ОПЕРАЦИЈА НА ОН ЗА ЧУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РМ. По ГШ на НОВ и ПОМ извршил рета офанзива 1944 год. во Македонија. барање на претседателот на РМорганизација, при што биле Операциите во Источна Македонија и во Киро Глигоров, во времето на поформирани четири оперативни 25 април до 20 јуни 1944 година, Скопје, зони, со задача… Continue reading ОПЕРАЦИЈА НА ОН ЗА ЧУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РМ
Tag: О
ОПИЛА
ОПИЛА (до с. Ранковце) – тумул од железно време и некропола од доцноантичкото време и од средниот век, на десниот брег на Крива Река. При истражувањата на некрополата (извршени во 1984– 1996) се откриени 585 гробови од типот циста, слободно вкопувани, покриени со камени плочи и од тегули – тип „покрив на две води“. Прилозите… Continue reading ОПИЛА
ОПИНЦИ
ОПИНЦИ (оп’нци) – обувки од свинска, говедска или биволска кожа, со опути (кожени врвци). Поедноставниот тип, наменети за секојдневна употреба, селаните сами ги изработувале. Опинците наменети за децата се изработувале од свинска кожа. Ј. Р.-П.
ОПШТЕСТВЕНА СИЛА
ОПШТЕСТВЕНА СИЛА – бугарска политичка организација, формирана со декрет на Владата на Царството Бугарија (во летото на 1943). Била активна и во окупирана Македонија. Имала цел да го придобие народот за политиката на Владата, да се противставува на сите противници на власта, а посебно да развие активност со која ќе се шири пропаганда за ослободителната… Continue reading ОПШТЕСТВЕНА СИЛА
ОПШТЕСТВЕНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ОПШТЕСТВЕНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ – општествено-економски однос меѓу луѓето во производството и расподелбата на новосоздадената вредност. Се воведува со Законот за работничкото самоуправување од 1950 г. и постои како владеачки однос до донесувањето на Уставот на РМ од 1991 г. Општествената сопственост е процес на поопштествување на средствата за производство, со учество на самите непосредни… Continue reading ОПШТЕСТВЕНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ОПШТОМАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЕЛЕС
ОПШТОМАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЕЛЕС (21. Ⅺ / 4. ⅩⅠⅠ 1912) – тајна конференција на Д. Чуповски со претставници од целата окупирана Македонија за договор за перспективите на земјата и народот. Во моментот кога трупите на балканските сојузници ја окупираа територијата на Македонија, па К. Мисирков стигнува во Солун, д-р Г. Константинович како доброволец во Воената… Continue reading ОПШТОМАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЕЛЕС
ОРА-КОПА
ОРА-КОПА – календарски обичај со обредни огнови поврзани со празникот Прочка. Најзастапен бил во Источна Македонија, како Мала ора-копа и Голема ора-копа. Малата ора-копа ја изведувале децата една недела пред Прочка, Големата ора-копа се правела на самиот ден Прочка и во нејзиното изведување, покрај децата, се вклучувале и возрасните. Подготовките за обичајот започнувале неколку денови… Continue reading ОРА-КОПА
ОРБЕЛСКИ ТРИОД
ОРБЕЛСКИ ТРИОД – кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., од македонска редакција, настанат во Западна Македонија. Ракописот се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.102 + В/з. Ф.124/4 + В/з. Ф.124/10 (во збирката на Ст. Верковиќ). Има 241 пергаментен лист и ги содржи двата дела на триодот: посниот и цветниот. Содржи паримии… Continue reading ОРБЕЛСКИ ТРИОД
ОРБИНИ, Мавро
ОРБИНИ, Мавро (1563–1610/14) – католички монах и историчар. Световното име му е Фрањо, а името Мавро го зема како монах. Основното и средното училиште ги завршува во Дубровник, а на 15-годишна возраст пристапува во Бенедиктинскиот манастир. Литературната дејност ја започнал со компилациското теолошко дело Де ултимо фине хуманае витае вел сум-мо боно. Неговото најзначајно дело… Continue reading ОРБИНИ, Мавро
ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО РМ
ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО РМ – организационата поставеност на дрвната индустрија. Таа се анализира од следните аспекти: географската поставеност, бројот на претпријатијата, видот на производството и видот на сопственоста. Дрвноиндустрските претпријатија просторно се разместени на целата територија на државата. Пиланските капацитети се лоцирани во реоните богати со шума, додека погоните за производство на финални… Continue reading ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО РМ
ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИЈАТЕЛСКА ДРУЖИНА
ОРГАНИЗАЦИЈА „ПРИЈАТЕЛСКА ДРУЖИНА“ (Киев, Украина, јануари 1883) – организација основана од тамошните Македонци, по иницијатива од Спиро Гулапчев, со цел да работи на просветување на народот и на унапредување на образовниот процес во Македонија. Во Организацијата членувале 53 лица (септември 1983). Месни организации биле основани во Киев, Загреб, Анхаило, Харков и во Цариград; членови имало… Continue reading ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИЈАТЕЛСКА ДРУЖИНА
