СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров (Скопје, 2. Ⅲ 1955) – спец. интернист, хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Раководител на Дневната болница при Клиниката за хематологија, претседател на Здружението на хематолозите на РМ, член на Европската асоцијација за хематологија. Особен интерес и заслуги има за развојот на трансплантацијата на коскената срцевина во РМ, како и… Continue reading СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров
Tag: С
СТОЈАНОВСКИ, Александар
СТОЈАНОВСКИ, Александар (Куманово, 11. Ⅷ 1929 – Скопје, 19. Ⅴ 2009) – историчар – турколог. Дипломирал на катедрата по историја на Филизофскиот факултет во Скопје и се вработил во Институтот за национална историја, во Одделението за османлиско-турскиот период (1955). Доктрорирал на темата „Дервенџиството во Македонија“ (1963). Се усовршувал и вршел архивски истражувања во Истанбул, Анкара,… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Александар
СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов
СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов (Томино Село, Македонски Брод, 28. Ⅹ 1937) – психолог, универзитетски професор. Основно образование завршил во Долни Манастирец, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1965), а магистрирал во Центарот за мултидисциплинарни студии во Белград (1975). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Работел како психолог во Заводот за… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов
СТОЈАНОВСКИ, Кирил
СТОЈАНОВСКИ, Кирил (с. Злести, Дебарца, 1909 – 31. И 1971) – свештеник и истакнат учесник во НОАВМ. По Априлската војна (1941) му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ (11. Ⅺ 1943). Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Кирил
СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов
СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов (Скопје, 10. Ⅶ 1959) – генерал-потполковник, началник на ГШ на АРМ. Завршил Воена академија, во родот пешадија во ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод и на чета, бил заменик на командант на баталјон, началник на отсек за Воена полиција и командант на Ⅵ одред. Завршил Командноштабна академија и школа… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов
СТОЈАНОВСКИ, Ненад
СТОЈАНОВСКИ, Ненад (Скопје, 19. Ⅷ 1952 – Скопје, 14. Ⅶ 1998) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа, на Отсекот за драмски актери во Скопје (1976). Член е на Драмскиот театар во Скопје (1976-1998). Со својата извонредна сценска појава уште во почетокот на кариерата раскошно го демонстрираше својот талент. Во Драмата на МНТ ги реализираше… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Ненад
СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов
СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов (с. Скачинци, Велешко, 8. Ⅱ 1923) – педијатар, хематолог. Мед. ф. завршил во Белград (1952), а специјализација по педијатрија во Загреб (1958). Во Велес го отворил Педијатриското одделение и го раководел с“ до одењето в пензија (1987). Истовремено бил Управник на Медицинскиот центар во Велес од неговото формирање (1964–1987). Докторирал на тема… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов
СТОЈАНОВСКИ, Пане
СТОЈАНОВСКИ, Пане (Скопје, 8. Ⅵ 1946) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1992 г.) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Магистрирал на Градежниот факултет во Скопје (1977), каде што и докторирал (1982). Се усовршувал во Велика Британија со стипендија на Британскиот совет (1977/78), во Станфорд (САД) со Фулбрајтова… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Пане
СТОЈАНОВСКИ, Панче
СТОЈАНОВСКИ, Панче (Стру-мица, 14. И 1940) – основоположник на македонската дијатомолошка школа. Долгогодишен професор на Институтот за биологија при ПМФ каде што има и неколку раководни функции. Докторската дисертација „Перифитонот на Дојранското Езеро – неговиот состав и продукција“ ја одбранил во Скопје (1977). Автор е на повеќе од 50 научни трудови од областа на пресноводната… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Панче
СТОЈАНОВСКИ, Цветан
СТОЈАНОВСКИ, Цветан (Битола, 5. Ⅴ 1965) – оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1985 г. дипломирал соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. М. Ефтимова), а специјализирал во Загреб, Хрватска. Во Операта на МНТ работел од 1989 до 1992 и повторно од 1996 година. Во меѓувреме (1992–1996) е ангажиран како… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Цветан
СТОЈКОВ, Методија
СТОЈКОВ, Методија (с. Безиково, Кочанско, 12. Ⅱ 1945) – економист, универзитетски професор, општественик. Основно образование завршил во с. Блатец, Виничко, а средно во Берово (1965). На Економскиот факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирал (1969), магистрирал (1975) и докторирал (1980) на теми од областа на економскиот развој на РМ. За асистент на… Continue reading СТОЈКОВ, Методија
СТОЈКОВ, Петар
