АБИС ХАМИТ, Бедри

АБИС ХАМИТ, Бедри (Скопје, 5. Ⅴ 1905‡?) – функционер на Исламската верска заедница на СРМ. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Лијазхер” во Каиро. Пред Втората светска војна бил професор по арапски јазик во Скопје и член на Улек Меџлијата за Македонија, Косово, Санџак и Црна Гора. По Ослободувањето бил член и претседател на Улек Меџлијата за СРМ (1945-1954), а потоа претседател на Старешинството на ИВЗ на СРМ и претседател на Врховниот собор на ИВЗ на СФРЈ. С. Мл.