ОРГАНСКАТА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ОРГАНСКАТА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Наставната и научната работа во областа на органската хемија во Македонија започнала наскоро по конституирањето на Катедрата по хемија на Филозофскиот факултет, особено кога за хонорарен предавач бил избран (1947) д-р Јосиф Јанчулев, еден од авторите на првиот објавен труд од оваа област (1955). Наставата по органска хемија се развивала и… Continue reading ОРГАНСКАТА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ОРГАНЏИЕВА, Цветанка
ОРГАНЏИЕВА, Цветанка (Велес, 1923) – поет, славист, историчар на книжевноста, унив. професор и научен советник (во пензија). Како ученичка во Ⅴ клас била активен член на Литературната дружина „Јован Дучиќ“ во Велес (1939). Во родниот град завршила гимназија (1942), а потоа една година била на студии по германистика на Историско-филолошкиот факултет во Софија. Зачувани се… Continue reading ОРГАНЏИЕВА, Цветанка
ОРДАНОВСКИ, Сашо
ОРДАНОВСКИ, Сашо (Скопје, 11. Ⅶ 1964) – новинар, издавач, политички аналитичар. Завршил Факултет за интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Припаѓа на генерацијата новинари кои кон крајот на осумдесеттите години ја промовирале медиумската демократија со магазинот „Млад борец“. Работел во повеќе печатени и електронски медиуми. Ја извршувал функцијата директор и главен уредник на МТВ (1994/96).… Continue reading ОРДАНОВСКИ, Сашо
ОРЕВ
ОРЕВ (Југланс региа Л., фам. Југландацеае) – евроазиски вид, чија ареална граница тешко може да се одреди поради неговото дамнешно култивирање и супспонтано ширење. На Балканот и во нашата земја се смета дека е природно застапен. Големо дрво, со широко разгранета круна, мазна кора, светлосива. Листовите се крупни, кожести, непарно перести. Плодот орев е со… Continue reading ОРЕВ
ОРЕЛ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ОРЕЛ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Гранит Сити, Индијана, САД, 1911) – друштво на македонски доселеници од Леринско со ограноци во Индијанополис, Индијана и Дејтон, Охајо. Ова друштво развивало хуманитарни и други активности. Сл. Н.-К.
ОРЕЛ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ОРЕЛ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Гранит Сити, Индијана, САД, 1911) – друштво на македонски доселеници од Леринско со ограноци во Индијанополис, Индијана и Дејтон, Охајо. Ова друштво развивало хуманитарни и други активности. Сл. Н.-К.
ОРЕЛ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ОРЕЛ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Сиракуз, Њујорк, САД, 1917) – друштво за заемна помош на Македонците доселеници од селото Горничево (Леринско), Егејскиот дел на Македонија, со филијала во блискиот град Рочестер. Организирало пикници и други активности, а ги славело и селските слави во Леринско. Сл. Н.-К.
ОРЕЛ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ОРЕЛ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Сиракуз, Њујорк, САД, 1917) – друштво за заемна помош на Македонците доселеници од селото Горничево (Леринско), Егејскиот дел на Македонија, со филијала во блискиот град Рочестер. Организирало пикници и други активности, а ги славело и селските слави во Леринско. Сл. Н.-К.
ОРЕСТ
ОРЕСТ (Орестес) (400/399–398/7) – македонски крал, син на кралот Архелај И од бракот со Клеопатра. Бидејќи с“ уште бил малолетен, во негово име државата ја управувал регентот Аероп Ⅱ. Се претпоставува дека бил убиен токму од својот регент. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.
ОРЕСТИ
ОРЕСТИ – горномакедонско племе што ја населувало областа Орестида. Во доцното бронзено време живееле на западниот балкански простор. Оттаму, во периодот на големите миграции, се доселиле во областа на горниот тек на р. Халијакмон (Бистрица), која пред тоа се викала Макета. Според некои извори тие биле епирско племе, додека според Страбон, наоѓајќи се во соседство… Continue reading ОРЕСТИ
ОРЕСТИДА
ОРЕСТИДА – античка област во Горна Македонија. Се простирала во горниот тек на р. Халијакмон (Бистрица) и областа на Костурското и Преспанското Езеро. Се граничела со Линкестида (на север), Елимеја (на југ), Параваја (запад) и Еордаја (исток). Најстариот и главен град бил Аргос Орестидски (близу сегашното Хрупишта), од каде што потекнувала македонската династија на Аргеадите.… Continue reading ОРЕСТИДА
ОРИЗ
ОРИЗ (Ориза сатива Л.) – едногодишна житна култура, која најчесто се одгледува во водна средина (кај нас исклучиво). Лесно е сварлив. Зрното се користи како: кафено (карго), парболед, бело, дехидрирано и варено зрно, но и Оризови полиња во Кочанско преработено како: оризово мас-ло, брашно, скроб, гриз и сурогат за пиво. Постојат два негови подвида: обичен… Continue reading ОРИЗ
ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НА МРТ
ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НА МРТ –основан во 1950 г. со намера да се зачува автентичното народно свирење и пеење. Уметнички раководители: Пеце Атанасовски (1950–1987), Мефаил Сакипов (1987–2006). Својата активност главно ја насочувал кон потребите на програмите на МРТ. Снимил над 3 000 песни и ора што се дел од богатата фонотека на МРТ. Со… Continue reading ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ НА МРТ