ЦРВЕН КРСТ НА Република Македонија– доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на РМ. Основната цел на Црвениот крст на Република Македонијае подобрувањето на животот на ранливите лица, изложени на најголем ризик на живеење, со минимална социјална и економска сигурност и човечко достоинство, без дискриминација по националност, раса, пол, вера, јазик,… Continue reading ЦРВЕН КРСТ НА РМ
Tag: Ц
ЦРВЕНА ЅВЕЗДА
„ЦРВЕНА ЅВЕЗДА“ (лето 1942 – октомври 1943) – весник, орган на Македонската ослободителна организација (МОО) за Воденскиот округ. Тоа е прв весник на македонски јазик (воденски дијалект, но со грчка азбука) во Егејскиот дел на Македонија. Го уредувал Вангел Ајановски-Оче, а насловната страница ја илустрирал Гркот Андреас Андроникас. Бил умножуван на шапирограф на илегалната техника… Continue reading ЦРВЕНА ЅВЕЗДА
ЦРВЕНА ЛИСТА НА ГАБИ
ЦРВЕНА ЛИСТА НА ГАБИ – опфаќа 76 видови ретки и загрозени макромицети во РМ. Составена е од проф. д-р Митко Караделев од Институтот за биологија при ПМФ во Скопје и публикувана во домашни и во меѓународни списанија во 2000 г. Како критериуми за категоризација на загрозеноста на видовите се земени следниве фактори: (1) посебно редок… Continue reading ЦРВЕНА ЛИСТА НА ГАБИ
ЦРВЕНКОВСКИ, Бранко
ЦРВЕНКОВСКИ, Бранко (Сараево, 12. Ⅹ 1962) – трет по ред претседател на самостојна и суверена Република Македонија (2004–2009). Гимназија и Електротехнички факултет завршил во Скопје (1987). Работел во РО „Семос“, како раководител на сектор. Избран за член на ЦК на СКМ (1986) и за член на Претседателството на СКМ – ПДП (1990). Станува претседател на… Continue reading ЦРВЕНКОВСКИ, Бранко
ЦРВЕНКОВСКИ, Крсте Трајков
ЦРВЕНКОВСКИ, Крсте Трајков (псевд. Стево, Јанко, Богумилски) (Прилеп, 16. Ⅶ 1921 – Скопје, 21. Ⅶ 2001) – припадник на комунистичкото, младинското и студентското движење, партиски и државен раководител. УШТЕ како гимназијалец политички дејствувал во Прилеп и потоа во Скопје. Во 1935 г. бил член на СКОЈ, потоа на КПЈ и на Месниот партиски комитет во… Continue reading ЦРВЕНКОВСКИ, Крсте Трајков
ЦРВЕНКОВСКИ, Стево
ЦРВЕНКОВСКИ, Стево (Скопје, 18. Ⅲ 1947 – Скопје, 2. Ⅱ 2004) – филмски и телевизиски режисер, политичар. Дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Бел-град. Бил вработен во „Вардар филм“, каде што извесен период бил директор на оваа продуцентска куќа. Реализирал поголем број документарни програми за ТВ Скопје, неколку документарни… Continue reading ЦРВЕНКОВСКИ, Стево
ЦРВЕНОВ, Илија
ЦРВЕНОВ, Илија (Велес, 26. Ⅶ 1937 – Скопје, 15. ⅩⅠⅠ 1997) – оперски певец, баритон. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Пеење учел кај проф. К. Трпков. Во Операта на МНТ бил ангажиран од 1967 до 1993 г. Остварил околу 40 поголеми и помали улоги, од кои позначајни се: Алфио (Кавалерија рустикана), Валентин (Фауст), Амонасро… Continue reading ЦРВЕНОВ, Илија
ЦРВЕНОВ, Марин
ЦРВЕНОВ, Марин (Велес, 3. Ⅱ 1945) – балетски играч и педагог. Својата балетска наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на Р. Пакашки. Престојува на специјализација во Москва (1975–1977). Првенец на Балетот при МНТ (1962–1990). Играч со сигурен и хармоничен танц во креирањето на улогите и како партнер. Покрај со танчарство, се… Continue reading ЦРВЕНОВ, Марин
ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ
ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ (Олигоцхаета) – црви што на телото имат мал број четинки, според кои го добиле името (олигос гр. = малку; хети = четинки). Живеат во копнени води и во влажни почви. Имаат силно издолжено цилиндрично тело со различни димензии. Во Македонија се познати 139 таксони малучетинести црви, од кои 39 се ендемични. Во Охридско… Continue reading ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ
ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ
ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ (Полѕцхаета) – црви со голем број четинки (хети), по што и го добиле името. Се карактеризираат со присуство на параподии – зачетоци на членковидни екстремитети на трупните сегменти. Познати се окоМногучетинест црв лу 5.300 видови, претежно морски претставници, групирани во три реда: слободни полихети, прицврстени полихети и мизостоми. Во Македонија познат вид е… Continue reading ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ
ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ
ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ (Аннелида) – мекотели со прстенеста градба на телото. Постигнале висок степен на развиток и големо совршенство во телесната организација. Најчесто имаат издолжен црвовиден облик на телото, снабдено со различни израстоци што служат делумно за движење, а де-Прстенест црв лумно како сетилни органи. Некои се хранат со ситни животинки, а некои со органски материи… Continue reading ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ
ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ
ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ (Платхелминтхес) – црви со лентовиден или листовиден облик на телото, со димензии од неколку до 10 мм. Познати се преку 15.000 видови. Некои живеат слободни, а други како паразити. Во Ма-Сплескан црв кедонија овој тип без’рбетни животни се претставени со 85 видови, од кои 35 се ендемични. Поделени се во три класи: трепчести… Continue reading ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ
ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ
ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ (Нематхелминтхес) – црви со разновиден облик и големина на телото. Целото тело им е покриено со дебела покривка (кутикула), под која, наместо епител, се наоѓа слој од зрнеста протоплазма (хиподерма). Во Македонија Цевчест црв (нематода) има 613 видови цевчести црви. Тие се подредени во две класи: ротатории (Ротаториа) и нематоди (Нематода). Ротаториите се… Continue reading ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ
ЦРЕША
ЦРЕША (ЦРЕШНА) . (Прунус авиум Л.) – плод и родно стебло. Во РМ е застапена со 140.000–150.000 родни стебла и со принос од 3.000–4.000 т. Последниве три години (2004– 2006) се забележува зголемување на бројот на родните Цреши стебла (150.000– 160.000), како и на приносот (4.000–5.000 т). Се појави интерес за подигање производни насади со… Continue reading ЦРЕША
ЦРЕША, ДИВА
ЦРЕША, ДИВА .(Церсус авиум Моенцх., Прунус авиум Л., фам. Росацеае) – евроазиски вид. Големо дрво со широка, пирамидална круна, листовите се издолжено елип-Диви цреши тични, цветовите бели, врз долги дршки, а плодовите црни, ситни цреши, со горчлив вкус. Во РМ има општа распространетост како единечна примеса во дабови и во букови шуми. Ал. Анд. Црешовото… Continue reading ЦРЕША, ДИВА
ЦРЕШОВО ТОПЧЕ
ЦРЕШОВО ТОПЧЕ (1903) – дрвени топови (од комитетите на ТМОРО наречени пропагандни), изработувани непосредно пред и во текот на Илинденското востание. Димензии: должина од 80 до 150 цм, тежина 20–70 кг, калибарот, во зависност од муницијата, главно колку ѓуле од селски кантар или рачна бомба од битолската бомболеарница. Биле зацврстени со железни обрачи и поставувани… Continue reading ЦРЕШОВО ТОПЧЕ
ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ
ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ (с. Враништа) – наколна населба од енеолитскиот период, лоцирана на утоката на р. шум во Црни Дрим. Од материјалната култура – се откриени колци од платформите на кои се наоѓале куќите, груба сива керамика (тави за риба, долги кремени ножеви и стрелки, харпуни, шила и игли од рог на елен) карактеристична за рибарските… Continue reading ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ
ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА
ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА – една од најзначајните средновековни некрополи во поширокиот регион. Таа припаѓа на популацијата од градот Просек, сместен над Демиркаписката Клисура. Врз урнатините на ранохристијанската базилика била подигната средновековна црква со пространа некропола од повеќе стотини гробови. Гробовите се или слободно вкопани, обележани со по некој камен, ретко и дрвени штици или од… Continue reading ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА
ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ
ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ – депо со скапоцености од ⅩⅣ в. откриено на 4 км североисточно од Кочани, најдено во 1956 г., под подот во северозападниот агол на еднобродната црквичка, сместено во јужниот дел од средновековната некропола (Крушарски Рид, Оризари – Кочани). Депото се состои од пехар и три чифта наушници од злато (позлата) богато украсени со… Continue reading ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ
ЦРКВУЛЧЕ, С
ЦРКВУЛЧЕ, С. ТРПЕЈЦА – пештерна црква во близина на „Св. Богородица Заумска“ во правецот кон манастирот „Св. Наум“. хитектурата, посредно дефинирајќи и постулати од националниот стил во македонската архитектура на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. Континуирано се развива и во периодот меѓу двете светски војни, со изградба на разни спомен-цркви, споменкапели и костурници. К. Гр. Учесниците… Continue reading ЦРКВУЛЧЕ, С
ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ
ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ (1993) – верско организирање на Македонците во РХ. Како прва црковна општина на МПЦ била Македонската православна црковна општина „Св. Злата Мегленска“ (Загреб, 1993), а потоа биле основани МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“ (Пула, 1996) и МПЦО „Св. Наум Охридски“ (Сплит, 1996). МПЦ назначила постојан свештеник во РХ во црквата… Continue reading ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ
ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО
ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО – обемен и еден од позначајните делови од целокупната архитектонска продукција во Македонија. Се однесува главно на христијанските православни храмови. Како продложувач на традицијата на поствизантсикото црковно градителство во Македонија, во периодот на ⅩⅠⅩ в. доживува интензивен развој и трансформации. На тој начин учествува во создавањето на преродбенскиот стил во ар-ЦРКОВНО-НАРОДНИ СОБОРИ на… Continue reading ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО
ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА – посебни црковно-просветни и општествени институции, уште од времето на создавањето на првите христијански црковнорелигиозни општини. Во Охридската архиепископија била зачувана нивната извесна црковноопштествена самоуправа во регулирањето на религиозно-просветните, брачно-семејните, имотно-наследните и др. дела. Со укинувањето на Охридската архиепископија (1767) нејзините епархии и црковни општини потпаднале под јурисдикцијата на Цариградската патријаршија.… Continue reading ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЦРНА АРАПИНА
ЦРНА АРАПИНА – негативен лик во епските народни песни, синоним за црнци во македонското народно творештво, особено во епската народна поезија; сложен лик со митски и историски елементи. С. Мл.