АБАЗИ, Неџат

АБАЗИ, Неџат (Абази Неџхат)(с. Колибари, Кичевско, 1948) – педагог и унив. професор. Основно и средно училиште завршил во Кичево, учителска школа во Скопје и Филозофски факултет (Група за педагогија) во Приштина. Магистрирал на тема „Развојот на албанските училишта во Македонија (1945–1958)” на Приштинскиот универзитет, а докторирал на Универзитетот во Тирана на тема „Развојот на образованието,… Continue reading АБАЗИ, Неџат

АБАЗИ, Рефет

АБАЗИ, Рефет (Тетово, 17. Ⅰ 1964) – актер и педагог. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности (1989). Член на Албанската драма (1989-1999). Од 1999 г. доцент на ФДУ во Скопје, каде што ја води класата актери на албански јазик. Улоги: Екарт (БаРефет Абазиал”); Едгар („Крал Лир”); Марк Ален („Коските што доаѓаат доцна”); Осип („Платонов”); Кирилов… Continue reading АБАЗИ, Рефет

АБАЈОВ, Ахарон

АБАЈОВ, Ахарон (ⅩⅤⅠ в.) – рабин во Скопје. Во 70-тите години од ⅩⅤⅠ в. служел во синагогата „Бет Јаков”. При донесувањето решенија во рабинскиот суд активно соработувал со прочуениот солунски рабин шмуел де Медина. Во 1596 г., во Солун ја објавил книгата „шемен ха-мор”. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније,… Continue reading АБАЈОВ, Ахарон

АБАЏИЕВ, Ѓорѓи

АБАЏИЕВ, Ѓорѓи (Дојран, 7. Ⅹ 1910 – Скопје, 2. Ⅷ 1963) – раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист. Од петтата година на животот емигрант во Софија. Средно образование завршува во Горна Џумаја (Благоевград). Студира на Правниот факултет во Софија, каде што зема активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член е на… Continue reading АБАЏИЕВ, Ѓорѓи

АБАЏИЕВА ДИМИТРОВА, Соња

АБАЏИЕВА – ДИМИТРОВА, Соња (Софија, 20. Ⅴ 1941) – историчарка на уметноста, значајна за истражувањето и афирмацијата на македонската ликовна уметност и на меѓународен план. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1965). Била кустос и директор на Музејот на современата уметност, Скопје. Автор е на 15 монографии, на повеќе од 300 изложби (Антологија на македонската… Continue reading АБАЏИЕВА ДИМИТРОВА, Соња

АБДЕРМАНОВ, Коста

АБДЕРМАНОВ, Коста (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 15. Х 1927) – академски вајар. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград (1954). Член е на ДЛУМ. Излагал на повеќе групни и ревијални изложби. Автор е на неколку бисти на народни херои и првоборци и коавтор на Споменикот на паднатите борци во с. Богомила. С.… Continue reading АБДЕРМАНОВ, Коста

АБДИ, Фаик

АБДИ, Фаик (Скопје, 2. Ⅲ 1937) – стопанственик и политички деец. Завршил средно образование, а потоа работел како советник во секторот за економика и план во Фабриката за хартија „Комуна” во Скопје. Бил одборник во Собранието на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ (1969–1974) и наРепублика Македонија(1990–1994). Повеќе години бил претседател на КУД „Пралипе”… Continue reading АБДИ, Фаик

АБДУЛ АЗИС

АБДУЛ АЗИС (Истанбул, 9. Ⅱ 1830 – Истанбул, 4. Ⅵ 1876) – триесет и втори османлиски султан, кој владеел и во Македонија (27. Ⅴ 1861 – 1. Ⅶ 1876). Ги продолжил реформите во Империјата, земал големи заеми и давал концесии за изградба на железнички линии. Во негово време, до востанијата во европските владенија: во Босна… Continue reading АБДУЛ АЗИС

