ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ

ТУРБЕ НА АШИК-ПАША ЧЕЛЕБИ (Гази Баба) (Скопје, на ридот Гази Баба, ⅩⅤⅠ в.) – место на кое бил погребен поетот и лите-рат АШИК Челеби со вистинско име Мехмед Али ел Натаи, познат како Гази Баба или Кади Баба. Починал како кадија на Скопје (1571/1572). Обновено кон крајот на ⅩⅠⅩ в., добило форма на затворено турбе со купола. Срушено од земјотресот од 1963 г. ЛИТ.: Крум Томовски, Преглед на позначајните турбиња во Македонија, Зборник на Техничкиот факултет 1957/58, Скопје, 1957/58; Салих Асим, Историја на Скопје и неговата околина. Превод и коментари д-р Драги Ѓоргиев, Скопје, 2005. Др. Ѓ.