ХАЏИ ПАНЗОВ, Ганчо

ХАЏИ ПАНЗОВ, Ганчо (Велес, 12. Ⅷ 1900 – Каса дел Кампо, Шпанија, 19. Ⅺ 1936) – поет, новинар, револуционер. Поради учество во македонското револуционерно движење бил исклучен од Велешката гимназија (1922), школувањето го продолжил во Скопје, каде што е еден од покренувачите на партискиот весник „Искра“. Емигрирал во Париз (1924–1936) каде што се вели дека… Continue reading ХАЏИ ПАНЗОВ, Ганчо

ХАЏИ Христо

ХАЏИ Христо (Белград, 1783 или 1794 – Атина, 1853) – офицер во османлиската армија и генерал на грчката армија. Бил во воена служба во Египет кај Мехмед Али. Со Хуршид-паша преку Сирија бил испратен на Пелопонез за задушување на Востанието во Грција. Преминал на страната на грчките востаници, се истакнал во борбите и во 1824… Continue reading ХАЏИ Христо

ХАЏИ-РИСТОВА, Љупка

ХАЏИ-РИСТОВА, Љупка (Велес, 21. Ⅶ 1931) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот шумарска ентомологија. Дипломирала на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1956). До 1960 г. работи во Секретаријатот за земјоделство и шумарство при Извршниот совет на СРМ. Истата година е избрана за асистент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Магистрирала… Continue reading ХАЏИ-РИСТОВА, Љупка

ХАЏИ, Душан Јованов

ХАЏИ, Душан Јованов (Љубљана, 26. Ⅷ 1921) – почесен професор (1998) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1998) и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав (2006). Во Љубљана дипломирал хемија со физика (1944). Доцент по физичка органска хемија на Одделот за хемија на Универзитетот во Љубљана (1953),… Continue reading ХАЏИ, Душан Јованов

ХАЏИВАСИЛЕВ, Киро

ХАЏИВАСИЛЕВ, Киро (Кавадарци, 1921 – Охрид, 2000) – учесник во НОБ, политичар, публицист и општественик. Во НОБ бил борец во Втората НОУ бригада. Во 1944 г. во Горно Врановци се вклучил во уредувачкиот тим на в. „Нова Македонија“. Бил министер за образование во Владата на СРМ, претседател на Советот за политички систем, потпретседател на Сојузното… Continue reading ХАЏИВАСИЛЕВ, Киро

ХАЏИЕВ, Стојо

ХАЏИЕВ, Стојо (с. Голешево, Демирхисарско-Серско, 16. Ⅴ 1879 – с. Покровник, 27. Ⅸ 1924) – учител, револуционер, војвода. Учителствувал во Серскиот округ. Бил четник (1900–1905), демирхисарски (во Серско) околиски војвода (од 1905), учесник на Рилскиот конгрес (1905). Бил член на Народната федеративна партија, пратеник во Османлискиот пар-ламент. Во Првата светска војна бил окружен управник во… Continue reading ХАЏИЕВ, Стојо

ХАЏИЕВА-ТРЕНДАФИЛОВСКА, Маргарита

ХАЏИЕВА-ТРЕНДАФИЛОВСКА, Маргарита (Охрид, 8. Ⅱ 1943) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Белград (1967). Се занимава со архитектонско и урбанистичко Маргарита Хаџиева-Трендафиловска проектирање (заедно со својата сестра Софија). Реализирала повеќе објекти во Охрид (в.: Мазова-Хаџиева Софија). Кр. Т. Драган Хаџиевски

ХАЏИЕВСКИ, Драган

ХАЏИЕВСКИ, Драган (Галичник, 5. Ⅶ 1928) – геофизичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирал на Филозофскиот факултет на Групата за физика (1957) и геофизика на ПМФ во Загреб (1961). Докторирал (1978) на ПМФ во Загреб со тема за физичките карактеристики на земјотресното жариште. Специјализирал во Загреб и во Москва. Одржувал постдипломска настава на ИЗИИС и… Continue reading ХАЏИЕВСКИ, Драган

ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола

ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола (Прилеп, 4. Ⅷ 1909 – Скопје, 25. Ⅺ 1970) – лекар, епидемиолог-микробиолог. Медицина завршил во Белград (1934), а потоа работел приватно до 1940 г. Бил партизански лекар и командант на Медицинско-санитетскиот баталјон на 48-та македонска ударна бригада. По војната (до 1949) бил командир на Антималаричната чета на Петтата армиска област. Во 1950 г.… Continue reading ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола

ХАЏИЈАНЕВ, Трифун

ХАЏИЈАНЕВ, Трифун (Воден, 1893 – логорот Хајдари, 1. Ⅴ 1944) – револуционер и комунист, основач на Социјалистичката партија во Егејскиот дел на Македонија и еден од организаторите на Воденската партиска организација на КПГ. Бил репресиран од грчките власти. Во 1944 г. бил ликвидиран од Германците, заедно со уште 200 комунисти во затворот Хајдари, близу до… Continue reading ХАЏИЈАНЕВ, Трифун

ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан

ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан (Велес, ок. 1818 – Велес, 29. Ⅷ 1882) – македонски книжевен, просветен и културнонационален деец. школувањето го започнува во родниот град, а го продолжува во Самаков и во грчката гимназија во Солун. Работи како учител, применувајќи нови наставни (ланкастарски) методи и го воведува народниот јазик во наставата. Учителствува во приватно училиште во ВелесContinue reading ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан

