ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи (с. Стенско, Костурско, 1924 – Скопје, 1986) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршил во Костур, Егејскиот дел на Македонија. Член на Комунистичката младинска организација на Грција од 1941 г. Активно учествувал во борбите против окупаторите на земјата. Се борел во редовите на ЕЛАС, во Егејската бригада на ДАГ (1946-1949). Преку… Continue reading ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи
Tag: Г
ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан
ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан (Ајтос, Бугарија, 28. Ⅻ 1929) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1960 г. дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (проф. Брмбаров), а студирал и оперска режија (проф. Коџиев). Солист на Софиската опера (1960-1963) и солист во Операта на МНТ (1964-1969). Имал ангажман во Загрепската опера (до 1993). Тој… Continue reading ГАНЧЕВ-СТОЈАНОВ, Стојан
ГАПКОВСКИ, Наум
ГАПКОВСКИ, Наум (с. В’мбел, Костурско, 1. Ⅲ 1941) – инж. геол., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1990) по инженерска геологија и механика на карпи. По емиграцијата од Грција (1948), живеел и се школувал во Чешка и во Полска, а од 1956 г. во Југославија. Завршил Рударскогеолошки факултет во Белград, по што, до доаѓањето… Continue reading ГАПКОВСКИ, Наум
ГАРАШАНИН, Драга
ГАРАШАНИН, Драга (Париз, 1921 – Белград, 1997) – археолог. Студиите по класична филологија ги завршила (1946) во Белград, докторирала (1953) во Љубљана (за Старчевачката неолитска култура во Србија). Работниот век го поминала во Народниот музеј во Белград како кустос, раководител на Одделот за праисторија и научен соработник. Заедно со својот сопруг Милутин, кораководела неколку истражувачки… Continue reading ГАРАШАНИН, Драга
ГАРАШАНИН, Милутин
ГАРАШАНИН, Милутин (Бел-град, 11. IX 1920 – Белград, 4. Ⅳ 2002) – академик, проф. по археологија. Студии завршил во 1946 г. на групата за Класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1950). Работел во Музејот на град Белград и во Народниот музеј во Белград (1945-1946). Од 1950 г. е… Continue reading ГАРАШАНИН, Милутин
ГАРВАНОВ, Иван
ГАРВАНОВ, Иван (Стара Загора, Бугарија, 1869 – Софија, 28. XI 1907) – Бугарин по националност, претседател на ЦК на ТМОРО (1901–1903), главен иницијатор за одлуката за востание (1903). Дипломирал физика и математика во Софија (1892). Специјализирал во Виена. Професор во Солунската егзархиска гимназија (1894–1903). Претседател на Бугарското тајно револуционерно братство (1897– 1899). Одржувал врски со… Continue reading ГАРВАНОВ, Иван
ГАРВАНСКИ МАСАКР
ГАРВАНСКИ МАСАКР (2. Ⅲ 1923) – во с. Гарван (Радовишко) извршен од воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ Добрица Матковиќ како одмазда за смртта на колонистите во с. Кадрифаково (Штипско) убиени од четата на ВМРО предводена од Иван Јанев-Брло (16. Ⅱ 1923). Селото било гранатирано и биле застрелани… Continue reading ГАРВАНСКИ МАСАКР
ГАРЕВСКИ, Александар
ГАРЕВСКИ, Александар (Гостивар, 5. XI 1912 – Скопје, 10. IX 1988) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1965 до пензионирањето во 1979) по предметите хидраулика, хидрологија, речна хидротехника и водни патишта, еден од доајените на хидротехниката кај нас. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград. По Втората светска војна бил заменик-министер за… Continue reading ГАРЕВСКИ, Александар
ГАРЕВСКИ, Михаил
ГАРЕВСКИ, Михаил (Скопје, 1951) – градежен инженер, редовен професор. Градежниот факултет го завршил во Скопје, маМихаил Гаревски гистрирал во ИЗИИС и докторирал на Универзитетот во Бристол, Велика Британија. Како познат научник од областа на земјотресното инженерство, автор е на повеќе од 130 научни и стручни труда. Со повикани предавања учестувал на повеќе научни собири и… Continue reading ГАРЕВСКИ, Михаил
ГАРЕВСКИ, Ристо
ГАРЕВСКИ, Ристо (с. Башино Село, Велешко, 22. Ⅲ 1922) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет – Штип. Светски реномиран палеонтолог, истражувач на фосилните цицачи од неогенска и квартерна старост. Дипломирал на Филозофскиот факултет – Скопје, Отсек биологија (1952), а докторирал на палеонтологија на Љубљанскиот универзитет, Словенија (1966). Во неогенските и квартерните седименти на Велешкиот, Тиквешкиот,… Continue reading ГАРЕВСКИ, Ристо
ГАРКАТА, Петре Филипович
ГАРКАТА, Петре Филипович (с. Гари, 80-тите на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Крушево, 1854) – еден од најистакнатите претставници на мијачката (дебарската) резба, кој потекнува од родот Филиповци од с. Гари во Мала Река. Патот на неговата наобразба и обука во резбарскиот занает се истражува врз основа на семејни преданија и стилска анализа на бројни иконостаси на… Continue reading ГАРКАТА, Петре Филипович
ГАТ ВО ИЗРАЕЛ
ГАТ ВО ИЗРАЕЛ (Северно Негево од 1935) – кибуц. Центар на еврејски младинци од Македонија, припадници на организацијата „Хашомер Хацаир“, повеќето раководители (мадрихим) на кеновите од Битола и од Скопје. Тука биле воспитувани во духот за синтеза помеѓу ционизмот и социјализмот. По пристигнувањето во кибуцот поголемиот дел од нив настојувале да не се вратат во… Continue reading ГАТ ВО ИЗРАЕЛ
ГАТАЛЕЧКО ПЕЕЊЕ
ГАТАЛЕЧКО ПЕЕЊЕ -. вражење загадочни стихови, главно при гледање на отворена дланка во раката од гатачките, главно Ромки. Тоа е посебен стил на народно пеење, најзастапен во Полошкиот регион. Го карактеризира троделна форма на мелодијата (АБЦ), во која централно место има вториот дел Б, бидејќи само во него е застапен хагадниот принцип – буквалното повторување… Continue reading ГАТАЛЕЧКО ПЕЕЊЕ
ГАТАЛИНКИ или лисни жаби
ГАТАЛИНКИ или лисни жаби (Хѕлидае) – единствени европски водоземци приспособени за качување на дрвја. Кај нас живее само еден вид гаталинка (Хѕла арбореа). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002. Св. П. – В. Сид.
