НЕДЕВ, Дејан

НЕДЕВ, Дејан (Скопје, 28. И 1980) – професор по физичка култура, каратист. Завршил ФФК во Скопје (2006). Бил првак на Македонија во традиционално карате (1990–2005). Повеќепатен јуниорски и кадетски првак на Балканот, на Европа и на светот. Како сениор освоил медали на 5 светски првенства – 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени, на 15… Continue reading НЕДЕВ, Дејан

НЕДЕВА, Јадранка

НЕДЕВА, Јадранка (Скопје, 28. И 1980) – каратист. Репрезентативец на Македонија во традиционално карате (1993), повеќепатен државен шампион на РМ и учесник на балкански, евроски и светски шампионати; освојувач на 3 бронзени медали на европски првенства за сениори, избрана е меѓу најдобрите 8 каратисти во светот (2003). Р.

НЕДЕЛЕН ВЕСНИК

НЕДЕЛЕН ВЕСНИК“ (Тетово, мај 1942 – август 1943) – илегален весник, орган на Тетовската организација на КПЈ, на македонски јазик. Бил покренат од Кузман Јосифовски-Питу при неговиот илегален престој во градот. Текстовите ги пишувале К. Јосифовски-Питу и Крсте Црвенковски, а го редактирале во куќата на Драган Спировски. Умножуван е на циклостил, на техниката на Месниот… Continue reading НЕДЕЛЕН ВЕСНИК

НЕДЕЛКОВСКИ, Коле Недев

НЕДЕЛКОВСКИ, Коле Недев (с. Војница, Велешко, 16. ⅩⅠⅠ 1912 – Софија, Бугарија, 2. Ⅸ 1941) – поет, револуционер и национален деец. По завршувањето на основното училиште во родното село се запишува во Велешката гимназија, но поради сиромаштијата ја напушта и работи како молер во Скопје (1922–1933). Учествува во прогресивното работничко движење, во 1931 г. се… Continue reading НЕДЕЛКОВСКИ, Коле Недев

НЕДЕЛКОВСКИ, Панче

НЕДЕЛКОВСКИ, Панче (Скопје, 24. Ⅳ 1912 – кај Кралево, Србија, 11 Ⅹ 1945) – комунистички деец, воздухопловен капетан на Кралството Југославија, воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА. Завршил гимназија во Скопје, дипломирал на Воената академија во Белград (1934) и станал пешадиски офицер, а потоа ја завршил и Воената воздухопловна школа (1938) и станал… Continue reading НЕДЕЛКОВСКИ, Панче

НЕДЕЛНО ВРЕМЕ

НЕДЕЛНО ВРЕМЕ“ – независен информативно-политички неделник. Издавач е ДОО „Време“. Излегува од 6 Ⅺ 2005 г. Директор Александар Дамовски, главен уредник Георги Барбаровски, уредник на „Неделно време“ Зоран Андоновски. Престана да излегува на 24. Ⅵ 2007 г. Б. П. Ѓ.

НЕДЕЉКОВИЌ, Душан

НЕДЕЉКОВИЌ, Душан (с. Исаково, ќуприја, Србија, 18. Ⅴ 1899 – Белград, 29. Ⅵ 1984) – универзитетски професор по филозофија. Докторирал на Сорбона (1922) и во истата година е избран за доцент на новоотворениот Филозофски факултет во Скопје, во Душан Недељковиќ 1930 г. станува вонреден профессор и работи до 1938 г. кога, поради ширењето на комунистичките… Continue reading НЕДЕЉКОВИЌ, Душан

НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – материјали со широка примена во современите производи од примарниот и финалниот комплекс на дрвната индустрија. Се применуваат во технологиите за производство на разни видови дрвени плочи, во градежната столарија, во производството на мебел и кај производите за ентериери. Примената на недрвните материјали посебно е нагласена кај тапетарските производи. Во… Continue reading НЕДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

НЕЗАВИСИМОСТ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„НЕЗАВИСИМОСТ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Дукејн, Пенсилванија, САД, 22. Ⅳ 1922) – организација на македонските и на бугарските доселеници од Дукејн и од околните градови на Питсбург. Биле активни училиштето, библиотеката, клубот, младинската секција и хорот „Родни звуци“. Сл. Н.-К.

НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Сиракјуз, Њујорк, САД, 1923?) – една од најстарите организации на МПО. Во почетокот се нарекувала „Автономна Македонија“. Со формирањето на организацијата била формирана и Женска секција што одиграла важна улога во вкупната дејност. Сл. Н.-К.

НЕЗИРИ, Незир

НЕЗИРИ, Незир (с. Вруток, Гостиварско, 5. Ⅴ 1924) – учител и политички деец. Бил учесник во НОАВМ (од 1943) и член на КПМ (од 1944). Завршил учителска школа. Бил учител и директор на училиште, повереник за градежништво на Општинскиот народен одбор во Гостивар и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ (1970). С. Мл.… Continue reading НЕЗИРИ, Незир

НЕЈСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

НЕЈСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (27. Ⅺ 1919) – договор пот-пишан меѓу сојузничките и Здружените сили, од една, и Бугарија, од друга страна. Со него била потврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Кралството на Србите, Хрватите и Словен-ците. Бугарија била присилена да се откаже од Струмичкиот крај и од дел од бугарската национална територија (Царибродско… Continue reading НЕЈСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ

НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ – календарски период во христијанската религија, од Божик до Водици. Познати се и како Погани или Ристосови денови. Иако Исус Христос е крстен на триесетгодишна возраст, во народното верување периодот од раѓањето до крштевањето се смета за опасен период за животот и здравјето, не само на детето, туку и на мајката. Затоа периодот… Continue reading НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ

НЕКТАРИЈ Ⅱ

НЕКТАРИЈ Ⅱ (ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1616–1622) не подоцна од 1616 г., најверојатно наследник на архиепископот Атанасиј И по неговото трето архипастирување. Според кажувањето на гребенскиот митрополит Сергеј, архиепископот Нектариј Ⅱ во 1622 г. пристигнал во Москва по милостина. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Софи®, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите… Continue reading НЕКТАРИЈ Ⅱ

НЕКТАРИЈ И

НЕКТАРИЈ И (ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1589). Поранешен велешки епископ, кој дошол на престолот на Охридската архиепископија, најверојатно, по несреќната смрт на архиепископот Варлаам. Во текот на 1598 г. пристигнал во Молдавија по милостина. По две години заминал за Полска. Ја посетил Русија (1604). Пристигнал и во Антверпен. Бил избран за волгоградски архиепископ (25.… Continue reading НЕКТАРИЈ И

НЕКТАРИЈ, архимандрит

НЕКТАРИЈ, архимандрит (Мен-до Најдоски) (с. Селце, Прилепско, 18. Ⅹ 1960) – архијереј на МПЦ. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил замонашен во манастирот „Св. Илија“ – Чардак (16. ⅩⅠⅠ 1982), а престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари (1981– 1985). Бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево (1985–1987) и професор… Continue reading НЕКТАРИЈ, архимандрит

НЕМАТОДИ

НЕМАТОДИ (Нематода) – ситни вретеновидни црви. Имаат едноставно тело во вид на конец или влакно (нема, нематос гр. = влакно). Големината на телото им е варијабилна. Живеат во мориња, во копнени води и во почва, а мал број паразитираат на растенија, на животни и на човекот. Регистрирани се околу 10.000 вида, иако нивниот број е… Continue reading НЕМАТОДИ

НЕОКОМ АД

„НЕОКОМ“ АД – акционерско друштво основано во 1990 г. со дејност во областа на информационите и комуникационите технологии и во високото образование. Водечка компанија од оваа об-ласт во РМ, која работи преку својот деловен центар во Скопје и претставништвото во Битола. Има широк круг деловни активности, кои опфаќаат: проектирање, асемблирање, одржување и поддршка на хардверска… Continue reading НЕОКОМ АД

НЕОЛИТ

НЕОЛИТ (младо камено време) (6300 до 4200/4000 г. пр. н. е.) – праисториски период во Македонија, во кој егзистирале повеќе културни групи: Велушко-породинската, Анзабегово-вршничката, Малата Трнска Тумба, АнгелциЗелениково Ⅱ и др. Досега се евидентирани 200 неолитски локалитети, а нивниот број се должи на поволните природно-географски услови, кои овозможиле интензивен живот на овие прос-тори. Во ПелагонијаContinue reading НЕОЛИТ

НЕОС ДРОМОС

НЕОС ДРОМОС“ („Нов пат“) (Ташкент, СССР, 1956–) – весник, орган на македонската и на грчката емиграција од Грција во Советскиот Сојуз, на грчки јазик и со една страница на македонски. Бил подготвуван од политичкото раководство на бегалците и растуран во сите центри каде што биле сместени. С. Мл.

НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА – болести што се предизвикани од: климатски (недостиг на светлина, екстремни температури, радијација, неповолна влажност итн.) и едафски фактори (недостиг или вишок на минерални состојки, киселост, водно-воздушен режим на почвата и др.), како и од хемизам на околината (прекумерно загадување на воздухот, на водата и на почвата). Овие болести се неинфективни,… Continue reading НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

НЕПИСМЕНОСТ

НЕПИСМЕНОСТ – еден од најгорливите општествено-политички и педагошки проблеми на македонското општество. Низа историски, економски, политички и социјални околности придонеле неписменоста да биде постојан придружен проблем на општествениот развој. Непосредно по Ослободувањето, над 60% од населението во Македонија (над 10годишна возраст) било неписмено. Борбата против неписменоста се водела со: (1) организирање аналфабетски курсеви и (2)… Continue reading НЕПИСМЕНОСТ

НЕПОКОРЕН

НЕПОКОРЕН“ (1. Ⅴ 1947 – ав-густ 1949) – весник, орган на Главниот одбор на НОФ, на македонски јазик. Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ, а главен уредник бил Павле Раковски. Првин бил умножуван на шапирограф, а потоа во печатницата на НОФ. Меѓу другото, имал и рубрики „Наша поезија“ и „Историја на… Continue reading НЕПОКОРЕН

НЕРУДА, Пабло

НЕРУДА, Пабло (Пабло Неруда) (Парал, 12. Ⅶ 1904 – Сантјаго, 23. Ⅸ 1973) – еден од најзначајните латиноамерикански поети, Чилеанец, левоориентиран. Објавил многубројни збирки песни, а книжевната дејност ја започнал со љубовна поезија. Но брзо се ориентирал кон социјалната тематика на отворен и борбен из-Пабло Неруда раз со нагласени надреалистички елементи и станал значаен претставник… Continue reading НЕРУДА, Пабло