МИСИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

МИСИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА – прва мисионерска дејност на христијанството во Македонија и воопшто на европската почва (49, 56 и 57 г.). За проповедање на новата религија среде македонското население и еврејските доселеници, Павле, познат како „апостол на апостолите“, пристигнал во Македонија (49 г.) заедно со своите придружници Сила, Тимотеј и Лука. Притоа… Continue reading МИСИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

МИСИНИ, Суад

МИСИНИ, Суад (Скопје, 2. И 1970) – правник, политички аналитичар. Извршен директор на Истражувачкиот центар за граѓанско општество (од 1997) и долгогодишен промотор на човековите права и евроинтеграциите во Македонија. Објавил неколку публикации од областа на човековите права и трилогија за евроинтеграциите. Р.

МИСИНОПОЛИТ, Димитриј

МИСИНОПОЛИТ, Димитриј – византиски властелин, ктитор на обновената црква „Св. Димитрија“ во Прилеп (Варош) околу 1290 г. Неговиот портрет е зачуван на северниот ѕид од доградениот јужен анекс во црквата. Тој е облечен во властелинска облека, со раце подадени кон патронот на црквата – св. Димитрија. Неговото име е познато во историските извори. Се спомнува… Continue reading МИСИНОПОЛИТ, Димитриј

МИСИРКОВА-РУМЕНОВА, Ката

МИСИРКОВА-РУМЕНОВА, Ката (с. Постол, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅸ 1930) – поетеса, раскажувачка, романсиерка, авторка за деца и млади, драмска писателка, публицистка. Извонредно плодна авторка, со околу 120 библиографски единици и шеесетина радио драми за возрасни и за деца. Тематски нејзиното творештво е поврзано со судбината и трагедиите на луѓето од Егејскиот дел… Continue reading МИСИРКОВА-РУМЕНОВА, Ката

МИТЕВА, Нада

МИТЕВА, Нада (Пехчево, 7. Ⅸ 1947) – биолог, унив. професор. Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Во учебната 1966/67 г. се запишала на ПМФ, група биологија. Дипломирала во 1970 г. Во 1972 г. се вработила како договорен асистент на Биолошкиот факултет во Скопје. Во 1975 г. е избрана за асистент по… Continue reading МИТЕВА, Нада

МИТЕВСКА, Лабина

МИТЕВСКА, Лабина (Скопје, 10. Ⅹ 1975) – актерка, продуцент. Ед-но од најсензибилните и најфотогенични лица во новиот македонски филм. Дебитираше во улогата на чувствителната Замира во филмот „Пред дождот“, во кој со дискретни изразни средства ја пренесе убавината на моминските надежи и готовноста да ја брани својата љубов. Во филмовите што уследија, „Добредојдовте во Сараево“,… Continue reading МИТЕВСКА, Лабина

МИТЕВСКИ, Иван

МИТЕВСКИ, Иван (Скопје, 8. Ⅳ 1948) – ТВ режисер. Дипломирал на Академијата за филм, театар, радио и телевизија во Белград. Од 1975 г. непрекинато работи во Македонската телевизија. Потписник е на играните ТВ филмови: „Златни години“, „Време на летала“, „Заминување од Пасквелија“, „Ноќ спроти Свети Василиј“. Ги режираше документарните филмови: „Глас“, „Планетариум“, „Два букета рајски… Continue reading МИТЕВСКИ, Иван

МИТКОВ, Владимир

МИТКОВ, Владимир (Кавадарци, 20. Ⅹ 1931) – универзитетски професор, правник, државник. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Правен факултет во Скопје (1954). Докторирал на Правниот факултет во Скопје, со одбрана на докторската дисертација „Установи на општествените служби“ (1964). Избран за асистент на Правниот факултет во Скопје по предметот уставно право (1960), за… Continue reading МИТКОВ, Владимир

МИТКОВ, Пантелеј

МИТКОВ, Пантелеј (Охрид, 24. Ⅶ 1929) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Докторирал на Природно-математичкиот факултет (1980). Како проектант работел во Републичкиот завод за ур-Пантелеј Митков банизам во Скопје и во Институтот за просторно планирање во Охрид. Претежно се занимавал со просторно и урбанистичко планирање, а се… Continue reading МИТКОВ, Пантелеј

МИТРЕВ, Димко Трајков

МИТРЕВ, Димко Трајков (Велес, 1919 – Велес, 10. ⅩⅠⅠ 1942) – револуционер, организатор на НОБ во Велес, борец на НОПО „Димитар Влахов“ (од април 1942). Бил организатор на работнички штрајкови во Велес пред војната, член на СКОЈ (од 1938), на КПЈ (од 1940), а на МК на КПЈ за Велес (од 1941). Во неговата куќа… Continue reading МИТРЕВ, Димко Трајков

МИТРЕВА, Илинка

МИТРЕВА, Илинка (Скопје, 11. Ⅱ 1950) – филолог, унив. професор по француска литература (Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје); член на СДСМ (1991-); пратеник во Собранието на РМ во три состави (1994–2002); претседател на Комитетот за надворешна политика (1994–1998); шеф на делегацијата на Собранието на РМ во ЦЕИ; шеф на парламентарната група на РМ за соработка… Continue reading МИТРЕВА, Илинка

МИТРЕВСКИ, Драги

МИТРЕВСКИ, Драги (с. Дупени, Ресенско, 15. Ⅸ 1957) – археолог, Драги Митревски унив. професор. Дипломирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1981). Магистрирал во 1990 г. во Белград од областа на праисториската археологија, а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје од областа на протоисторијата (1995). Работел како кустос-археолог во Музејот на… Continue reading МИТРЕВСКИ, Драги