ГАТАНКА
ГАТАНКА – . краток жанр на усното народно творештво. Тоа е двочлен израз составен од прашање и одговор. Денес служи за забава, но во минатото, покрај забавна, имала и педагошка функција, а во уште подалечното минато имала и обреден и иницијациски карактер. Дека имала обреден карактер потврдува фактот што се кажувала во одредено време и… Continue reading ГАТАНКА
ГАТАЧКИ КНИГИ
ГАТАЧКИ КНИГИ -. популарни книги од средновековни анонимни преводни народно-литературни творби, кои содржат гатања и претсткажувања од општествен и битов карактер, кои се користеле за гатање врз основа на некои природни и физиолошки појави, како гром, земјотрес, по фазите на Месечината, бучењето на увото, треперењето на окото или според денот кога се паѓа Коледе, според… Continue reading ГАТАЧКИ КНИГИ
ГАЌИ
ГАЌИ -. машка долна облека, изработена од бело памучно или мелезно платно. Во постудениот период од годината се носеле под чакширите или под туманите, а во топлите месеци претставувале составен дел на летната носија. Биле кроени со ногавици и седло. Во Кумановско, во горниот дел биле широки, а при дното се стеснувале, а се носеле… Continue reading ГАЌИ
ГАЦЕВА-БОГОЕВА, Гордана
ГАЦЕВА-БОГОЕВА, Гордана (Скопје, 1954) – професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник во под-рачјето на полимерите. Се школувала во Белград и во Софија, а дипломирала, магистрирала и докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1987). Има повеќе специјализации во земјата и во странство. Работи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (од 1978), а како редовен професор… Continue reading ГАЦЕВА-БОГОЕВА, Гордана
ГАЦО, Ангел
ГАЦО, Ангел (с. Саракиново, Воденско, 1765 – с. Аталанти, Грција, 1834) – еден од водачите на Негушкото востание (Ⅲ 1822). Со одред од 500 востаници учествувал во ослободувањето на Негуш, а потоа и во нападот на гр. Бер, заедно со Анастас Караташо, со околу 1.800 востаници (од 11. Ⅲ 1822). Се движел по негушките села… Continue reading ГАЦО, Ангел
ГАЧКА
ГАЧКА -. вид кратка хумористична народна приказна на границата на народна игра, блиска до гатанката, но поопширна од неа, наменета за забава и ведар дух. ЛИТ.: Боне Величковски, Кратките жанрови и детскиот фолклор во Куманово и Кумановско, „Фолклорот и етнологијата во Куманово и Кумановско”, Скопје – Куманово, 255-289. С. Мл. Миливој Гашевски
ГАШЕВСКИ, Миливој
ГАШЕВСКИ, Миливој (Скопје, 5. Ⅹ 1924) – географ. Основно и средно образование завршил во Скопје. На Филозофскиот факултет, Група географија, дипломирал во 1950 г. Како службеник и професор во средно училиште работел до 1957 г., кога се вработил во научната институција Завод за водостопанство во Скопје како научен соработник. Докторирал на тема „Планина Бистра –… Continue reading ГАШЕВСКИ, Миливој
ГЕБЛЕР, Хуго
ГЕБЛЕР, Хуго (Хуго Гаеблер) (1868-1947) – германски нумизматичар, одреден период работел во Кабинетот за нумизматика во Берлин. Проучувач и автор на повеќе трудови од античката нумизматика. Покажал посебен интерес за монетите и монетарните системи на Македонија и Пајонија, за чиешто истражување посветил поголем дел од неговото 50-годишно активно занимавање со нумизматиката. Иницирани во Пруската академија… Continue reading ГЕБЛЕР, Хуго
ГЕВГЕЛИЈА
ГЕВГЕЛИЈА – град во Гевгелиско-валандовската котлина: 15.685 ж. (2002 г.). Се простира од десната страна на р. Вардар и македонско-грчката граница во рамничарскиот дел на истоимената котлина. Непосредно покрај градот од источната страна поминува европскиот пат Е–75. Во ист правец води и железничката линија. Градот лежи на надморска височина од 60 м и зафаќа површина… Continue reading ГЕВГЕЛИЈА
ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД САВА МИХАЈЛОВ
ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „САВА МИХАЈЛОВ“ . (пл. Кожуф, првата половина на мај 1943 – 24. IX 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 50 Богданци. По нападот на с. Радња (17. В) на селаните им поделиле 2.800 кг реквирирано жито. Во содејство со Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, презел повеќе… Continue reading ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД САВА МИХАЈЛОВ