ПОБУНА на војниците Македонци во градот Опис

ПОБУНА на војниците Македонци во градот Опис (324 г. пр.н.е.) – против вклучувањето Персијанци од новоосвоените провинции во Македонската војска, кои Александар Ⅲ Македонски ги нарекол „потомци“ (епигони). По пристигнувањето на кралот побуната била прекината, откако биле убиени неколку македонски војници. Кралот одржал смирувачки говор, при што Персијанците ги именувал „роднини“. Помирувањето завршило со заедничка гозба, на која учествувале 9.000 луѓе. ЛИТ.: Фанула Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. В. Ст. Карта на Повардарската православна епархија на МПЦ ПОВАРДАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