ПОЛИТИЧКО ДРУШТВО МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

ПОЛИТИЧКО ДРУШТВО „МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ“ (Цирих, 1915–1919) – друштво на македонските студенти основано со цел да дејствува за поставување и за разрешување на македонското прашање на повоената Мировна конференција за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна држава. Со другите македонски друштва се обединиле во Сојуз на македонските друштва во швајцарија (ⅩⅠⅠ 1918). Друштвото… Continue reading ПОЛИТИЧКО ДРУШТВО МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

ПОЛИЦИСКА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

ПОЛИЦИСКА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ – прва полициска мисија на ЕУ во РМ – ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“, која ја заменува првата воена мисија на ЕУ во РМ –„Конкордија“, воспоставена врз основа на заедничката акција на Советот на ЕУ (29. Ⅸ 2003) и Договорот меѓу РМ и ЕУ за статусот и активностите на полициската мисија на… Continue reading ПОЛИЦИСКА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

ПОЛОГ

ПОЛОГ – котлина во северозападниот дел на РМ. По својот настанок е тектонска котлина, спуштена по должината на раседи помеѓу планините: шар Планина, Сува Гора, Жеден и Буковиќ. Се протега во правец си–јз. Должината на Полошката Котлина е околу 40 км, а просечната широчина е 6,5 км. Најмалата ширина е помеѓу с. Пирок и с.… Continue reading ПОЛОГ

ПОЛОГ , ИСЕЛЕНИЧКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО

ПОЛОГ“, ИСЕЛЕНИЧКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 2001) – друштво на млади Американци од македонско потекло, претежно интелектуалци од Детроит, од семејства по потекло од Тетовско. Развива културна и други дејности. Сл. Н.-К. ПОЛОЖАНИ, Лиман (с. Ливада, Струшко, 26. Ⅱ 1935) – просветен и политички деец. Апсолвирал на Педагошката академија и бил учител. Член на… Continue reading ПОЛОГ , ИСЕЛЕНИЧКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО

ПОЛОНИСТИКА, т

ПОЛОНИСТИКА, т.е. универзитетски студии по полски јазик и книжевност и научни истражувања во таа област. Во Македонија полонистиката на УКИМ постои од 1983 г,, а уште во 1959 г. проработи лекторат по полски јазик. Во 1983 г. беа организирани полонистички студии како втор главен предмет, а од 1992 има полна 4-годишна полонистичка специјализација. Прв раководител… Continue reading ПОЛОНИСТИКА, т

ПОЛОШКО-КУМАНОВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПОЛОШКО-КУМАНОВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1971) – формирана со седиште во Скопје, Епархијата географски ги опфаќа тетовскиот, гостиварскиот, кумановскиот, кратовскиот и кривопаланечкиот регион. Епархиски архијереј е Неговото Високопреосвештенство Митрополитот полошко-кумановски Кирил (Поповски) од нејзиното формирање. Епархијата има пет намесништва: Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Кратовско и Кривопаланечко. Најпознати се манастирите: „Св. Атанасиј“ – Лешок (Тетово), „Св. ЈоакимContinue reading ПОЛОШКО-КУМАНОВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПОЉОСКА, Агим Џафер

ПОЉОСКА, Агим Џафер (Агим Џхафер Полоска) (с. Долно Нерези, Скопско, 7. Ⅱ 1954) – преведувач, унив. професор. Основно училиште и учителска школа завршил во Скопје. Дипломирал (1976) на Катедрата за албански Агим Пољоска јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. По дипломирањето краток период (1977) работел како лектор во Радио Скопје, во емисиите на… Continue reading ПОЉОСКА, Агим Џафер

ПОМОЛОГИЈА

ПОМОЛОГИЈА – наука за проучување на сортите овошје, дел од специјалното овоштарство. Поради големиот број овошни видови, а многу повеќе сорти, помологијата во многу земји се издвојува како посебен предмет (дескриптивна помологија). Проф. Тома Димитровски ја публикуваше книгата „Специјално овоштарство со помологија“ во два дела (1974–1978). Б. Р. ПОП АНДОВ, Ѓорѓи Јорданов

