ПЛАВЕВ, Илија

ПЛАВЕВ, Илија (Велес, 1867 – Белград, 1940) – социјалистички и комунистички деец. Како работник во Софија, се приклучил кон социјалистичкото движење. Подоцна се вратил во Велес (1902), а потоа се преселил во Скопје (1905), каде што станал член на една Социјалистичка група. Бил член на Народната федеративна партија. Прифаќајќи го комунистичкото движење, станал благајник на… Continue reading ПЛАВЕВ, Илија

ПЛАВЕВСКИ, Лазо

ПЛАВЕВСКИ, Лазо (Скопје, 18. Ⅺ 1954) – карикатурист. Значаен по тоа што јазикот на карикату-Лазо Плавевски:, карикатура „Без зборови“ рата го третира како уметничка дисциплина, а не само како илустрација. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1978). Со карикатурата се занимава од 1970 г., а подоцна со маил-арт, дизајн и детски цртежи (Нема книга, 1995;… Continue reading ПЛАВЕВСКИ, Лазо

ПЛАВУШ

ПЛАВУШ – ниска планина што се простира во средишниот дел на РМ, а претставува продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање сз–ји. Највисока точка е котата 997 м. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани… Continue reading ПЛАВУШ

ПЛАКАТ

ПЛАКАТ – оглас на ѕид или на други јавни места, како средство за визуелна комуникација, но и за економски, политички, културен, спортски и друг вид публицитет. Во РМ по 1945 г. плакатот бил нагласена форма за јавна комуникација, како повик до граѓаните или како средство за афирмирање и најава на јавни настани. Со својот специфичен… Continue reading ПЛАКАТ

ПЛАНАРИИ

ПЛАНАРИИ (Трицладида) – сплескани трепчести црви. Имаат елипсовиден облик на телото и триграно црево. Живеат во копнени води, се среќаваат во морски, а има и такви што населуваат Бела планарија влажни места, кори од дрвја, под камења. Во Македонија најпозната е белата планарија (Дендроцоелум лацтеум О.Ф. Мüлл.), којашто е сплескан црв, релативно крупен вид, долг… Continue reading ПЛАНАРИИ

ПЛАНИНАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ПЛАНИНАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – се јавува во Скопје и Битола во почетокот на ХХ в. Планинарски секции на некои туристички организации биле основани во Скопје, Битола, Тетово, Прилеп, Кичево, Велес, Штип, Кочани и во други градови (1927– 1941). Подоцна некои од нив прераснале во посебни планинарскоскијачки друштва. Така се изградени и шест планинарски домови (1930–1941).… Continue reading ПЛАНИНАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА во Бугарската армија во Првата светска војна

ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА во Бугарската армија во Првата светска војна (1916 – 1918) – формирана во Македонија од штабот на ВМРО, по наредба на германската и бугарската Главна команда, издадена на Александар Протогеров (22. Ⅹ 1916). Регрутите биле мобилизирани главно од Западна Македонија, од Скопје и од Приштина. штабот се наоѓал во Скопје, а подоцна е… Continue reading ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА во Бугарската армија во Првата светска војна

ПЛАСНИЦА

ПЛАСНИЦА – село во Бродско. Се наоѓа во северното подножје на Бушева Планина, од десната страна на р. Треска, на надморска висина од околу 660 м. Со регионален пат е поврзано на исток со Македонски Брод, а на запад со Кичево. Има 2.288 ж. Торбеши, кои, според новата статистика, се регистрирани како „Турци“. Населението се… Continue reading ПЛАСНИЦА

ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ

ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ – систематски преглед на економските трансакции на РМ со светот во текот на една година. Платнобилансната статистика се подготвува врз основа на методологијата на ММФ, а за составување и следење на извршувањето на платниот биланс е надлежна НБРМ. Трансакциите во платниот биланс се групирани во три основни дела: 1) тековна сметка,… Continue reading ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ

ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ

ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ – документ подготвен од претседателите на РМ Киро Глигоров и на РБИХ Алија Изетбеговиќ и обзнанет на 4. Ⅵ 1991 г. како основа за договор на претседателите на југословенските републики за зачувување на југословенската заедница преку нејзино преуредување во заедница на југословенските републики (конфедерален сојуз) со карактеристики на државна заедница. Платформата содржи Вовед… Continue reading ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ

ПЛАЧКОВИЦА

ПЛАЧКОВИЦА – средновисока планина со највисок врв Лисец (1.754 м). Се издига помеѓу Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север. Правецот на протегање е и–ји спрема с–сз. Орографската должина на главниот планински гребен изнесува 34 км. Во средишниот дел долината на Зрновска Река го дели главното било на два дела. Во овој дел… Continue reading ПЛАЧКОВИЦА

ПЛАШЕСКИ, Александар Тодоров

ПЛАШЕСКИ, Александар Тодоров ( Прилеп, 23. И 1927 – Скопје, 13. Ⅺ 2001) – интернист-ендокринолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Прв и долгогодишен директор на Клиниката за ендокринологија. Бил претседател на Здружението на ендокринолозите на СФРЈ, член на УО на Меѓународната ендокринолошка асоцијација, член на Редакцискиот одбор на сп. „Ендокринологиа Иугославица“ и на… Continue reading ПЛАШЕСКИ, Александар Тодоров

