МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

„МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ – драма од Војдан Чернодрински првпат изведена на 7. Ⅺ 1900 г. во салата на „Славјанска беседа“ во Софија, а во режија на авторот. Дваесет и петте роли ги играле дваесет и две лица, од кои осумнаесет мажи и четири жени, членови на „Македонски зговор“, кој подоцна се викал „Скрб и утеха“,… Continue reading МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА ТАЈНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА ТАЈНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (Вардарски дел на Македонија, 1926–1927) – тајна студентска организација формирана од ВМРО. Цел за дејствувањето била да ја помага ВМРО во борбата за ослободување на Македонија од грчкото и српското владеење и за обединување. ММТРО формира четири окружни петорки во Скопје, Битола, Охрид и Штип, вкупно 40 петорки речиси во… Continue reading МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА ТАЈНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА НУМИЗМАТИКА

МАКЕДОНСКА НУМИЗМАТИКА. С¢ до Втората светска војна, во отсуство на сопствена држава, територијата на Р. Македонија богата со нумизматички материјали служела повеќе како извор за збогатување на збирките на бројни познати европски музеи и приватни колекции. Со создавањето на соодветни музејски институции во периодот 1945&1990 год. ќе се створат и неопходните услови за прибирање на… Continue reading МАКЕДОНСКА НУМИЗМАТИКА

МАКЕДОНСКА ПАТРИОТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ПАТРИОТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (1922 –) – легална организација на бугарската и македонската емиграција во САД и Канада. Основачкиот конгрес бил одржан во гр. Форт Вејн, Индијана, САД (1–4 октомври 1922), на кој бил избран Централен комитет, а за прв претседател бил избран Атанас Стефанов. На Конгресот бил усвоен Уставот на организацијата, според кој целта на… Continue reading МАКЕДОНСКА ПАТРИОТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ПОВЕСТ

МАКЕДОНСКА ПОВЕСТ“ – прв македонски балет, во три чина. М: Гл. Смокварски, С: композиторот и Д. Парлиќ. Прво изведување: Скопје, 21. Ⅵ 1953. Др. О. трите дела на поробена Македонија… Македонскиот народ треба да е готов при секоја нова опстановка, при секоја нова промена во Грција, во Југославија или во Бугарија, да си го каже… Continue reading МАКЕДОНСКА ПОВЕСТ

МАКЕДОНСКА ПРАВДА

МАКЕДОНСКА ПРАВДА (Софија, И, 1, 3. Ⅸ 1933 – 52, 3. Ⅸ 1934) – неделен орган на македонската емиграција. Излегува на бугарски јазик во 8000 тираж под редакција на Димитар Попефтимов (до бр. 11), а потоа одг. редактор е Илија К. Граматиков, но веќе со изменета (протогеровистичка) национално-политичка концепција, во прилог на 19-мајскиот преврат. Редакторот… Continue reading МАКЕДОНСКА ПРАВДА

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД (1974). Во 1960 г. владиката Наум ја осветил македонската црква „Св. Ѓорѓи“ во Мелбурн (Викторија), официјално првата Групно крштевање во храмот „Св. Христово Воскресение“ во Рокдаел, Сиднеј (Водици, 19. И 2009) црква на МПЦ во Австралија и во целата македонска дијаспора во светот. Македонските цркви… Continue reading МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА

МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА (1802–1944) – процес на македонското културно-национално будење и државно-политичко осамостојување што започнува со борбата за употреба на народниот наместо црковнословенскиот јазик во пишаната реч и за индивидуализирање на македонскиот културно-историски идентитет во словенскиот и балканскиот свет, за изградба на македонскиот како посебен литературен јазик и за обновување на Охридската архиепископија како национална црква… Continue reading МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА

МАКЕДОНСКА РАБОТНИЧКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ГРУПА

МАКЕДОНСКА РАБОТНИЧКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ГРУПА (Софија, 1893 – 1900) – група од македонски социјалисти и печалбари, формирана од Васил Главинов за да ги шири социјалистичките идеи меѓу македонските печалбари и во самата Македонија. Се застапувале за ослободување на Македонија и за создавање Македонска Република – преку револуција. Во 1900 г. МРСГ се вклучила во Македонската револуционерна… Continue reading МАКЕДОНСКА РАБОТНИЧКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ГРУПА

МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА

МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА – јавен радиодифузен сервис во РМ. Преносот на Второто заседание на АСНОМ на 28 декември 1944 г. беше првата емисија (на кратки бранови) што го означи почетокот на работата на Радио Скопје. Еден месец потоа беше инсталиран среднобранов предавател. Се работеше со мошне скудна техника, а програмата се емитуваше во живо од две… Continue reading МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВО И КРИМИНОЛОГИЈА

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВО И КРИМИНОЛОГИЈА“ – стручно списание, чиј издавач е Здружението за казнено право и криминологија. Првиот број се појави во 1994 г. Првиот главен и одговорен уредник е проф. д-р Никола Матовски. Гор. Л.-Б.

МАКЕДОНСКА РЕВОЛŒЦИА

„МАКЕДОНСКА РЕВОЛŒЦИŒ (Софија, И, 1 декември 1934 – 4 јуни 1935) – нелегален орган на Обласниот комитет на ВМРО(Обединета) во Македонија под бугарска власт. Антифашистички весник на бугарски јазик, под редакција на В. Ивановски, А. Чаракчиев и др., печатен во нелегалната печатница „Симеон Кавракиров“. Во програмскиот уводник „Нашата задача“ меѓу другото се декларира дека весникот… Continue reading МАКЕДОНСКА РЕВОЛŒЦИА

МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (МРО) (Солун, 23. Џ / 4. Ⅺ 1893 – 1908). Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Ха-џи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел со оружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија. На основачкиот состанок усвоиле Програма за дејствување: тајна… Continue reading МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА СЕКЦИЈА НА ИЕЕЕ

МАКЕДОНСКА СЕКЦИЈА НА ИЕЕЕ – членка на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (Институте оф Елецтрицал анд Елецтроницс Енгинеерс) со повеќе од 350.000 членови во 150 држави. Цели: унапредување на теоријата и практиката во сите подрачја на електротехниката, електрониката и компјутерската техника и унапредување на стручната оспособеност на членовите. Др. Р.

МАКЕДОНСКА СЛЗА

МАКЕДОНСКА СЛЗА“ (Горна Џумаја, 6–25. ⅩⅠⅠ 1919) – независен орган на македонските бежанци во Горна Џумаја. Излегувал секоја среда и сабота. Го уредувале Т. Комитов (одговорен уредник) и Ј. шурков (уредник). Објавени се вкупно 5 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 73-74. С. Мл.

МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА

МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА – основана во 1966 г. во Скопје при Ст. ф., а од 2003 г. функционира како Македонско стоматолошко друштво. Одржани се 6 собири на стоматолозите на Македонија, конгрес на стоматолозите од Југославија, 3 конгреса на стоматолозите од Македонија и 4 симпозиума – трансфер на знаења. Од сите собири и конгреси се печатени… Continue reading МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА (1890–1891) – културно-литературна и националнополитичка асоцијација на македонски студенти во Софија што стана јадро на послешната Млада македонска книжовна дружина. Во годините на бегства и прогонства на учениците и студентите од Македонија во Белград и во Софија, во процесот на созревањето на македонската национална мис-ла, група македонски студенти од Вишото училиште во… Continue reading МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Политехничкиот институт во Торонто

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Политехничкиот институт во Торонто (Канада) – трета организација на студенти Канаѓани од македонско потекло во Торонто, односно во Сарборо и Кингстон, каде што живеат најголем број Македонци од сите делови на Македонија. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Универзитетот Торонто

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Универзитетот Торонто. (Торонто, Канада, 1987 >) – посебна улога во организирањето и работата на оваа студентска организација одиграла Катедрата по македонски јазик. Бројот на студентите од македонско потекло на Универзитетот се движи од 250 до 300. Македонската студентска организација соработува со повеќе други етнички студентски организации. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА“ (Софија, И, 1 јуни 1932 –Ⅱ, 3, 5. Ⅳ 1933) – орган на македонското студентство – ратник за МОНСС. Се печати на бугарски јазик во тираж од 1500 примероци под редакција на К. Иванов шКоњаровќ, К. Веселинов, К. Николов, М. Сматракалев и В. Хаџикимов. Неофицијален орган на ВМРО(Об), забранет. Продолжува како „Македонска… Continue reading МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА

МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА., билтен & орган на Одборот за макед. научна и стручна терминологија при МАНУ, организиран од Бл. Конески (1968) за да работи врз проектот како најприоритетна задача на МАНУ, со цел да создаде средство за научна комуникација и предавање знаења во педагошкиот процес. Од 1969 г. се работи врз овој макропроект со околу 30… Continue reading МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА“ (Индијанополис, Индијана, САД, 10. Ⅱ 1927 – 1. Ⅺ 1983 и Форт Вејн, Индијана, САД, 17. Ⅺ 1983 –) – неделен весник, орган на Сојузот на македонските политички организации во САД и Канада, на бугарски и англиски. Првин го уредувал Борис Зографов, потоа Л. Димитров и др. Излегувал секој четврток. Првин бил под… Continue reading МАКЕДОНСКА ТРИБУНА