ПРЕБОНД (Првуд, Ⅶ в.) – крал (реџ) на словенското племе Ринхини. Бил предводник на сојузот меѓу Ринхините и Стримонците. Поради заговор, бил заробен во Солун (674) и затворен во Цариград. По бегството бил фатен кај Виза и погубен (674) поради изјавата дека повторно би повел војна против Византија и притоа ниеден христијанин не би поштедил.… Continue reading ПРЕБОНД
Tag: П
ПРЕВАЛА, шабан Далип
ПРЕВАЛА, шабан Далип (Схабан Далип Превалла) (с. Радолишта, Струшко, 25. Ⅺ 1941 – Скопје, 28. Ⅸ 2007) – економист, новинар и унив. професор. Основно и средно образование завршил во Струга. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил новинар и уредник во… Continue reading ПРЕВАЛА, шабан Далип
ПРЕВЕНТИВНА ДИПЛОМАТИЈА ЗА РМ
ПРЕВЕНТИВНА ДИПЛОМАТИЈА ЗА Република Македонија– активност на спречување појава на конфликти, превенирање на постојни спорови да не ескалираат во конфликти, а ако сепак дојде до конфликт, ограничување на неговото проширување, првпат дефинирана во „Агендата за мир“ на Гали и првпат успешно практикувана во Република Македонијапреку Мисијата за превентивно чување на мирот (УНПРЕДЕП/ УНПРОФОР, 1992–99). ЛИТ.:… Continue reading ПРЕВЕНТИВНА ДИПЛОМАТИЈА ЗА РМ
ПРЕД ДОЖДОТ
„ПРЕД ДОЖДОТ“ – игран филм работен според сценариото и во режија на Милчо Манчевски. Концепциски е структуриран како триптих, во кој темата на љубовта и одмаздата се преплетува со мотивот на меѓуетничките антагонизми. Секој од трите дела тематски се надоврзува на воведните односи на ликовите, поставувајќи ги во нова поетска перспектива. Од импресивната листа на… Continue reading ПРЕД ДОЖДОТ
предавач
предавач (1982), доцент (1989), вонреден (1993) и редовен пофесор (1998) по предметите морфологија на македонскиот јазик и современ македонски јазик. Бил продекан на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, претседател на Редакцискиот одбор на „Годишниот зборник на Филолошкиот факултет“. Член е на Комисијата за полагање лекторски испит (од… Continue reading предавач
ПРЕДАНИЧ, Едо
ПРЕДАНИЧ, Едо (Словенија, 1922 – Лесковац, 1964) – полковник, хирург, учесник во НОБ, доцент за воена хирургија на Мед. ф. во Скопје. Од 1955 г. работел во ВБ во Скопје, а од 1956 до 1963 г. бил началник на Хируршкото одд. По земјотресот (1963) заминува за управник на ВБ во Ниш, каде што е дислоциран… Continue reading ПРЕДАНИЧ, Едо
ПРЕДАЧИ И ВЕШТИЦИ-САМРАЧНИЦИ
ПРЕДАЧИ И ВЕШТИЦИ-САМРАЧНИЦИ (Бомбѕцоидеа и Спхингиидае) – ноќни пеперуги. Се одликуваат со дебело и збиено тело и со силни крилја што ги прави брзи и подвижни летачи. Антените им се добро развиени, а цицалката многу долга и спирално свиена. Во Македонија се регистрирани 230 таксони, од кои 15 се ендемични. Познат претставник е видот мртовечка… Continue reading ПРЕДАЧИ И ВЕШТИЦИ-САМРАЧНИЦИ
Предговор
Појавата на првата Македонска енциклопедија е историски чин. Со неа Република Македонија влегува во редот на земјите и народите што создале енциклопедиска синтеза на своето минато и на својата современост, на она што било или останало по нејзиниот цивилизациски пат. Тоа е научно фундирано огледало на генерациите и на современиците што ги рефлектира сознанијата само… Continue reading Предговор
ПРЕДЕЛ
ПРЕДЕЛ – област чија особеност е резултат на акцијата и интеракцијата на природните и/или човековите фактори. Врз основа на степенот на влијанијата на антропогените фактори и природноста се разликуваат следниве категории предели: природни, изменети и антропогени/културни предели. Пределите се комплексни феномени, што се истражуваат низ интердисциплинарна работа за да се разберат разните процеси. Предмет се… Continue reading ПРЕДЕЛ
ПРЕДНАПРЕГНАТИ МОСТОВИ
ПРЕДНАПРЕГНАТИ МОСТОВИ – неразделен дел од железничките и патните комуникации. Еден од позначајните мостови во Македонија е Камениот мост на реката Вардар во Скопје (527– 565). Во РМ, монтажни мостови од преднапрегнат бетон со поголеми распони се применуваат од 1970 г. Во последно време, со развојот на технологијата, се применуваат и современи постапки на градење… Continue reading ПРЕДНАПРЕГНАТИ МОСТОВИ
ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ
ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ – институции за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Нивната задача е да овозможуваат услови и да Ученици од предучилишна воспитно-образовна установа придонесуваат за правилниот развој на децата до поаѓањето на училиште. Најраспространет вид предучилишни установи кај нас се детските градинки (в.) и (в.) забавиштата. Други установи што извршуваат дејност од… Continue reading ПРЕДУЧИЛИШНИ УСТАНОВИ
ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ – организиран процес на развој и воспитание на децата пред тргнување на училиште. Првите организирани форми на предучилишното воспитание во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в., во вид на забавиште. Непосредно пред Втората светска војна работеле само 31 забавиште во состав на основните училишта, главно во поголемите градови,… Continue reading ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
ПРЕЕМСТВО
ПРЕЗВИТЕР КОЗМА
ПРЕЗВИТЕР КОЗМА – средновековен автор во Ⅹ в. Книжевната историја не располага ни со најнужни извори за проучување на неговиот животен пат. Автор е на познатото антибогомилско дело „Беседа против новопојавената богомилска ерес“, кое претставува најзначаен и најопширен словенски извор за проучување на богомилското движење. Познавањето и цитирањето на деталите на богомилското учење укажува дека… Continue reading ПРЕЗВИТЕР КОЗМА
ПРЕЗИДИУМ НА АСНОМ
ПРЕЗИДИУМ НА АСНОМ (2. Ⅷ 1944) – привремен извршен орган што вршел функција на Влада на ДФ Македонија, по потреба и законодавен орган меѓу две заседанија на АСНОМ. Избран на Првото заседание на АСНОМ во следниов состав: Методија Андонов-Ченто, претседател, Панко Брашнаров, прв потпретседател, Емануел Чучков, втор потпретседател, Љубомир Арсов и д-р Владимир Полежиновски, секретари,… Continue reading ПРЕЗИДИУМ НА АСНОМ
ПРЕКРИВАЧ
ПРЕКРИВАЧ – правоаголна крпа за на глава, исткаена од бело па-мучно платно. Го носеле исклучиво ергени и девојки. Се носел со превиткување на двата дела по должината и се врзувал одзади на главата, зад тилот (над челото и ушите), при што спуштените делови паѓале над веѓите и ушите, држејќи сенка над очите. Имал функција да… Continue reading ПРЕКРИВАЧ
ПРЕОБРАЖЕНИЕ
ПРЕОБРАЖЕНИЕ – еден од големите христијански православни празници, посветен на Преображение Господово (19/6 август). Кога Исус им кажувал на своите ученици дека ќе страда и ќе воскресне, тие не можеле да поверуваат Синот Божји да страда. Исус решил да им покаже како ќе изгледа тоа, за да не се разочараат и да не го напуштат… Continue reading ПРЕОБРАЖЕНИЕ
ПРЕРАБОТКА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
ПРЕРАБОТКА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК – во поранешна Југославија, најголемиот дел од нашето индустриско овошје и зеленчук се преработуваше во другите републики, кои нудеа подобри услови за откуп и плаќање. Ова влијаеше за порастот на примарното производство кај нас. По осамостојувањето на РМ, нашите фабрики не можеа да ја прифатат суровината, а тоа нагло го… Continue reading ПРЕРАБОТКА НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
ПРЕСИДИО
ПРЕСИДИО – патна станица од римско време, забележена на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на Ⅸ р.м. од станицата Кефалон. Се лоцира кај селиштето Веноле, јужно од утоката на р. Бабуна во р. Вардар. На локалитетот се забележуваат остатоци од керамика. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог… Continue reading ПРЕСИДИО
ПРЕСПА
ПРЕСПА („Песочна преграда“) – првата престолнина на Самуил (до ок. 1000 г.), седиште на Охридската архиепископија (потоа дел од Охридската диецеза). Се наоѓала, најверојатно, на Малото Преспанско Езеро, на островот Ахил, каде што е и црквата „Св. Ахил“ со моштите на светецот (донесени од Лариса во 986 г.). Според М. Аталијат, Самуил умрел „на мочурливиот… Continue reading ПРЕСПА
ПРЕСПА , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
ПРЕСПА , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
ПРЕСПА , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ПРЕСПА“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Лакавина, Њујорк, САД, 1938) – друштво за заемна помош на македонските доселеници претежно од Преспа и од други краеви од Западниот дел на Македонија. Било едно од поголемите друштва на МПО, со разни активности. Сл. Н.-К.
ПРЕСПА , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ПРЕСПА“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Лакавина, Њујорк, САД, 1938) – друштво за заемна помош на македонските доселеници претежно од Преспа и од други краеви од Западниот дел на Македонија. Било едно од поголемите друштва на МПО, со разни активности. Сл. Н.-К.