СКОЧИБУБИ

СКОЧИБУБИ (Елатеридае) – тврдокрилни инсекти со издолжено и сплескано тело. Познати се по способноста за карактеристично отскокнување (со посебен скочен апарат) кога се превртени на грб за да се вратат во нормална положба. Во стадиум на лиЖитен скокач чинка се штетници за житните растенија. Познат вид во Македонија е житниот скокач (Агриотес линеатус Л.). ЛИТ.:… Continue reading СКОЧИБУБИ

СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА

СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА – најдолга клисура во Република Македонијасо должина од 80 км. Се протега од с. Скочивир во југоисточниот дел на Пелагонија до с. Возарци во Тиквешката Котлина. Црна Река во клисурата е всечена главно во кристалести шкрилци – гнајсеви, а само на некои места во гранити. Во клисурата во морфолошки поглед се издвојуваат три… Continue reading СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА

СКРИЖОВСКИ, Георги

СКРИЖОВСКИ, Георги (Георги Радев Иванов) (с. Скрижово, Драмско, Егејскиот дел на Македонија, 1882 – Свиленград, Бугарија, 25. Ⅱ 1925) – деец на ТМОРО/ВМРО. Го завршил Педагошкото училиште во Сер, каде што станал член на ТМОРО, а потоа учителствувал во повеќе села – Горни Порој (Демирхисарско), с. Горно Броди (Серско) и с. Скрижово. Бил раководител на… Continue reading СКРИЖОВСКИ, Георги

СКРШЕНА ЏАМИЈА

СКРШЕНА ЏАМИЈА (Прилеп, поч. на ⅩⅤ в.) – една од најстарите џамии во Македонија. Градителот непознат. Претставувала хармонична зграда со калота и придружно минаре. Во руинирана состојба. ЛИТ.: Бошко Бабиќ, Краток преглед на спомениците на културата на Прилеп и Прилепскиот крај, Прилеп (б.г.); Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлý Мимарý Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб,… Continue reading СКРШЕНА ЏАМИЈА

СКУЛПТУРАТА ВО ⅩⅩ ВЕК

СКУЛПТУРАТА ВО ⅩⅩ ВЕК – македонската современа скулптура вистинскиот развој го има по 1945 г., појавувајќи се како самостојна форма, како објект или во проширена смисла (инсталација на објекти). Првите реалистички скулптури имаат интимен и камерен карактер (Д. Тодоровски). Во 50-тите години Б. Аврамова, П. Хаџи-Бошков и Ј. Грабул ја усвојуваат естетиката на модернизмот (стилизирани… Continue reading СКУЛПТУРАТА ВО ⅩⅩ ВЕК

СКУПИ

СКУПИ (СЦУПИ – Цолониа Флавиа Сцупинорум) – римски град лоциран на 5 км северозападно од Скопје кај с. Злокуќани, на југозападната падина од Зајчев Рид, лево од утоката на Лепенец во Вардар. Точната локација ја одредил А. Еванс во 1883 г. Археолошките наоди укажуваат на континуирано живеење во бронзеното и железното време до Ⅵ век… Continue reading СКУПИ

СКУПСКА СЕВЕРОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА

СКУПСКА СЕВЕРОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА (с. Злокуќани, Скопје) – повеќеслојно наоѓалиште со неколку културни хоризонти од бронзеното време до доцната антика: некропола со биритуално погребување од доцната бронза до раното железно време; раноримска некропола со биритуално погребување (Ⅱ–Ⅲ в.); архитектонски структури и слоеви од раноримскиот период (И–Ⅱ в.); антички пат (Ⅱ–Ⅴ в.); отпадна депонија од занаетчискиот центар,… Continue reading СКУПСКА СЕВЕРОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА

СКУТАЧА

СКУТАЧА (БОВЧА)– предна престилка врзана за појасот. Во Кумановско се среќаваат неколку видови: скутача единарка (еденица, еденична), скутача шамијарка или црвена шамијарка, алова скутача, битовија скутача и скутача дугарка. Во невестинската скутача, позната како скутача единичарка или еденица доминира црвената боја, во комбинација со црната, со акценти на жолта и бела боја. Застапени се мотивите… Continue reading СКУТАЧА

СЛАВ, Алексиј

СЛАВ, Алексиј (ⅩⅠⅠ – ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – македонски благородник, деспот, самостоен владетел (1207–ок. 1230) со центар во Мелник, роднина на бугарската владејачка фамилија. По смртта на царот Калојан (1207) одбил да ја признае власта на узурпаторот Борил, се осамостоил во Родопската област со центар во Цепена. Набргу го преместил своето седиште во градот Мелник, во… Continue reading СЛАВ, Алексиј

СЛАВЕИ

СЛАВЕИ (Лусциниа) – род на најдобри појни птици од фамилијата дроздови (Турдидае). Кај нас се регистрирани три вида: синогушка (Лусциниа свецица), славеј (Лусциниа мегаринцхос) и северен славеј (Лусциниа лусциниа). ЛИТ.: Бирдс ин Еу-Славеј ропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф… Continue reading СЛАВЕИ

СЛАВЕЈКОВ, Петко Рачев

СЛАВЕЈКОВ, Петко Рачев (Трново, Бугарија, 17. Ⅺ 1827 – Софија, 1. Ⅶ 1895) – најистакнатиот бугарски преродбенски културнонационален деец, државник, политичар и општественик во втората половина на ⅩⅠⅩ в., поет, преведувач, публицист и фолклорист. Тој е најактивниот деец во црковните и национално-политичките борби, особено во врска со Македонија, македонскиот јазик и македонските национални пројави. Редактор… Continue reading СЛАВЕЈКОВ, Петко Рачев

