СПОРТСКИ ВЕЖБИ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ТМОРО/ ВМОРО. Од основањето на МРО градските и селските комитети обрнале поголемо внимание кон народните форми на спортските активности. Учениците биле поттикнувани систематски да ги негуваат, а граѓаните масовно да се натпреваруваат на црковните и на други масовни собори. Со формирањето на вооружените чети, во нив повремено биле организирани натпреварувања… Continue reading СПОРТСКИ ВЕЖБИ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ТМОРО/ ВМОРО
Tag: С
СПОРТСКИ ЈАВНИ ГЛАСИЛА
СПОРТСКИ ЈАВНИ ГЛАСИЛА. УШТЕ во османлискиот период весниците објавувале информации за спортски настани во Македонија, како „Цариградски вестник“ и „Цариградски гласник“ во Цариград, „Вардар“ и „Законитост“ во Скопје, „Работническа искра“ во Битола, „Отечество“ во Солун и други. Со „Фискултурен гласник“ во Скопје (од 1946) започнало излегувањето и на специјализирани спортски весници, подоцна под разни имиња.… Continue reading СПОРТСКИ ЈАВНИ ГЛАСИЛА
СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ
СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ – стручни кадри по физичка култура. УШТЕ во педесеттите години биле формирани градски здруженија и Сојуз на педагозите по физичка култура на Македонија, на чело со претседател (Благоја Цветковски), сега Федерација (од 2002), која се грижи за унапредување на физичкото воспитание, за спортските и спортско-рекреативните активности, за стручното усовршување на своите членови и… Continue reading СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ
СПОРТСКИ СРЕДБИ НА СОЛИДАРНОСТА
СПОРТСКИ СРЕДБИ НА СОЛИДАРНОСТА (Скопје, 1964–1971) – игри во знак на поддршка на граѓаните од разурнатото Скопје во катастрофалниот земјотрес (1963). Првите средби започнале со свечено дефиле на бригадиритеспортисти од Југославија и од светот што учествувале во изградбата на градот, а потоа биле одржани спортски натпреварувања во: атлетика, ватерполо, велосипедизам, ракомет, кошарка, гимнастика и пливање,… Continue reading СПОРТСКИ СРЕДБИ НА СОЛИДАРНОСТА
СПРОСТРАНОВ, Евтим
СПРОСТРАНОВ, Евтим (Охрид, 15. И 1868 – Софија, 5. Ⅶ 1931) – бугарски публицист, литературен и научен работник во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Се пројавува како двојазичник, пишувајќи на бугарски и на македонски јазик. Ав-тор е на значаен „Дневник“, останат во ракопис (се чува во трезорите на Народната библиотека „Кирил и Методиј“ и… Continue reading СПРОСТРАНОВ, Евтим
СРБИНОВИЌ, Младен
СРБИНОВИЌ, Младен (с. Сушица, Гостиварско, 29. Ⅺ 1925 – Бел-град, 2009) – академски сликар, редовен член на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (26. Ⅵ 1997). Кога имал пет години, неговото семејство се преселило во Белград (1930). Бил учесник во Младен Србиновиќ М. Србиновиќ: Богородица со Христос, мозаик (1992)
СРБИНОВСКИ, Јован
СРБИНОВСКИ, Јован (Непроштено, Тетовско, 1948) – инж. металург, долгогодишен директор на ХЕК „Југохром“ – Јегуновце. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „Југохром“ е од 1972 г., како инженер, директор на развојот, технички директор и генерален директор (од 1991). Извршувал повеќе функции во органите на СФРЈ. Бил пратеник во Собранието на РМ. Автор е… Continue reading СРБИНОВСКИ, Јован
СРБИТЕ ВО РМ
СРБИТЕ ВО Република Македонија– етничка заедница во РМ. По Балканските (1912-1913) и по Првата светска војна (1914–1918), Вардарскиот дел на Македонија (25.000 км 2) бил анектиран од страна на Кралството СХС. По анектирањето, преку политиката на колонизација, српските власти се стремеле да формираат српско малцинство во Македонија. Во периодот меѓу двете светски војни Корицата на… Continue reading СРБИТЕ ВО РМ
СРБИЧКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
СРБИЧКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (Џ – Ⅺ в.) – епархија што се простирала до најјужниот град на етничката граница меѓу Македонија и Тесалија, со црковно седиште во Србица (ден. Серфиџе). Се спомнува во повелбата на Василиј Ⅱ како дел од Охридската архиепископија, на јужната граница. Во Ⅺ в. би-ла одземена од Охридската архиепископија и… Continue reading СРБИЧКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
СРЕБРОВ, Орце
СРЕБРОВ, Орце (Велес, 16. ⅩⅠⅠ 1909 – Скопје, 1995) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, учесник во НОБ. Член на СКОЈ од 1924, а на КПЈ од 1928 г. Организатор на оруженото востание во Велес (1941). Бил уапсен (1942) и интерниран во Чучулигово, Бугарија, каде што останал до 1944. Борец на Петтата и на… Continue reading СРЕБРОВ, Орце
СРЕБРОВА-ИЛИЕВСКА, Павлина
СРЕБРОВА-ИЛИЕВСКА, Павлина (Скопје, 26. Ⅸ 1948) – пијанист. Дипломирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1972), каде што и магистрирала (В. Крпан, 1982). Концертирала како солист и камерен музичар (Пијано-дуо Чакар–Среброва и др.). Од 1972 г. наставник на МБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1994 г. особено истакнат педагошки работник на РМ. Сн. Ч.-Ан. Час во Средното… Continue reading СРЕБРОВА-ИЛИЕВСКА, Павлина
СРЕДНИ ВЕТЕРИНАРНИ УЧИЛИШТА
СРЕДНИ ВЕТЕРИНАРНИ УЧИЛИШТА. Првото ветеринарно училиште (техникум) е отворено во Скопје (1946–1954), потоа преместено во Битола (1954–1968). Училиштето го завршиле вкупно 665 ветеринарни техничари, од кои 261 се вработиле како ветеринарни техничари, а останатите 90 завршиле Факултет за ветеринарна медицина и други факултети. Во учебната 1980/81 г. се отворени две паралелки за ветеринарни техничари во… Continue reading СРЕДНИ ВЕТЕРИНАРНИ УЧИЛИШТА
СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА
СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА – воспитно-образовни установи за средно образование. Можат да бидат јавни и приватни. Јавни средни училишта основаат советите на општините, Советот на град Скопје и Владата. Приватно средно училиште може да основе домашно и странско правно и физичко лице со одобрение од Владата. Воспитнообразовната дејност во средните училишта се остварува според наставни… Continue reading СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА
СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, ШТИП
СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, ШТИП – основано со Решение на Народниот околиски одбор на гр. Штип, донесено на 29. Ⅵ 1961 г. За прв директор е поставен Сергеј Михајлов (18851975). УШТЕ од првата учебна година се изучувале теориски предмети (солфеж, теорија на музиката, хармонија, контрапункт) и свирење на музички инструменти (виолина, виолончело, контрабас, пијано, флејта, обоа,… Continue reading СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, ШТИП
СРЕДНОВЕКОВНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
СРЕДНОВЕКОВНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА – в. Самуилово Царство.