ПЛАШТЕНИЦА НА АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ

ПЛАШТЕНИЦА НА АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ (1282–1328) – црковен вез на свила, изработен во Константинопол со претстава на мртвиот Христос на саркофаг. До одарот стојат два ангела со рипиди, а на аглите се симболите на четирите евангелисти (оштетен е симболот на Марко). Ктиторскиот натпис е извезен под одарот. Плаштеницата била подарена кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.… Continue reading ПЛАШТЕНИЦА НА АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ

ПЛЕВЕЛИ

ПЛЕВЕЛИ – растителни видови од спонтаната флора, кои без желбата на човекот, вегетираат и се развиваат во заедница со земјоделските култури, предизвикувајќи неповолни и штетни влијанија врз оптималниот раст и развој на одгледуваните култури. Потеклото и еволуцијата на плевелите се поврзани со потеклото и развитокот на растителното земјоделско производство. Во таквиот филогенетски развиток плевелите со… Continue reading ПЛЕВЕЛИ

ПЛЕВЕЛНА

ПЛЕВЕЛНА (КОРОВНА) ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ – антропогено условена вегетација што се развива на површини каде што се одгледуваат земјоделски култури. Плевелните растителни видови формираат специфични плевелни фитоценози, кои предизвикуваат големи штети врз житните и индустриските култури, бидејќи се јавуваат како нивни конкуренти во користењето на животниот простор и на хранливите материи. Имаат силно развиен коренов… Continue reading ПЛЕВЕЛНА

ПЛЕВНЕШ, Јордан

ПЛЕВНЕШ, Јордан (с. Слоештица, Демир Хисар, 29. Ⅹ 1953) – драмски писател, поет, раскажувач, дипломат, амбасадор на РМ во Франција; Советник на Претседателот на РМ (од 2009). Работел во Институтот за македонска литература (1985–1988). Предавал креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети (Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот на Тексас во… Continue reading ПЛЕВНЕШ, Јордан

Пливање во покриениот базен во нас

Пливање во покриениот базен во нас. „Карпош“ во Скопје Тетово (1945), а потоа и други, при што биле регистрирани вкупно 25 клубови (до 2002). Републички првенства се одржуваат секоја година (од 1946). Бил формиран Одбор за спортови на вода (1945), потоа Пливачки сојуз (1948), односно Пливачка федерација на Македонија (од 2002). Најдобри екипи и поединци… Continue reading Пливање во покриениот базен во нас

ПЛИВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ПЛИВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – како организирана спортска активност се јавува со формирањето на Пливачко-веслачкиот клуб „Охрид“ на чело со Серафим Крстиќ (1932) и неговата секција во Струга (1933), подоцна „Црн Дрим“. Во нив се афирмирале повеќе поединци (до 1944). По Ослободувањето било основано ПВД „Охридски бранови“ во Охрид, „Работник“ во Битола, „Дојран“ во Дојран, „Македонија“… Continue reading ПЛИВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ПЛУСКАВЕЦ

ПЛУСКАВЕЦ (Цолутеа арборесценс Л., фам. Фабацеае) – крупна грмушка со ареал во Јужна Европа и во Северна Африка. Листовите се непарно перести, со 7–11 ситни, елипсовидни ливчиња. Цветовите се жолти, во исправени гроздовидни соцветија. Плодот е мешунка со тенка, кожеста опна, исполнета со воздух, кога ќе се притисне пука. Кај нас е општо распространета во… Continue reading ПЛУСКАВЕЦ

ПЉАКОВСКИ, Драган

ПЉАКОВСКИ, Драган (Струга, 17. Ⅶ 1932) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот архитектонски конструкции. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1959). Освен со педагошка, се занимава и со научноистражувачка, со проектанска и со публицистичка дејност. Позначајни реализации: Домот на поезијата во Струга (1971) и Уметничката галерија „Вангел… Continue reading ПЉАКОВСКИ, Драган

ПОБЕДА

ПОБЕДА“ (Скопје, 1945) – фудбалски клуб. Како победник на првото Републичко првенство од шест клуба (1946), станал член на Првата сојузна лига. Поради намалувањето на лигата од 14 на 10 клуба (1947), „Победа“ испаднала од неа, и покрај освоеното осмо место. Играчите што најчесто настапувале биле: Борис Ивановски (Гојко Поповиќ, Васил Дилев и Душко Христовски… Continue reading ПОБЕДА

ПОБУНА на војниците Македонци во градот Опис

ПОБУНА на војниците Македонци во градот Опис (324 г. пр.н.е.) – против вклучувањето Персијанци од новоосвоените провинции во Македонската војска, кои Александар Ⅲ Македонски ги нарекол „потомци“ (епигони). По пристигнувањето на кралот побуната била прекината, откако биле убиени неколку македонски војници. Кралот одржал смирувачки говор, при што Персијанците ги именувал „роднини“. Помирувањето завршило со заедничка… Continue reading ПОБУНА на војниците Македонци во градот Опис