ШОПОВА, Милка (Дебар, 1924) – редовен професор на ПМФ во Скопје по предметите анатомија и морфологија на растенијата и геМилка шопова нетика. Докторирала во 1961 г. во Скопје. Била на специјализација во Институтот Јохн Иннес Хартворд Хертс (Англија) кај познатиот цитогенетичар Дарлингтон, како и на студиски престој во Институтот за генетика при Универзитетот во Бирминген.… Continue reading ШОПОВА, Милка
Tag: Ш
ШОПТРАЈАНОВ, Бојан Тодоров
ШОПТРАЈАНОВ, Бојан Тодоров (Чачак, Србија, 26. И 1937) – академик, редовен професор (1981) на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје (во пензија од 2002). Дипломирал (1960) хемија на ПМФ во Скопје, магистрирал (1965) на Индиана Университѕ во САД, а докторирал (1973) на ПМФ во Скопје. Дописен (1994) и редовен (1996) член на МАНУ. Држел… Continue reading ШОПТРАЈАНОВ, Бојан Тодоров
ШОПТРАЈАНОВА, Лидија Стојанова
ШОПТРАЈАНОВА, Лидија Стојанова (Битола, 23. Ⅺ 1941) – редовен професор (1993) на ПМФ, Институт за хемија (пензионирана во 2005). Дипломирала (1965) на ТМФ во Скопје, магистрирала (1975) на ПМФ во Белград, а докторирала (1981) на Хемискиот факултет во Скопје. Била шеф на Погонот за синтетички лепила во Хемиската индустрија „Пролетер“ во Скопје (1965). Држела настава… Continue reading ШОПТРАЈАНОВА, Лидија Стојанова
ШОРКОВ, Вангел Талев
ШОРКОВ, Вангел Талев (Битола, 6. Ⅲ 1898 – Скопје, 21. Ⅹ 1961) – спец. хирург. Медицина завршил во Стразбур (Франција) во 1925 г., а хирургија специјализирал во Париз. Од 1930–1939 г. работел во приватна практика, а потоа бил хирург во Бановинската болница во Битола. Во времето на Втората светска војна ги лекувал партизаните. По Ослободувањето… Continue reading ШОРКОВ, Вангел Талев
ШОРОВ, Зоран
ШОРОВ, Зоран (Штип, 17. Ⅺ 1961) – професор по физичка култура, борач. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1990). Бил член на Боречкиот клуб „Балканец“ во Штип. На Младинското балканско првенство во Атина (Грција, 1977) освоил сребрен, а во Крајова (Романија, 1978) бронзен медал, на Медитеранските игри во Казабланка (Мароко, 1982) и Атина (Грција,… Continue reading ШОРОВ, Зоран
ШПАРГЛА
ШПАРГЛА . (Аспарагус оффициналис Л.) – повеќегодишно растение. Се одгледува заради младите и сочни подници (свеќи), кои се многу богати со минерални материи, витамини С, Б , Б , Б , 126 провитамин А, етерични шпаргла масла и орган-ски киселини. Во првата година се развива бавно, формира само 3–4 подници, а од четвртата до десеттата… Continue reading ШПАРГЛА
ШПЕРОВИЌ-РИБАРСКИ, Милица
ШПЕРОВИЌ-РИБАРСКИ, Милица (Битола, 20. Ⅳ 1939) – пијанист. Дипломирала на Музичката академија во Белград (В. шкарка, 1963), каде што магистрирала (О. Михајловиќ, 1970). Специјализирала во Париз (А. Чиколини, В. Перламутер, 1970). Професор на ФМУ во Скопје (1975–2003). Концертирала како солист и член на Дуото Рибарски во 30 земји на Европа, Азија и во Јужна Америка.… Continue reading ШПЕРОВИЌ-РИБАРСКИ, Милица
ШПИЦ
„ШПИЦ“ – прв бесплатен информативно-политички дневен весник во Македонија. Излегува од 31 мај 2006 г. во Скопје. Издавач е приватното претпријатие „СИНИМ“ во тесна соработка со А–1 теле„шпиц“, првиот македонски бесплатен дневен весник визија и „Време“. За само неколку месеци постигнат рекорден тираж за македонски услови од 140.000 примероци. Главен и одговорен уредник е Бранко… Continue reading ШПИЦ
ШПИЦ, Илеш
ШПИЦ, Илеш (? – Скопје, 1. Х 1961) – фудбалски тренер, Унгарец од еврејско потекло. Бил дојден во Скопје од ФК „Хајдук“ од Сплит за тренер на ФК „Граѓански“ (1938), кој под неговото стручно раководство станал прволигаш (1938/39). Бил тренер и на СК „Македонија“ од Скопје (1941–1944), член на Елитната дивизија на Бугарија. Окупаторските власти… Continue reading ШПИЦ, Илеш
ШТАЈНЕР, Михаел
ШТАЈНЕР, Михаел (Мицхаел Стеинер) (Минхен, СРГ, 28. Ⅺ 1949) – германски дипломат. Бил шеф на Канцеларијата за врски за германската хуманитарна помош во Загреб (1991–1992), шеф на Координативното тело за мултилатерални мировни напори во МНР (1992-1994), шеф на Специјалното одделение за мировни напори за поранешна Југославија (1994–1995), германски член на Контакт-групата за Југославија (1994–1995), главен… Continue reading ШТАЈНЕР, Михаел
ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ
ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ – финансиски институции што прибираат штедни влогови на населението. Можат да се основаат како акционерски друштва, или како друштва со ограничена одговорност, а како основачи можат да се јават домашни правни и физички лица. Минималниот основачки капитал на штедилниците изнесува 250.000 евра. Активностите што ги извршуваат штедилниците се многу ограничени и се… Continue reading ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ
ШТЕПАН, Ханс Лотар
ШТЕПАН, Ханс Лотар (Ханс Ло-тар Степхан) (Источна Прусија, 1933) – германски дипломат и историчар. Прв вонреден и ополно-Ханс Лотар штепан моштен амбасадор на СРГ во РМ (1993–1997). Автор е на книгата „Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерот на Балканскиот сојуз (1878–1914)“, Скопје, 2005. Т. Петр.
ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА
ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА. Ги има многубројни и разновидни, специфични за одделни видови инсекти. Се разликуваат по начинот на кој инсектите ја земаат храната од дрвјата, по реакцијата на дрвјата и по последиците што остануваат. Од практичен аспект, можат да се групираат според начинот на кој се направени: штети од грицкање на цврстите делови… Continue reading ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА
ШТИП
ШТИП град во источниот дел на РМ со 43.652 ж. (2002). Се простира на ридест терен помеѓу р. Брегалница и повремениот водотек Отиња, на надморска височина помеѓу 260 и 320 м. Зафаќа површина од 2.080 ха. Со магистралниот пат М–5 на запад е поврзан со Велес, а на исток со Кочани и Делчево, а со… Continue reading ШТИП
ШТИПАЛКИ
ШТИПАЛКИ (Цобитидае) – фамилија мали риби од редот краповидни риби (Цѕприниформес), со многу издолжено тело, вретенесто или странично сплеснато. Штипалка Во Македонија се регистрирани шест видови, кои припаѓаат на два рода. ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур… Continue reading ШТИПАЛКИ
ШТРКЛИ
ШТРКЛИ (Табанидае) – двокрилни инсекти, добри летачи со големина до 3 цм. Имаат устен апарат приспособен за боде-ње и за цицање крв. Познати се како крвопијци. Во спарните летни денови, особено пред дожд, го напаѓаат добиштркол токот, па и луѓето. Каснувањето е болно и чес-то со долготрајни отоци. Во светот се познати околу 3.000 видови.… Continue reading ШТРКЛИ
ШТРКОВИ
ШТРКОВИ (Цицониидае) – фамилија крупни птици со долги нозе и со долг клун, кои се хранат со водоземци, риби и со други мали водни организми. Во Европа се присутни два вида, кои се среќаваат и кај нас: бел штрк (Циштркови во гнездото цониа цицониа) и црн штрк (Цицониа нигра). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading ШТРКОВИ
Јосип Јурај ШТРОСМАЕР
ШТРОСМАЕР, Јосип Јурај (Осиек, Хрватска, 4. Ⅱ 1815 – Ѓаково, Хрватска, 8. Ⅳ 1905) – хрватски епископ и многузаслужен словен-ски великан на духот и хуманата акција. Во име на почит, Констатин Миладинов во посветата на зборникот од македонски и бугарски песни (БÍлгарски народни песни, Загреб, 1861) пишува: „епископ босански, ѓаковачки и сремски на неговата светост,… Continue reading Јосип Јурај ШТРОСМАЕР
ШТУКИ
ШТУКИ (Есоцидае) – фамилија слатководни грабливи риби од ре-дот штуковидни риби (Есоциформес), која вклучува само еден род, претставен со пет видови, од кои еден се среќава и кај нас – штуката (Есоџ луциус). ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан… Continue reading ШТУКИ
ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ
ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ . (Грѕллус цампестрис Л.) – правокрилен инсект. Познат е и како полски попец. Спаѓа во групата скакулци. Живее во суви песокливи терени. Кога е во опасност се повлекува во своите подземни дупки, длабоки и до 40 цм. Се храни со растителни пупки и со инсекти. Во времето на парењето мажјакот произведува карактеристичен звук… Continue reading ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ
ШУВАКОВИЌ, Коста
ШУВАКОВИЌ, Коста (Беловајски Беденик, Хрватска, 27. Ⅲ 1919) – оперски певец, бас. Во Операта на МНТ работи од 1948 до 1974. Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот). Оровез (Норма), Марко (Еро од… Continue reading ШУВАКОВИЌ, Коста
ШУКАРОВ, Љубомир Александров
ШУКАРОВ, Љубомир Александров (Велес, 2. Ⅹ 1919) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил (1944) во Софија. Специјализирал гинекологија и акушерство (1951) во Загреб и Скопје. Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои запазувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антибиотици“ (1957). Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1968 –1973)… Continue reading ШУКАРОВ, Љубомир Александров
ШУКАРОВА, Анета
ШУКАРОВА, Анета (Скопје, 1. Ⅷ 1955) – класичен филолог и историчар, професор во ИНИ. Дипломирала на Филозофско-историскиот факултет (Група класични студии) во Скопје (1979). Била професор во гимназијата „Орце Николов“, а потоа преминала во Институтот за национална историја (1981). Магистрирала на тема „Јустинијана Прима“ (1991). Докторирала во ИНИ на тема „Атинските ретори и Филип Ⅱ… Continue reading ШУКАРОВА, Анета
ШУКАРОВА, Искра
ШУКАРОВА, Искра (Скопје, 21. Ⅹ 1972) – балерина и кореограф. Балетската наобразба ја добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје (во класата на Ѓ. Јовановска). Оди на специјализација во Лион, Франција, (1993). Дипломира (2000) на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја на уметноста) со археологија. Магистрира (2002) во „Лабан“, центарот за танци и кореографија во… Continue reading ШУКАРОВА, Искра