СЛАВЕНСКИ, Јосип

СЛАВЕНСКИ, Јосип (Чаковец, Хрватска, 11. Ⅴ 1896 – Белград, 30. Ⅺ 1955) – композитор. Во своите дела дава симбиоза на музички елементи, втемелени во традиционалните вредности на балканската музика, со еден современ музички говор, заснован врз смели и, за она време, револуционерни изразни средства. Во неговиот опус се издвојуваат „Четири балкански игри“, за оркестар (1938),… Continue reading СЛАВЕНСКИ, Јосип

СЛАВЕСКИ, Трајко

СЛАВЕСКИ, Трајко (Охрид, 22. Ⅸ 1960) – економист, универзитетски професор, министер за финансии во Владата на Република Македонија. Дипломирал (1983), магистрирал (1988) и докторирал (1997) на Економскиот факултет во Скопје. Завршил и постдипломски студии на Калифорнискиот државен универзитет во Чико, САД (1986&1987) и на Универзи-Трајко Славески тетот Харвард (1989 &1990). Бил визитинг професор на Државниот… Continue reading СЛАВЕСКИ, Трајко

СЛАВИСТИКА

СЛАВИСТИКА – научна дисциплина што се занимава со ис-тражување на словенските јазици и култури; универзитетски студии од таа област. Конвенционално за славист се смета научник што проучува и некој друг (не мајчин) слов. јазик и култура, значи: ако некој се занимава со македонски јазик, на пр., во Полска, ќе го оцениме како славист македонист, но… Continue reading СЛАВИСТИКА

СЛАВИСТИЧКИ СТУДИИ

СЛАВИСТИЧКИ СТУДИИ“ (Скопје, 1976–2006) – списание за русистика, полонистика и бохемистика, орган на Катедрата за славистика при ФлФ на УКИМ. Одделни броеви се посветени на професорите: Вера Јанева-Стојановиќ (1985), Маргарита Пашоска (1999/2000), Зузана Тополињска (2001), Милан Ѓурчинов (2004) и Рина Павловна Усикова (2006). М. Мирк.

СЛАВИШКА КОТЛИНА

СЛАВИШКА КОТЛИНА – се наоѓа на крајниот североисточен дел на РМ. Наоѓајќи се во изворишниот и средишниот тек од сливното подрачје на Крива Река, котлината е како вметната творба помеѓу Осоговските Планини на југ и планината Герман на север. Вкупната површина изнесува 768 км², а само 7.000 ха е рамничарско земјиште. Таа е формирана по… Continue reading СЛАВИШКА КОТЛИНА

СЛАВЈАНО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС

СЛАВЈАНО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС“ (с. Крчишта, Костурско, декември 1943 – јули 1944) – весник, орган на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско, на македонски јазик, кирилица. Одговорен уредник бил Лазо Поплазаров. Објавени се вкупно 8 броја (еден вонреден), на шапирограф, во тираж од околу 500 примероци. Неговото излегување престанало со забраната на СНОФ од страна на раководството… Continue reading СЛАВЈАНО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС

СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА

СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА (СНОВ) (1943 – 1944) – македонска војска во Егејскиот дел на Македонија, формирана на планината Вичо со обединување на единиците што дејствувале во повеќе реони во Костурско. СНОВ се борела против окупаторските сили и колаборационистичкото комитско движење, за ослободување и признавање на националните права со правото на самоопределување на Македонците. Во мај… Continue reading СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА

СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (СНОФ) (1943) – македонско националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. СНОФ во Костурско бил формиран во с. Крчишта, а во Леринско во с. Белкамен. За секретар на СНОФ за Костурско бил избран Паскал Митревски, а за Леринско Петре Пилаев. Учесници на конференцијата на СНОФ, (с. Д”мбени, април 1944) ЛИТ.: Историја на… Continue reading СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

СЛАНЕВА, Јагода

СЛАНЕВА, Јагода (Скопје, 2. Ⅹ 1949) – балерина и кореограф. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје (во класата на Ј. Мјачин). Член е на балетскиот ансамбл при МНТ (1962-1992) како солистка, а од 1974 г. и првенка. Изразито лирска балерина, со емотивна експресивност во креирањето на улогите. Од 1986 г. се занимава со… Continue reading СЛАНЕВА, Јагода

СЛАНИЦА

СЛАНИЦА – средновековна населба, утврдување, епархиско седиште во рамките на Охридската архиепископија, картуларат, како дел од провинцијата Бер (Верија). Се лоцира на ок. 50 км северозападно од Солун, на јужните падини на пл. Пајак, кај Пазар (Ениџе Вардар, Ѓаница). ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки за неколку малку познати места во средновековна Македонија. Македонија низ вековите, Скопје,… Continue reading СЛАНИЦА

СЛАТИНА

СЛАТИНА (с. Зелениково) – неолитска населба лоцирана на тераса над старото корито на р. Вардар. Евидентирани се културни слоеви од средниот и од доцниот неолит, хронолошки паралелни со Анзабегово – Вршник Ⅱ-Ⅳ. Според доцнонеолитскиот слој е дефинирана како културна група Зелениково Ⅱ. Откриени се куќи со калотести печки и огништа, како и богати керамички наоди:… Continue reading СЛАТИНА

СЛАТИНО

СЛАТИНО – вештачка акумулација во сливот на Мраморечка Река, во Дебарца. Браната е висока 15,5 м, долга 100 м, а широчината на круната изнесува 3 м. Езерото е долго 1.000 м, широко до 300 м и зафаќа површина од 0,27 км 2. Вкупната зафатнина на водата во Вештачката акумулација Слатино акумулацијата изнесува 1.400.000 м 3,… Continue reading СЛАТИНО