ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ

ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ – организиран процес на развој и воспитание на децата пред тргнување на училиште. Првите организирани форми на предучилишното воспитание во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в., во вид на забавиште. Непосредно пред Втората светска војна работеле само 31 забавиште во состав на основните училишта, главно во поголемите градови, во кои биле опфатени 1611 деца. Побележит развој добива дури по Ослободувањето. Се донесуваат првите нормативни и законски прописи, се преземаат мерки за поинтензивен развој на установите за предучилишно воспитание и за зголемување на опфатот во нив, се прават напори за подобрување на условите за работа и за осовременување на воспитно-обУчилиштето „Св. Богородица“ во Скопје, во кое постоело и забавиште (1921) разовниот процес, преку внесување нови содржини и методи на работа. Според Законот за заштита на децата, основни установи за предучилишно воспитание се: детската градинка и забавиштето. Во предучилишните установи (в.) се опфаќаат деца на возраст од 8 месеци до 6 години. Во 2004 г. со предучилишно воспитание биле опфатени 36.177 деца (15.660 во забавиштата при основните училишта) или 20,43% од возрасната популација до 6 години, односно 82,23% од популацијата (6-годишна возраст) во годината пред поаѓање на училиште. Функцијата на предучилишното воспитание е да овозможи задоволување на правото на организирано воспитание и образование на децата без разлика на социјалната, етничката или верската припадност. ЛИТ.: К. Камберски, Предучилишното и основното образование во Република Македонија, Скопје, 2000. К. Камб.