трум вулгаре Л

трум вулгаре Л., фам. Олеацеае) – листопадна грмушка од Средна и Јужна Европа и од Северна Африка. Листовите се спротивно поставени, елипсовидни, на врвот заос-Прасика трени. Цветовите се бели, собрани во метлести соцветија, а плодовите се црни бобинки. Кај нас е застапена во дабовиот регион на повлажни станишта. Ценета грмушка за создавање живи огради. Ал.… Continue reading трум вулгаре Л

ТРУХЕЛКА, ќиро

ТРУХЕЛКА, ќиро (Осиек, Хрватска, 1864 – Загреб, ? 1942) – класичен филолог, археолог, кој се занимава со проучување на праисторијата, антиката и раното христијанство на Балканот. Еден од основачите на Земаљскиот музеј во Сараево, каде што работи до 1922. Во 1925 г. именуван е за професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Ја организирал… Continue reading ТРУХЕЛКА, ќиро

ТУЈА

ТУЈА (Тхуја Л., фам. Цупрессацеае) – родот содржи шест зимзелени вида дрвја од Источна Азија и од Северна Америка. Се одликуваат со пирамидален хабитус, лушпести листови, густо прилегнати врз сплесканите леторасти. шишарките се мали и дрвенести. Кај нас, како декоративни видови, се одгледуваат: Тх. ориенталис Л., источна туја од Источна Азија; Тх. оцциденталис Л., западна… Continue reading ТУЈА

ТУЛЕВСКИ, Владимир

ТУЛЕВСКИ, Владимир (Скопје, 5. И 1948 Скопје, – 21. Ⅹ 2008) – новинар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во „Нова Македонија“ од 1975 г. како соработник и уредник на Внатрешно-политичката рубрика. Дописник од Софија (1989), известувал за драматичните настани во Романија и паѓањето на Чаушеску. По враќањето е директор на Радио НОМА. Главен и… Continue reading ТУЛЕВСКИ, Владимир

ТУМАНИ

ТУМАНИ – машка долна облека, изработена од клашна. Би-ла долга до глуждовите, а од страна на колковите имала џепови. Дополнително била декорирана со гајтани. Ј. Р.-П.

ТУМБА

ТУМБА (с. Караман, Битолско) – праисториска населба. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, покрај брегот на р. Драгор. Висока е 6 м, кружна во основата со пречник од 250 м и е една од најголемите тумби во Пелагонија. Делумно е оштетена со ровови од Првата светска војна. Со сондажното ископување во 1974 г.… Continue reading ТУМБА

ТУНИЌ , Младен

ТУНИЌ , Младен (Призрен, 9. Ⅲ 1930 – Скопје, 30. Ⅷ 1985) – ликовен уметник, сликар, илустратор и дизајнер, еден од доајените на современата илустрација за деца во Македонија. Илустрирал сликовници и книги за деца, учебници и списанија, со лесен, лирски и распеан цртеж и богат колорит. Цртал и стрипови. Учествувал на изложби и саеми… Continue reading ТУНИЌ , Младен

ТУНТЕВ, Борис

ТУНТЕВ, Борис (Охрид, 21. Ⅲ 1911 – Скопје, 29. Ⅹ 1977) – професор по геодезија. Средно техничко училиште завршил 1931 г. во Белград. Во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – Скопје работел како професор од формирањето до пензионирањето (1949–1971). Ги напишал учебниците „Геодетски пресметувања“ и „Применета геодезија“. Р. Риб. Васил Тупурковски

ТУПУРКОВСКИ, Васил

ТУПУРКОВСКИ, Васил (Скопје, 8. Ⅳ 1951) – унив. професор, правник, политичар. Дипломира на Правниот факултет во Скопје (1972), магистрира на Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген, САД (1972) и докторира на Правниот факултет во Скопје (1976). Вработен е на Правниот факултет во Скопје (1974–). Бил претседател на ССМЈ (1979–1980), член на ПЦК на СКМ (1982–1986),… Continue reading ТУПУРКОВСКИ, Васил

ТУРБЕ

ТУРБЕ – исламски надгробен споменик, мавзолеј. Турбињата се градат покрај џамии и на гробишта. Најчеста форма им е квадратна и полигонална, од затворен и од отворен тип со купола. Градени се од камен и од тули, а се среќаваат и обложени со мермер. Позначајни турбиња се на Мустафа-паша, турбето во дворот на Алаџа џамија, на… Continue reading ТУРБЕ

ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ

ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ (Гази Баба) (Скопје, на ридот Гази Баба, ⅩⅤⅠ в.) – место на кое бил погребен поетот и лите-рат АШИК Челеби со вистинско име Мехмед Али ел Натаи, познат како Гази Баба или Кади Баба. Починал како кадија на Скопје (1571/1572). Обновено кон крајот на ⅩⅠⅩ в., добило форма на затворено турбеContinue reading ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ

ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ

ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ (Скоп-је,ⅩⅤ в.) – подигнато во близина на Султан Муратовата џамија, место на кое е погребен Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Од турбето се зачувани саркофагот на Исхак-бег и долните делови од шестоаголната камена основа на турбето. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 122-123; Александар… Continue reading ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ

ТУРИЗАМ

ТУРИЗАМ – економска дејност насочена кон организирање патувања и привремено сместување луѓе надвор од нивното постојано место на живеење, не подолго од една календарска година, заради одмор, забава, рехабилитација, посета на културни и спортски настани, природни атракции, историски споменици и сл., но не и заради стекнување доход. Туризмот може да биде: рекреативен, забавен, културен, конгресен,… Continue reading ТУРИЗАМ

ТУРИЈА

ТУРИЈА – вештачка акумулација изградена на истоимената р. Турија, во Струмичката Котлина. Се наоѓа 16 км северно од Струмица. Браната е земјено-насипна, со глинено јадро преку кое е нафрлан чакал и камен. Круната е долга 417,3 м, широка 8 м, и висока над теренот 78 м. Должината на заезерениот дел изнесува 4,5 км, широчината 500… Continue reading ТУРИЈА

ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев

ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев . (Кавадарци, 19132001 74130 16158 21,8 57972 78,2 Кралево, Србија, 19. Ⅹ 1945) – при2002 73985 16230 21,9 57755 78,1 падник на комунистичкото движење, учесник во НОБ, воен раково2003 72059 16033 22,2 56026 77,8 дител. Член на КПЈ од 1941. Од 2004 72276 16171 22,4 56105 77,6 1943 г. е борец… Continue reading ТУРИМАНЏОСКИ ГОРСКИ Диме Панев

ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од Маричката битка 1371 г. по која Османлиите почнуваат да навлегуваат на територијата на Македонија. До 1430 г. на вкупната територија на Македонија е воспоставен османлиски административен и воено-полициски систем што функционира до поделбата на Македонија (1913). По Втората светска војна односите меѓу Македонија и Турција се одвиваат во рамките… Continue reading ТУРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ТУРУНЏОВ, Александар

ТУРУНЏОВ, Александар (с. Горно Врбени, Леринско, 18. Ⅴ 1871 – Битола, 30. Ⅷ 1905) – учесник во Илинденското востание, лерински војвода. Бил во четата на војводата Г. Попанчев (1902). Како војвода (1903) учествувал во Илинденското востание во Леринско. По предавството бил заробен (1904) во с. Ај-ЛИТ.: К. Битоски, Континуитетот на македонските националноослободителни борби во ⅩⅠⅩ… Continue reading ТУРУНЏОВ, Александар

ТУРЦИТЕ ВО РМ

ТУРЦИТЕ ВО Република Македонија– етничка заедница во РМ. По Маричката битка (1371) Македонија постепено потпаднала под османлиското владеење (1371–1912) и започнал процес на населување на турско население. Со тоа етничката карта на Македонија забележува промени, но не и суштински измени. Се забележуваат процеси на внатрешна миграција (повлекување на македонското население од низините во планините), процеси… Continue reading ТУРЦИТЕ ВО РМ

ТУТУН

ТУТУН (Ницотиана табацум Л.)– се одгледува поради листовите, кои по сушењето, манипулацијата и ферментацијата служат како основна суровина за изработка на разни тутунски преработки наменети за уживање. Се консумира претежно со пушење (цигари, цигарилоси, пури, тутун за луле, тутун за виткање), а многу малку со шмркање (бурмут) или со џвакање. Се ужива поради физиолошкото дејство… Continue reading ТУТУН

ТУФЕКЏИЕВ, Наум

ТУФЕКЏИЕВ, Наум (Ресен, 29. Ⅵ 1864 – Софија, 26. Ⅱ 1926) – трговец од Македонија во Софија, припадник на врховистичката организација, потпретседател на ВМК (1895). По убиството на С. Стамболов се засолнил во Одеса. По Младотурската револуција дошол во Македонија. Бил близок со младотурските раководители Нијази-бег и Енвер-бег. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени, Документи,… Continue reading ТУФЕКЏИЕВ, Наум

ТУЏАРОВ, Душан

ТУЏАРОВ, Душан (Струмица 3. Ⅹ 1930) – фармацевт, основоположник и директор на веледрогеријата „Реплек–Македонијалек“ и претседател на Здружението на веледрогерии на Југославија. Основач на Фармацевтската комора на Македонија и нејзин претседател (1992–1996); еден од спонзорите за изградба на Фарм. ф. во Скопје. Основач на Фармацевтската индустрија „Реплекфарм“(2002). Претходно работел во аптека, потоа во „Алкалоид“ како… Continue reading ТУЏАРОВ, Душан

ТУЏАРОВ, Томе Душанов

ТУЏАРОВ, Томе Душанов (Стру-мица, 25. Ⅴ 1935 – Скопје, 12. Ⅹ 2004) – спец. по максилофацијална хирургија, редовен проф. на Ст. ф. (1986). Докторирал во 1976 г. Публикувал 100 статии. Автор е на книгите: „Плунковни жлезди и нивните заболувања“, „Темпоромандибуларен зглоб“, „Акупунктура во теоријата и практиката“. Трипати бил продекан на Ст. ф. и претседател на… Continue reading ТУЏАРОВ, Томе Душанов

ТУШЕВСКИ, Ванчо

ТУШЕВСКИ, Ванчо (Кочани, 3. Ⅶ 1949 – Скопје, 27. Ⅹ 2006) – литературен историчар, професор на Филолошкиот факултет во Скопје по Македонската литература во ⅩⅠⅩ век. Автор на повеќе трудови од областа на историјата на македонската литература. Научното дело на професорот Ванчо Тушевски го одликува завидна истражувачка акрибија. БИБ.: Јоаким Крчовски и изворите на некои… Continue reading ТУШЕВСКИ, Ванчо

ТУШИ, Зехедин З

ТУШИ, Зехедин З. (с. Добовјани, Струга 26. Ⅶ 1943) – генералпотполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струга. Воена академија на ЈНА (Белград), Командноштабна академија и школа за народна одбрана на ЈНА. Бил командир на вод и на чета, командант на граничен баталјон, началник на штаб на корпус, помошник на НГ ш за… Continue reading ТУШИ, Зехедин З