АБДУЛ МЕЏИД Ⅰ

АБДУЛ МЕЏИД Ⅰ (Истанбул, 23. Ⅳ 1823 – Истанбул, 25. Ⅵ 1861) – триесет и први османлиски султан, познат како „Гази”. Владеел и во Македонија (3. Ⅶ 1839 – 25. Ⅴ 1861). Го издал прочуениот државно-правен акт Хатишериф (3. XI 1839), наречен уште и Ѓулхански хатишериф, со кој државата им ги гарантирала имотот и слободата… Continue reading АБДУЛ МЕЏИД Ⅰ

АБДУЛ ХАМИД Ⅰ

АБДУЛ ХАМИД Ⅰ (Истанбул, 20. Ⅲ 1725 – Истанбул, 17. Ⅳ 1789) – дваесет и седми османлиски султан што владеел и во Македонија (21. Ⅰ 1774 – 7. Ⅳ 1789). Пред и за време на неговото владеење османлиската држава била во внатрешна криза, продлабочена со поразите во војните со Русија и Австрија. ЛИТ.: А. Д.… Continue reading АБДУЛ ХАМИД Ⅰ

АБДУЛ ХАМИД Ⅱ

АБДУЛ ХАМИД Ⅱ (Истанбул, 21. IX 1842 – Истанбул, 10. Ⅱ 1918) – триесет и трети османлиски султан, што владеел (31. Ⅷ 1876 – 27. Ⅳ 1909) и во Македонија. На почетокот од владеењето го издал првиот османлиски устав (23. Ⅻ 1876), формирал дводомен парламент и вовел реформи во полза на христијанските поданици. Кризата кулминирала… Continue reading АБДУЛ ХАМИД Ⅱ

АБДУЛАХ, Авни

АБДУЛАХ, Авни (Авни Абдуллах) (Урошевац, 1948) – раскажувач, есеист, преведувач (од турски). Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Новинар во Редакцијата „Бирлик” при НИП „Нова Македонија” во Скопје, бил лектор, новинар и кратко време уредник на сп. „Сеслер”. Литературните трудови му се објавени во весникот „Бирлик” и „Тан”, во детските списанија „Томурџук”, „Севинч”, „Куш”, „Сеслер”… Continue reading АБДУЛАХ, Авни

АБДУЛИ, Рамиз М

АБДУЛИ, Рамиз М. (Рамиз М. Абдѕли) (с. Лојане, Кумановско, 1. Ⅱ 1944) – историчар, редовен професор на Државниот универзитет во Тетово. Основно училиште завршил во родното село, Учителска школа во Скопје и дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1969). Магистрирал на тема „Прешево во НОБ 1941-1945” (1977), а докторирал за „Положбата на работничката… Continue reading АБДУЛИ, Рамиз М

АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев

АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев (Дине Дирманчов) (с. Пателе, Леринско, втора половина на ⅩⅠⅩ в. – с. П’теле, 2. Ⅵ 1902) – комита на ТМОРО и народен јунак. Како член на ТМОРО од 1896 г., бил во илегалство, а од 1901 г. комита во четата на војводата Марко Лерински (Г. И. Георгиев). При престој во својот дом,… Continue reading АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев

АБДУРАХМАН-АБДУШ, Хусеин

АБДУРАХМАН-АБДУШ, Хусеин (Скопје, 2. Ⅱ 1921 – Скопје, 4. XI 2001) – дипломец на првата генерација на Државната театарска школа, драмски режисер и актер, основач и прв директор на Театарот на народностите во Скопје. Учесник во НОБ од 1941 г., борец во Првиот партизански одред. Осуден на смрт, а Ослободувањето го затекнува во ќелијата на… Continue reading АБДУРАХМАН-АБДУШ, Хусеин

АБДУРАХМАН-ПАшА

АБДУРАХМАН-ПАшА (втора половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Цариград, 1843) – османлиски феудалец од албанско потекло што го управувал Тетовскиот пашалак. Бил син на Реџеп-паша Тетовски и Милјана од Гнилане. Заедно со браќата, управувал и со пошироката об-ласт од Призрен до Штип. За лична заштита ја доградил тврдината на ридот Бал-Тепе над Тетово (1843). Поради учеството… Continue reading АБДУРАХМАН-ПАшА

АБЕДИНОСКИ, Мустафа

АБЕДИНОСКИ, Мустафа (с. Заграчани, Охридско, 1922) – работник, првоборец и политички деец. Бил учесник во НОБ (од 1942). По Ослободувањето бил секретар, потоа претседател на Општинскиот народен одбор во родното село, претседател на Околиската контролна комисија во Охрид и народен пратеник во Собранието на НРМ (1957). С. Мл.

АБИС ХАМИТ, Бедри

АБИС ХАМИТ, Бедри (Скопје, 5. Ⅴ 1905‡?) – функционер на Исламската верска заедница на СРМ. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Лијазхер” во Каиро. Пред Втората светска војна бил професор по арапски јазик во Скопје и член на Улек Меџлијата за Македонија, Косово, Санџак и Црна Гора. По Ослободувањето бил член и претседател на Улек Меџлијата за… Continue reading АБИС ХАМИТ, Бедри

АБЈАНИЌ, Драган

АБЈАНИЌ, Драган (Куманово, 7. Ⅴ 1953 – Скопје, 15. Ⅲ 1999) – видео и телевизиски автор. Го унапредува телевизискиот израз во Република Македонија и внесува иновации во телевизуелниот јазик. Еден од првите и најзначајни македонски видеоавтори. Видеодела: „Потоа”; „Процесија”; „Вевчани”; „Ена”; „… и бело”. Коавторство: „Кокино”; „НЕП”; „Сабвеј”; „Ана”. К. Тр.-Абј.

АБРАВАНЕЛ, Хаим

АБРАВАНЕЛ, Хаим (Пирот, Србија 25. Ⅻ 1896 – Израел, 1986) – спец. интернист, Евреин. Мед. фак. завршил во 1926 г. Специјализирал интерна медицина, а потоа работел приватно, како интернист во Скопје. Во 1945 г. бил упатен на работа во Интерното одделение на Битолската болница, со кое раководел (како началник и примариус) до пензионирањето (1964), кога… Continue reading АБРАВАНЕЛ, Хаим

АБРАШЕВИЌ , Коста

АБРАШЕВИЌ , Коста (Охрид, 20. Ⅴ / 11. Ⅵ 1879 – шабац, 20. Ⅰ 1898) –„прв пролетерски „АБРАШЕВИЌ” А „Абрашевиќ”, машки хор (Битола, 1933), со диригентот Калипсо Налча поет” во Србија, борец за „работното човештво”. Завршува Ⅲ одделение грчко училиште во Охрид, а по одењето на семејството на печалба во шабац, Србија (1888) го продолжува… Continue reading АБРАШЕВИЌ , Коста

АБРАШЕВИЌ МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА (1933–1940) – основан во Битола (1933) од Здружените работнички синдикати на Кралството Југославија. Неговата цел била здружување на работничката класа за борба против тогашниот капиталистички режим. Прв диригент на овој хор била Калипсо Налча, дипломиран пијанист на Музичката академија во Атина. Во почетокот хорот броел 30 пена хористите се зголемил… Continue reading АБРАШЕВИЌ МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО

АБРАШЕВИЌ – РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО (1927– 1940) – првото основачко собрание го одржува на 15. Ⅰ 1928 г., иако идејата за нејзино формирање во Куманово потекнува од 1927 година. Според документацијата, во почеткот постоеле само две секции: Мешан хор и Мал оркестар. Политичката клима во Куманово често го попречувала континуитетот во работата на Абрашевиќ”.… Continue reading АБРАШЕВИЌ РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО