СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ВОЕН СОЈУЗ

СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ВОЕН СОЈУЗ (1876) И МАКЕДОНИЈА – договор за војна за ослободување на христијаните. Непосредна цел – ослободување на српскиот народ од власта на османлиската држава. Со договорените стратегиски правци на дејствување се предвидувало војната да се води на целата територија на нејзините балкански владенија, а приоритетен правец за дејствување на Српската армија бил кон и на територијата на Македонија. За постигнување на целта во Тајниот договор за сојуз (потпишан во Венеција, 3. Ⅵ 1876) се предвидувало создавање и балкански сојуз со Романија и со Грција. Оби-дот да се придобијат тие две балкански држави бил неуспешен. ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави, Скопје, 2000. М. Мин. Ирена Ставови-Кавка