СРЕДНОВЕКОВНИОТ НАКИТ ОД МАКЕДОНИЈА
СРЕДНОВЕКОВНИОТ НАКИТ ОД МАКЕДОНИЈА. покрај керамичкиот и нумизматичкиот археолошки материјал, спаѓа меѓу најзастапените и релативно често проучуваните археолошки остатоци од тоа време. Тој потекнува главно од стотината истражени некрополи во кои претставува доминантен наод, поретко од населбинските слоеви, додека најлуксузните примероци се најдени во неколкуте депоа со скапоцености сокриени во немирните времиња на ⅩⅣ век.… Continue reading СРЕДНОВЕКОВНИОТ НАКИТ ОД МАКЕДОНИЈА
СРЕМСКИ ФРОНТ во Југославија
СРЕМСКИ ФРОНТ во Југославија (1945) – воен фронт формиран по Ослободувањето на Бел-град, стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата Мохово – источно од Товарник – западно од шид – Илинци – река Босут – Батровци. Во јануари 1945 г. со наредба на ВК на НОВЈ СРИВАСТАВА, Хари М. (Индија, 1940) – професор… Continue reading СРЕМСКИ ФРОНТ во Југославија
СРНА
СРНА (Цапреолус цапреолус) – парнокопитен цицач од фамилијата елени (Цервидае), со должина на телото до 120 цм и тежина до 35 кг. Кај нас се среќава во ридскопланинските ре-Срна гиони. ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер,… Continue reading СРНА
СРПСКА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА
СРПСКА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА (август 1908 – 1909) – организација за политичко-пропагандно дејствување во Македонија. По победата на Младотурската револуција и по воведувањето уставно уредување, Владата на Србија го организирала создавањето на оваа српска политичка организација за политичко-пропагандно дејствување во Македонија. Лигата барала признавање на српска националност, српски владици на Велешко-дебарската и на Охридската епархија за… Continue reading СРПСКА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА
СРПСКА НАЦИОНАЛНА ОМЛАДИНА
СРПСКА НАЦИОНАЛНА ОМЛАДИНА . (СРНАО) (Белград, калната партија како реакција на противставувањата на проектот за Голема Србија. Пропагирала дека Кралството на СХС претставувало само Голема Србија. За почесен претседател во 1925 г. бил избран Никола Пашиќ. СРНАО била распуштена во март 1929 г. ЛИТ.: Владан Јовановиќ, Југословенска држава иЈужна Србија 1918–1929, Београд, 2002. Н. Цв.
СРПСКО-БУГАРСКИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ
СРПСКО-БУГАРСКИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ (Белград, 30. Ⅲ / 12. Ⅳ 1904). Илинденското востание и реформската акција на европските Големи сили во Македонија повлијаеле за спогодување на Србија и на Бугарија за склучување договор за сојуз. Со Договорот се обврзале заеднички, со сите расположливи сили, да го бранат територијалниот интегритет, неприкосновеноста на владејачките династии и… Continue reading СРПСКО-БУГАРСКИ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОЈУЗ
СРПСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
СРПСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ – едни од најстарите и најразновидните. Се развиваат низ зголемениот интерес на српските владетели за освојување делови од Македонија (во втората половина на ⅩⅠⅠ в.). Во 1219 г. епархиите во Србија под Охридската архиепископија се ставаат под јурисдикција на новата Српска црква, што предизвикува остра реакција на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан… Continue reading СРПСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ВОЕН СОЈУЗ
СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ВОЕН СОЈУЗ (1876) И МАКЕДОНИЈА – договор за војна за ослободување на христијаните. Непосредна цел – ослободување на српскиот народ од власта на османлиската држава. Со договорените стратегиски правци на дејствување се предвидувало војната да се води на целата територија на нејзините балкански владенија, а приоритетен правец за дејствување на Српската армија бил кон… Continue reading СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ВОЕН СОЈУЗ
СТАВОВИ-КАВКА, Ирена
СТАВОВИ-КАВКА, Ирена (Краков, Полска, 1951) – историчар, директор на Институтот за политички студии и меѓународни односи на Јагелонскиот универзитет. Ја про-учува современата историја на балканските народи и посебно политиката на Германија кон Балканот во периодот меѓу двете светски војни; истражувач на минатото на Македонија и македонското прашање, аспирациите на соседните држави и политиката на големите… Continue reading СТАВОВИ-КАВКА, Ирена