ФУНГИ МАКЕДОНИКИ

„ФУНГИ МАКЕДОНИКИ“ (Фунги Мацедоници) – единствената збирка суви габи (фунгариум) во Македонија, која во моментов брои околу 10.000 примероци или околу 3.000 различни видови. Примероците потекнуваат од РМ, Балканскиот Полуостров, Европа, Централна Азија, Северна Африка и др. Збирката се чува во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во„Фунги македоники“ Скопје. Најголем дел од видовите се детерминирани по вид и презервирани според меѓународни критериуми. Во збирката се зачувани само фертилни примероци, т.е. сите видови се микроскопирани и располагаат со спори. М. К.