СТОЈКОВ, Петар – бугаројазичен македонски автор од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ в., по потекло од Југоисточна Македонија (Марвашкиот крај, Серско и Неврокопско). Зачувани му се десетина книшки поезија, публицистички записи и политички коментари. Објавени му се следниве одделни публикации: 1. Македонски поборник за слободата на Македонија (Софија, 1897), 2. Заштитна реч на… Continue reading СТОЈКОВ, Петар
СТОЈКОВ, Стојан
СТОЈКОВ, Стојан (Подареш, Радовишко, 17. Ⅹ 1941) – композитор. Композиција учи во Скопје (Вл. Николовски) и на Музичката академија во Белград, каде што и дипломира (Е. Јосиф, 1969). По Стојан Стојков враќањето во Скопје станува професор во Средното музичко училиште, аод 1979 г. на Факултетот за музичка уметност. УШТЕ во своите студентски дела С. се… Continue reading СТОЈКОВ, Стојан
СТОЈКОВИЌ, Мирослав
СТОЈКОВИЌ, Мирослав (Скопје, 1935) – градежен инженер, редовен професор од областа на сеизмологијата. Завршил Градежен факултет во Скопје (1963), магистрирал (1967) и докторирал (1991) во ИЗИИС. До 1965 г. работел во „Македонија-проект“, од 1966 во ИЗИИС (од асистент до редовен професор) на проблеми од инженерската сеизмологија, особено на микротремори и локални влијанија на почвата во… Continue reading СТОЈКОВИЌ, Мирослав
СТОЈКОВСКИ-БУЗО, Трајко Донев
СТОЈКОВСКИ-БУЗО, Трајко Донев (Куманово, 10. И 1923 – Скопје, 14. Ⅹ 2005) – комунистички деец, воен командант, народен херој и општественик. Како член на СКОЈ (од 1941), активно учествувал во подготовките на НОБ во Куманово, а потоа станал борец на Кумановскиот НОПО (јуни 1943). Посебно се истакнал како пушкомитралезец во борбата на Дренак против четничките… Continue reading СТОЈКОВСКИ-БУЗО, Трајко Донев
СТОЈКОВСКИ, Глигор
СТОЈКОВСКИ, Глигор (Волковија, Гостиварско, 7. Ⅷ 1952) – новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976&1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985&1998), новинар во „Утрински весник“ (1999&2001), главен уредник (2001&2007) и сегашен извршен директор на „Култура“. Автор е на повеќе… Continue reading СТОЈКОВСКИ, Глигор
СТОЈКОВСКИ, Насте
СТОЈКОВСКИ, Насте (Мраморец, Битолско, 10. Ⅶ 1932 – Скопје, 23. Ⅷ 1993) – новинар и издавач. Завршил Правен факултет во Скопје. Од 1960 г. работи во „Млад борец“, а до крајот на работниот век во НИП „Студент-ски збор“, како уредник и директор. Долгогодишен деец и претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Б. П. Ѓ.
СТОЈКОВСКИ, Чедомир
СТОЈКОВСКИ, Чедомир (Куманово, 14. И 1931 – Скопје, 13. Ⅹ 1998) – новинар во кумановскиот „Наш весник“ и директор на локалната радиостаница, потоа Чедомир Стојковски уредник во Радио Скопје и во два мандата (1978–1986) директор на Македонското радио. Бил на чело на Здружението на новинарите на Македонија, на Сојузот на новинарите на Југославија и делегат… Continue reading СТОЈКОВСКИ, Чедомир
СТОЈМЕНОВСКИ, Кирил
СТОЈМЕНОВСКИ, Кирил (с. Русиново, Беровско, 14. Ⅷ 1937) – математичар, ред. проф. (1991) на ТМФ (асистент од 1968). Дипломирал на ПМФ (1960), магистрирал (1967) на ПМФ во Белград, докторирал (1984) на Математичкиот факултет во Скопје на темата „Прилог кон теоријата на квазигрупите и решетките“ и објавил научни трудови од таа област. Н. Ц. Љупчо Стојменски
СТОЈМЕНСКИ, Љупчо
СТОЈМЕНСКИ, Љупчо (Штип, 20. Ⅺ 1931 – Скопје, 10. И 2007) – поет, преведувач (Окуџава, Рождественски, Вознесенски, Смирненски) и новинар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“, потоа уредник во МРТ. БИБ.: Меѓу два брега, поезија, 1957; Крај тешките води, поезија, 1962; Отимања, поезија, 1969; Куршуми низ времето,… Continue reading СТОЈМЕНСКИ, Љупчо
СТОЈМИЛОВ, Александар
СТОЈМИЛОВ, Александар (с. Бели, Кочани, 18. И 1941) – географ. Основно образование завршил во родното место, а средно во Кочани. Дипломирал географија (1963) на Природно-математичкиот факултет во Скопје, магистрирал (1967) на Природно-математичкиот факултет во Белград на темата „Можности за развој на туризмот на македонските езера“, а докторирал (1974) на Природноматематичкиот факултет во Скопје на тема… Continue reading СТОЈМИЛОВ, Александар
СТОЈЧЕВ-СРТАЊУ, Крсто
СТОЈЧЕВ-СРТАЊУ, Крсто (Разлог, 10. Ⅸ 1910 – Софија, 19. Ⅵ 1975) – учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). Ги предводел просветните работници на протести против… Continue reading СТОЈЧЕВ-СРТАЊУ, Крсто
СТОЈЧЕВ, Борис
СТОЈЧЕВ, Борис (Битола, 1. Ⅵ 1924) – физичар, ред. проф. (1964) на универзитетот во Торонто и негов почесен професор, член на МАНУ надвор од работниот состав (1981). Во Канада од 1931 г., дипломирал (1947) и докторирал (1950) на Универзитетот во Торонто. Пред тоа, работел 13 години во Националниот истражувачки совет во Отава. Во врвни спи-Борис… Continue reading СТОЈЧЕВ, Борис
СТОЈЧЕВ, Ванче Киров
СТОЈЧЕВ, Ванче Киров (с. Црвулево, Штипско, 15. Ⅱ 1951) – историчар, универзитетски професор, полковник на АРМ. Завршил средно воено училиште во Сараево (1970). Бил на командирски должности во Белград (1970–1992); завршил Факултет за одбрана (1986) и Воена академија во Сараево (1987), магистрирал и докторирал во Белград (1992), работел како самостоен истражувач во Воено-историскиот институт во… Continue reading СТОЈЧЕВ, Ванче Киров