ХАЏИМАНОВ, Васил

ХАЏИМАНОВ, Васил (Кавадарци, 14. И 1906 – Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 1969) – етномузиколог. Сестрано образован (студирал на Правниот и на Филозофскиот факултет во Бел-град, магистрирал фармација во Загреб), но тој, сепак, поголемиот дел од својот живот $ го посветил на музиката. Неговиот главен придонес се состои во собирачката дејност. Собрал над 8.000 македонски и 700… Continue reading ХАЏИМАНОВ, Васил

ХАЏИМАНОВ, Зафир

ХАЏИМАНОВ, Зафир (Кавадарци, 12. ⅩⅠⅠ 1943) – автор и интерпретатор на популарна музика, актер. Дипломирал (1967) на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тогаш ја започнал својата естрадна кариера, учествувајќи и добивајќи награди на фестивалиЗафир Хаџиманов те во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот (Полска), Варадеро (Куба). На филмското платно се јавува како главен протагонист во… Continue reading ХАЏИМАНОВ, Зафир

ХАЏИМИТКОВ, Тодор

ХАЏИМИТКОВ, Тодор (Скопје, 1898 – Скопје, 1987) – ветеринар, прв доктор на ветеринарните науки од Македонија (Загреб, 1934). Работел во Градската ветеринарна служба на Градот Скопје (1941 –1952), директор на Ветеринарниот инспекторатот на Градот Скопје (1952–1962). При фашистичката депортација на Евреите од Македонија (1943) има засолнато и спасено едно еврејско семејство. Неговото име, како добротвор,… Continue reading ХАЏИМИТКОВ, Тодор

ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух

ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух (Скопје, 18. Ⅳ 1909 – Скопје, 11. Ⅷ 1980) – музички педагог и композитор. Музика учи во Белград. Наставник и хорски раководител ната државна заедница. Од 1945 г. е во Скопје, како шеф на Музичкото одделение во Министерството за просвета, раководител на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и директор на Средното… Continue reading ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух

ХАЏИСКИ, Александар

ХАЏИСКИ, Александар (Струмица, 1947) – писател. Во текот на 1966 г. ја напушта Македонија и три години живее во Франција, а од 1969 се населува во САД. Пишува на англиски. Го објавил премиерно во САД својот прв роман „Бескрајно патување“ (Оклахома Сити, 1981), кој набргу е преведен на српски јазик во Белград и на македонскиContinue reading ХАЏИСКИ, Александар

ХАЏОВ, Иван

ХАЏОВ, Иван (Струга, 1885 – Софија, 1956) – литературен историчар, филолог, просветен деец. Се школувал во Софија, каде што завршил гимназија и словен-ска филологија на Универзитетот „Климент Охридски“. Престојувал во Австрија, Германија и Хрватска. Учествувал во работата на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил бројни написи од областа на литературната историја, лингвистиката и методиката. Автор… Continue reading ХАЏОВ, Иван

ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА. Основан е со Резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН (25. Ⅴ 1993) како меѓународна правосудна институција која има надлежност да суди на лица за кои постои основано сомневање дека имаат извршено воени злосторства и злосторства против човештвото, но и злосторства против мирот, на територијата на СФРЈ, од почетокот… Continue reading ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

ХАШОМЕР ХАЦАИР

ХАШОМЕР ХАЦАИР“ (Младиот стражар) (1921–1943) – еврејска младинска прогресивна организација во Македонија. Била активна во сите поголеми центри во Македонија со еврејско население. Во Штип кенот имал околу 30 членови, го раководител Аврахам-Алберто Барух Цион (1921– 1943). Во Битола бил основан кен со околу 400 членови (1931), со седиште во просториите на еврејското училиште „Ла… Continue reading ХАШОМЕР ХАЦАИР

ХЕЛЕНИЗАМ

ХЕЛЕНИЗАМ (герм. Хеленисмус, термин на историчарот Г. Дројзен според ст. гр. ε′λληνισμο′ ζ – поддржување на хеленскиот начин на живот, прифаќање на хеленската цивилизација, користење на кодифициран ст.гр. јазик – коине). Обележува голема историска епоха во цивилизациска смисла на античките народи на Европа, Азија и Африка. Се нарекува Александризам, според нејзиниот творец македонскиот цар Александар… Continue reading ХЕЛЕНИЗАМ

ХЕЛИЦЕРАТИ

ХЕЛИЦЕРАТИ (Цхелицерата) – членконоги организми без антени. Поседуваат јаки вилици (хелицери) во облик на клешта со кои ја дробат храната. Од овој поттип организми во Македонија се застапени претставници од класата пајаковидни хелицерати (Арацхнида), од која е утврдено присуство на 825 таксони (819 видови и 6 подвидови); од нив, 71 таксон се ендемични (65 видови… Continue reading ХЕЛИЦЕРАТИ

ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ

ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ. Производството на полимери во Република Македонијае најмасовно од 1960-тите до 1990-тите, а потоа замира и практично не постои, освен некои смоли наменети за лакови и премази. Најголеми производители на синтетички полимери биле „Охис“ – Скопје (основан е 1956 г., произведувал полиакрилонитрилно влакно, 37.000 тони годишно, поливинилхлорид, од 20 до 55.000 т… Continue reading ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ

ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО

ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО – дејност што ги проучува и решава проблемите во врска со индустриската преработка на дрвото по хемиски пат, со задача да ги усовршува постојните и да пронаоѓа нови хемиски методи за што поуспешно, потполно и рационално користење на дрвната суровина. Таа опфаќа повеќе значајни технологии за преработка на дрвото, како што… Continue reading ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО