ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов (Скопје, 2. ⅩⅠⅠ 1957) – правник, унив. професор. Дипломира (1981) и магистрира (1986) на Правниот факултет во Скопје. Докторира (1989) на Факултетот за политички науки, социологија и новинарство во Љубљана. Професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје (од 1984). Бил министер без ресор во Владата на Република Македонија(1990–1992), министер за… Continue reading ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов
Tag: Ф
ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА – најмасовен спорт во Македонија. Се јавува кон крајот на ХИХ и во почетокот на ХХ в. во поголемите градови. Прв натпревар бил одигран помеѓу два тима од турското Воено училиште во дворот на Ислахане во Идадија во Скопје (на Велигден 1909). Во Битола екипата на конзулите го победила тимот на турскиот… Continue reading ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА
ФУЕРЕ, Ерван
ФУЕРЕ, Ерван (Ерњан Фоуере) (Ренс, Р Франција, 5. Ⅵ 1946) – ирски и европски дипломат. Правник (1967); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ за Мексико и Куба (1989-1994); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ во Јужна Африка (1994-1998); шеф на Делегацијата на ЕЗ во Р Словенија во периодот кога Р Словенија станува членка на ЕУ… Continue reading ФУЕРЕ, Ерван
ФУКАРА, Харалампие
ФУКАРА, Харалампие (Прилеп, 12. Ⅷ 1900 – Скопје, 12 Ⅴ 1966) – маш. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1964 г.) по предметите: механизација во градежништвото и греење и проветрување (на Архитектонскиот факултет). Завршил во Белград (1927) и до изборот за доцент на Техничкиот факултет (1949) работел во Југословенските железници. Предавал и… Continue reading ФУКАРА, Харалампие
ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова
ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова (Јорданка Фоулон-Христова) (Скопје, 14. Ⅺ 1930) – романист, професор по македонски јазик, литература и цивилизација на ИНАЛЦО во Париз. Гимназијата и Филозофскиот факултет (Група романистика) ги завршува во Скопје (1949–1953). Се вработува како гимназијален професор по француски јазик првин во Скопје (1954), а во следната учебна година во Охрид (1955/56), по кое… Continue reading ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова
ФУНГИ МАКЕДОНИКИ
„ФУНГИ МАКЕДОНИКИ“ (Фунги Мацедоници) – единствената збирка суви габи (фунгариум) во Македонија, која во моментов брои околу 10.000 примероци или околу 3.000 различни видови. Примероците потекнуваат од РМ, Балканскиот Полуостров, Европа, Централна Азија, Северна Африка и др. Збирката се чува во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во„Фунги македоники“ Скопје. Најголем дел… Continue reading ФУНГИ МАКЕДОНИКИ
ФУРНИРИ
ФУРНИРИ – тенки листови од дрво со еднаква дебелина, изработени од призма од фурнирски трупец или од обло дрво (фурнирски трупец). Тие се изработуваат според технологијата на бичење (режење, пилење), сечење или лупење. Фурнирските листови имаат дебелина од 0,2 до 8,0 мм, најчесто од 0,5 до 3,5 мм. Според положбата на годовите при бичењето и… Continue reading ФУРНИРИ
ФУШТИЌ, Вангел
ФУШТИЌ, Вангел (Скопје, 4. Ⅱ 1956) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., декан на ЕТФ во Скопје. Автор/коавтор е на повеќе трудови во зборници од меѓународни/домашни собири, стручни списанија и педесетина студии и АП од областа на ЕЦРП и упра-Вангел Фуштиќ вувачките системи. Тој е заслужен за воведувањето на проектниот менаџмент во… Continue reading ФУШТИЌ, Вангел