АБДУРАХМАН-АБДУШ, Хусеин

АБДУРАХМАН-АБДУШ, Хусеин (Скопје, 2. Ⅱ 1921 – Скопје, 4. XI 2001) – дипломец на првата генерација на Државната театарска школа, драмски режисер и актер, основач и прв директор на Театарот на народностите во Скопје. Учесник во НОБ од 1941 г., борец во Првиот партизански одред. Осуден на смрт, а Ослободувањето го затекнува во ќелијата на смртта. Позначајни режии: „Сомнително лице”; „Женидба”; „Коштана”; „Со сила лекар”; „Жорж Данден”; „Покондирена тиква”; „Не се женам за пари”. Р. Ст.