МАКЕДОНСКА НУМИЗМАТИКА

МАКЕДОНСКА НУМИЗМАТИКА. С¢ до Втората светска војна, во отсуство на сопствена држава, територијата на Р. Македонија богата со нумизматички материјали служела повеќе како извор за збогатување на збирките на бројни познати европски музеи и приватни колекции. Со создавањето на соодветни музејски институции во периодот 1945&1990 год. ќе се створат и неопходните услови за прибирање на нумизматичкиот материјал, формирање на збирки и скромни обиди за проучување и публикување на тој материјал. По 1990 год. со појавата на нова генерација нумизматичари специјалисти по одделни области, следува брз развој на македонската нумизматика. Се фор-Публикацијата на Народната банка на РМ: „Македонија, парите и историјата“ (2001) мира првиот Нумизматички кабинет при Музеј на Македонија, а во 1994 год. се појавува и првото периодично списанија за нумизматика (Македонски нумизматички гласник). Покрај јавните збирки, се појавуват и бројни приватни збирки и збирки на одделни банки. Во 1999 год. се отвори камерна, а 2002 год. постојана нумизматичка поставка на Народната банка, а своја постојана поставка во 2005 год. отвори и Охридската банка. Во 2001 год. е публикувана и првата монографија, посветена на монетарницата во Стоби. Во 2001 год. во МАНУ се одржа и првиот научен симпозиум на теми од нумизматиката. Во последниве десетина години се публикувани бројни каталози на збирки и специјализирани изданија од областа на нумизматиката. Лит.: В. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија, Скопје, 1987, 81-102; Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија, Скопје, 1999; П. Јосифовски, Римската монетарница во Стоби, Скопје 2001; Монетите и монетоковниците во Македонија, Скопје, 2001; Македонија, Парите и историјата, Скопје, 2002; Македонските банкноти и ковани пари 1992-2002, Скопје, 2002; Македонија и Пајонија, Колекција шелдаров, Скопје, 2003; Б. Хусеновски, Антички монети од Вардарски рид, Гевгелија, 2004; Македонски нумизматички гласник (Мацедониан Нумисматиц Јоурнал), Но. 1 (1994), Но. 2 (1996), Но. 3 (1999), Но. 4 (2000). П. Ј.