вградуваат во своите национални законодавства. Се свикува на редовна седница, по правило, секоја трета недела од месецот септември.… Continue reading ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на ООН

ГЕНОВ, Милан Арсов

ГЕНОВ, Милан Арсов (Злетово, 1877 – Скопје, 1928) – фармацевт. Дипломирал фармација на Мед. ф. во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт; во серијата убиства на интелектуалци убиен во својата аптека од месните… Continue reading ГЕНОВ, Милан Арсов

ГЕНОЦИДОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЕНОЦИДОТ ВО МАКЕДОНИЈА -. меѓународно злосторство што се состои во целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или верска група со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно нејзино целосно или делумно истребување. Елементи на геноцид се содржани во преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на… Continue reading ГЕНОЦИДОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЕОГРАФИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ

ГЕОГРАФИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО Република Македонија -.Територијата на Македонија отсекогаш претставувала интересна сфера за географски описи и про-учувања. Географски податоци за Македонија има уште од античкиот период наваму. Во најголемиот дел се дескриптивни, но даваат податоци за населбите и населението, за социоекономската и културната положба. Од античкиот период (V в. пр.н.е.) карактеристичен е… Continue reading ГЕОГРАФИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ

ГЕОДЕТСКА СЛУЖБА

ГЕОДЕТСКА СЛУЖБА. Геодетските работи кај нас датираат од 1878 г. со развивање на тригонометриската мрежа од прв ред. Од 1926 до 1940 г. бил извршен премер на површина од околу 700.000 хектари. Од 1945 г. бил интензивиран премерот и сега е во завршна фаза. Во 1996 г. била развиена првата ГПС мрежа, за поврзување на… Continue reading ГЕОДЕТСКА СЛУЖБА

ГЕОЛОГИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ

ГЕОЛОГИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ. Најстарите траги од експлоатацијата на златото и среброто потекнуваат од периодот на Александар Македонски (Коњска Река – Гевгелиско, Охридско и др.), а користењето на среброносните и златоносните олово-цинкови руди во Источна Македонија интензивно се одвивало во римскиот период и особено во ⅩⅠⅠⅠ и ⅩⅣ в., од искусните рудари… Continue reading ГЕОЛОГИЈА РАЗВОЈ И ДЕНЕШНА СОСТОЈБА ВО РМ

ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА СРМ

ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА СРМ – институција формирана како Геолошки завод со решение на Президиумот на АСНОМ (15. Ⅻ 1944 г.). Потоа е основан Геолошкиот институт со главна дејност: изработка на геолошки карти, ис-тражување на минералните суровини и нивна подготовка за експлоатација. Во 1950 г. е регистриран како Завод за геолошки истражувања на НРМ и од… Continue reading ГЕОЛОШКИ ЗАВОД НА СРМ

ГЕОРГИ ГРАМАТИК

ГЕОРГИ ГРАМАТИК . (втората половина на XI – почетокот на Ⅻ в.) – свештеник, граматик и минијатурист. Живеел и творел во манастирот „Св. Врачи Козма и Дамјан“ во Кичевско. Автор е на богато украсениот кирилски ракопис „Битолски триод“, со цели редови од глаголско писмо, поради што се претпоставува дека користел глаголска предлошка. Пишуван е со… Continue reading ГЕОРГИ ГРАМАТИК

ГЕОРГИЕВ-НОВОСЕЛСКИ, Крсто

ГЕОРГИЕВ-НОВОСЕЛСКИ, Крсто (с. Ново Село, Струмичко, ? – с. Моноспитово, Струмичко, 1905) – војвода, член на Месниот комитет на ТМОРО во Ново Се-ло (Струмичко). Од 1901 г. станал нелегален член, а од 1902 г. предводел месна чета. На 4. Ⅱ 1905 г. со четата водел жестока борба во с. Куклиш. Бил ранет кај с. Кори-но… Continue reading ГЕОРГИЕВ-НОВОСЕЛСКИ, Крсто

ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан

ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан (Петрич, 18. Ⅲ 1938) – национален деец во Пиринскиот дел на Македонија, прв претседател на ОМО-Илинден. Иако апсен и осудуван од бугарските власти (по 1956), ја продолжувал нелегалната национална дејност. По пристапувањето во тајната Независна македонска организација – Илинден (1970) бил активист во Гоцеделчевско, Петричко, Разлошко и Санданско. По откривањето на Организацијата (XI… Continue reading ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан

ГЕОРГИЕВ, Владимир

ГЕОРГИЕВ, Владимир (Софија, 1975) – шаховски велемајстор (2000) од македонско потекло, со бугарско и македонско државјанство. Бил младински вицешампион на Европа и на Русија и шам-пион на Бугарија. Подоцна бил член на шК „БМ Кисела Вода“ од Скопје (2004). Прв настап за Република Македонија имал на шаховската олимпијада во Блед (2002). На шаховската олимпијада во… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Владимир

ГЕОРГИЕВ, Зоран

ГЕОРГИЕВ, Зоран (Скопје, 1950) – археолог-конзерватор. Дипломирал на Групата по историја на уметност со археологија при Филоз. фак. (1978), а постдипломските студии ги завршил на Филоз. фак. во Белград (1990) со трудот „Керамиката од железно време во Скопско-кумановскиот и Овчеполско-брегалничкиот регион“. Во 1979 г. е избран за асистент при Катедрата за историја на уметност и… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Зоран

ГЕОРГИЕВ, Зоран

ГЕОРГИЕВ, Зоран (Скопје, 1950) – археолог-конзерватор. Дипломирал на Групата по историја на уметност со археологија при Филоз. фак. (1978), а постдипломските студии ги завршил на Филоз. фак. во Белград (1990) со трудот „Керамиката од железно време во Скопско-кумановскиот и Овчеполско-брегалничкиот регион“. Во 1979 г. е избран за асистент при Катедрата за историја на уметност и… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Зоран

ГЕОРГИЕВ, Кирил

ГЕОРГИЕВ, Кирил (Петрич, Пиринскиот дел на Македонија, 1965) – шаховски велемајстор (1986) од македонско потекло, со бугарско и македонско државјанство. Бил светски шампион за млади шахисти до 20 години, трикратен првак на Република Бугарија и учесник на 9 олимпијади. Беше чен на шК „БМ Кисела Вода“ од Скопје (2002–2003). Настапувајќи 5 години за Република МакедонијаContinue reading ГЕОРГИЕВ, Кирил

ГЕОРГИЕВ, Крсто Живков

ГЕОРГИЕВ, Крсто Живков (с. Селце, Струшко, 28. Ⅲ 1915 – Скопје, 6. Ⅹ 1975) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Се занимавал со дигестивна хирургија и вовел панкреатично дуоденална ресекција (Њхиппле) во РМ. Основал хируршко одделение во Прилеп. Објавил над 50 научно-стручни труда од областа на дигестивната хирургија. Ал. Ставр.

ГЕОРГИЕВ, Митко

ГЕОРГИЕВ, Митко (Штип, 1927 – 1992) – завршил биолошки науки во Скопје (1954). По завршувањето, една година работел во Кочани како професор во гимназијата, потоа како кустос во Природонаучниот музеј на Македонија, а во 1957 г. се вработил како асистент во Ботаничкиот завод. Под раководство на Миховил Грачанин се занимавал со дишењето на надземните и… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Митко

ГЕОРГИЕВ, Никола М

ГЕОРГИЕВ, Никола М. (Струмица, 1913 – Канада, ?) – претседател на Македонската народна федеративна организација во Пиринскиот дел на Македонија, долгогодишен политички затвореник, борец за националните права на Македонците во Бугарија по Втората светска војна. Со семејството се населил во Бугарија (1924), каде што одбил да се декларира за Бугарин и бил затворен и спроведен… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Никола М