ПОП АНТОВ, Тодор

ПОП АНТОВ, Тодор (с. Ваташа, Тиквешко, 28. Ⅱ 1875 – Пловдив, 29. ⅩⅠⅠ 1954) – учител, револуционер, член на ЦК на ВМОРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1895). Студирал хемија во Женева. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на… Continue reading ПОП АНТОВ, Тодор

ПОП АНТОВ, Христо

ПОП АНТОВ, Христо (с. Ваташа, Тиквешко, 16.Ⅴ 1879 – Софија, 31. И 1964) – учител, револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1899), а право во швајцарија. Учителствувал во Кавадарци. Бил раководител на ОК на ТМОРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Бил судија… Continue reading ПОП АНТОВ, Христо

ПОП АНТОСКИ, Славко

ПОП АНТОСКИ, Славко (Прилеп, 21. Ⅺ 1913) – редовен проф. на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на наставно-научните дисциплини општо полјоделство со агроекологија и заштита од ерозија. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Бел-град. Учесник е во НОБ од 1941 г. По војната бил помошник-министер за земјоделство и шумарство на НРМ; член на Сојузниот совет на Југославија… Continue reading ПОП АНТОСКИ, Славко

ПОП ЃОРЧЕВ, Борис

ПОП ЃОРЧЕВ, Борис (Велес, 22. Ⅶ 1933) – новинар и публицист. Во НИП „Нова Македонија“ од 1953 г. до пензионирањето (1993). Соработник, уредник, коментатор на Спортската, Внатрешнополитичката и Надворешнополитичката рубрика. Дописник од Москва (1975–1979), известувач од многубројни настани во земјата и во светот. Еден од основачите на „Спортист“ (1955) и „Вечер“ (1963 –1970). Заменик на… Continue reading ПОП ЃОРЧЕВ, Борис

ПОП КОЦЕВ, Христо

ПОП КОЦЕВ, Христо (с. Ново Село, Штипско, 5. И 1869 – Варна, Бугарија, 30. Ⅳ 1933) – член на ЦК на ТМОРО и публицист. Се школувал во Солун, во Белград и во Софија. Завршил филологија. Бил учител во Цариград, Одрин, Штип и Солун. Бил член на ЦК на ТМОРО (1896–1897). По Виничката афера (1897) осуден… Continue reading ПОП КОЦЕВ, Христо

ПОП СТОЈАН

ПОП СТОЈАН (Разловци, ок. 1800 – Рилски манастир, 1876) – црковен и револуционерен деец, еден од организаторите и водачите на Разловечкото востание (1876), најблизок соработник и дедо на Димитар Попгеоргиев-Беровски. Се грижи за организирањето и набавката на оружје и учествува во востаничките борби. Поп Стојан е запомнет од народот како главен подготвувач, поради што востанието… Continue reading ПОП СТОЈАН

ПОП ТРАЈКОВ, Лазар

ПОП ТРАЈКОВ, Лазар (с. Дмбени, Костурско, 10. Ⅵ 1877 – с. Трново, Костурско, 11/12. Ⅹ 1903) – костурски војвода и поет. Завршил гимназија во Солун (1898). Бил организатор на првите револуционерни комитети во Костурско. Во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Во борба со османлиската војска во Мариовско бил Лазар Поп Трајков тешко… Continue reading ПОП ТРАЈКОВ, Лазар

ПОП ХРИСТОВ, Георги

ПОП ХРИСТОВ, Георги (с. Крстоар, Битолско, 1878 – Софија, 19. Ⅱ 1962) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание. Завршил педагошки курс на Солунската егзархиска гимназија (1896). Бил учител во Кавадарци, Прилеп и Битола и член на Битолскиот окружен комитет (1900– 1903). Учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и во Илинденското востание во Леринскиот реон. Во… Continue reading ПОП ХРИСТОВ, Георги

ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи

ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи (с. Елешница, Разлошко, Пиринскиот дел на Македонија, 1940) – историчар на книжевноста, археограф, старословенист. Своето високо образование го оформил на Богословскиот факултет во Софија, каде што дипломирал во 1967 г. Од 1972 г. живее и работи во РМ (Македонска архиепископија, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Народна и универзитетска библиотека „Св.… Continue reading ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи

ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова

ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова (Скопје, 24. ⅩⅠⅠ 1933) – спец. по микробиологија со паразитологија, редовен проф. на Мед. ф. (од 1992). Дипломирала медицина во Скопје (1960), специјализирала (1966) и докторирала (1980) за влијанието на антибиотиците врз продукцијата на плазмакоагулазата и нејзината примена како брз метод за одредување на осетливоста на Стапхѕлоцоццус ауреус кон антибиотиците. Била директор… Continue reading ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова

ПОП-ЈОРДАНОВ, Јордан

ПОП-ЈОРДАНОВ, Јордан (Велико Градиште, Југославија, 23. Ⅺ 1925) – унив. професор, нуклеЈордан Поп-Јорданов арен физичар, филозоф, енергетичар, академик на МАНУ. Гимназија завршил во Штип. Дипломирал филозофија во Скопје (1956) и електротехника во Бел-град (1960). Докторирал на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград (1964). Бил визитинг професор на неколку универзитети во Европа и Америка.… Continue reading ПОП-ЈОРДАНОВ, Јордан

ПОП-ЈОРДАНОВА

ПОП-ЈОРДАНОВА (КОЖИНКОВА), Нада Димитрова (Скопје, 17. Ⅲ 1947) – педијатар, психолог, редовен проф. на Мед. ф. и на Ст. ф. Медицински факултет (1970) и Филозофски факултет – група психологија (1982) завршила во Скопје. Специјалист по педијатрија е од 1977, а докторат по медицински науки одбранила во 1983 г. Прва во земјата воведува мултимодална биофидбек методологија.… Continue reading ПОП-ЈОРДАНОВА

ПОПАДИЌ, Вукашин

ПОПАДИЌ, Вукашин (Гламоч, Бугојно, 1904) – епидемиолог, микробиолог. Медицина завршил во Загреб. Работел во Хигиенскиот завод во Скопје, а од 1932 г. во Битола, како епидемиолог и микробиолог во Постојаната бактериолошка станица и ДНЗ. Во времето на бугарската окупација работел во Обласната хигиенска лабораторија. Активно соработувал со партизаните до првата половина на 1944 г., кога… Continue reading ПОПАДИЌ, Вукашин

ПОПАНГЕЛОВ, Васил

ПОПАНГЕЛОВ, Васил (с. Лешани, Охридско, 1861 – месност Српница, с. Лешани, 14/27. Ⅸ 1903) – свештеник, учесник во Илинденското востание. Старешина на манастирот „Сите Свети“ во Долна Дебарца. Бил член на ТМОРО од 1897 г. Во Илинденското востание предводел селска чета од с. Лешани. Загинал во борба над родното село. ЛИТ.: С. Ристески, Свештеникот Васил… Continue reading ПОПАНГЕЛОВ, Васил

ПОПАНДОВ, Павел

ПОПАНДОВ, Павел (с. Богданци, Гевгелиско, 29. Ⅴ 1904 – Софија, Бугарија, 29. Ⅴ 1933) – припадник на ВМРО(Об.), младински раководител. Бил член на нелегалниот ЦК на БКМС (1924–1926), суден и осуден во отсуство (1927). Живеел во родниот крај (1927– 1929). Во Софија стапил во ВМРО (Об.) (1931). Бил член на Окружниот комитет на БКП за… Continue reading ПОПАНДОВ, Павел