МИТРЕВСКИ, Никола

МИТРЕВСКИ, Никола (с. Старавина, Битолско, 1947) – историчар на уметноста. Основно и гимназиско образование завршил во Би-Никола Митревски тола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група за историја на уметноста (1982). Во текот на тие студии апсолвирал и на Институтот за класични студии. Првин работел во Центарот за современа уметност при Народниот… Continue reading МИТРЕВСКИ, Никола

МИТРЕВСКИ, Паскал

МИТРЕВСКИ, Паскал (с. Чука, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – Скопје, 11. Ⅺ 1978) – истакнат деец на македонското национално и комунистичко движење. Основно образование завршил во Рупишта, гимназија во Костур и Правен факултет во Солун. Учесник во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС). Бил секретар на Окружниот комитет на СНОФ во Костурско (1943), секретар… Continue reading МИТРЕВСКИ, Паскал

МИТРЕВСКИ, Сокол Настев

МИТРЕВСКИ, Сокол Настев (с. Кучково, Скопско, 16. Ⅲ 1948) – генерал-потполковник на АРМ, градоначалник на Општината „Ѓорче Петров“. Основно и средно училиште завршил во Скопје, Воена академија на ЈНА завршил во Белград и бил командир на вод и чета, а потоа командант на баталјон на ЈНА. Завршил Командноштабна академија и школа за народна одбрана. Во… Continue reading МИТРЕВСКИ, Сокол Настев

МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан (Битола, 1874 – ?) – учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Во редовите на МРО влегол во 1895 г. Првин стапил во четата на војводата Јордан Пиперката во Демирхисарско. Во Илинденското востание бил војвода во с. Слепче, Демирхисарско. По востанието дејствувал во четите на повеќе македонски војводи (во Кичевско, Битолско, Демирхисарско, Велешко). Учествувал… Continue reading МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан . протојереј-ставрофор (с. Добрушево, Битолско, 7. Ⅴ 1913 – Скопје, 1991) – професор на Православниот богословски факултет во Скопје. Основно училиште завршил во родното место, Богословија учел во Битола (1936–1941), а завршил во Пловдив, Бугарија (1942). Дипломирал на Богословскиот факултет во Бел-град (1950). Ракоположен за свештеник во Битола (29. Ⅷ 1942), служел како… Continue reading МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРЕВСКИ, Трајан . протојереј-ставрофор (с. Добрушево, Битолско, 7. Ⅴ 1913 – Скопје, 1991) – професор на Православниот богословски факултет во Скопје. Основно училиште завршил во родното место, Богословија учел во Битола (1936–1941), а завршил во Пловдив, Бугарија (1942). Дипломирал на Богословскиот факултет во Бел-град (1950). Ракоположен за свештеник во Битола (29. Ⅷ 1942), служел како… Continue reading МИТРЕВСКИ, Трајан

МИТРИДАТ Ⅵ Евпатор

МИТРИДАТ Ⅵ Евпатор (132 – 63) – крал на Понт (111–63), еден од најопасните противници на Рим. Ја освоил римската провинција Азија (89), а во еден период им ја одзел на Римјаните и Македонија (86). По поразот од Помпеј (86) неговата положба станала неодржлива, па му наредил на еден свој гардист да го убие. ЛИТ.:… Continue reading МИТРИДАТ Ⅵ Евпатор

МИТРИНОВИЌ, Драгослав С

МИТРИНОВИЌ, Драгослав С. (Смедерево, 23. Ⅵ 1908 -Белград, 2. Ⅳ 1995) – математичар, член на МАНУ (1991) надвор од работниот состав, ред. проф. (1956) на ЕТФ во Белград. Завршил (1932) студии по математика, а докторирал (1933) на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 работел… Continue reading МИТРИНОВИЌ, Драгослав С

МИТРИЌЕСКИ, Боро

МИТРИЌЕСКИ, Боро (Прилеп, 10. Ⅴ 1927) – скулптор, член на МАНУ. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1954). Член на групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Нови Сад, Загреб, Бел-град, Виена, Елванген. Извел повеќе споменички дела (скулптура од метал во Железарница, Скопје, Б. Митриќески: Марко Цепенков, скулптура (во дрво) 1967 споменик на К.… Continue reading МИТРИЌЕСКИ, Боро

МИТРОВ, Тодор

МИТРОВ, Тодор (с. Миравци, Гевгелиско, 17. Ⅱ 1926) – редовен професор на Градежниот факултет – Скопје. Дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет – Белград (1953). Се вработил на Градежниот факултет – Скопје (1956) како асистент, а потоа како доцент, вонреден и редовен професор држел настава по предметите хидрогеологија, инженерска геологија и механика на почви и карпи, сè… Continue reading МИТРОВ, Тодор

МИТРОВДЕН

МИТРОВДЕН – календарски празник посветен на светиот великомаченик Димитриј (8. Ⅺ/26. Џ). Познат е и како Митроен. Св. Димитриј живеел во третиот век. Роден е во Солун и бил син на градоначалникот на овој град. Подоцна и самиот тој станал градоначалник. Поради тоа што бил христијанин, настрадал на 26 октомври (с.с.) 306 или 290 г.… Continue reading МИТРОВДЕН

МИТРОВИЌ, Миодраг

МИТРОВИЌ, Миодраг (Вршац, Србија, 11. Ⅷ 1948) – архитект. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимава со архитектонско проектирање. Посебно внимание посветил на станбената дови и универзитетски учебници. проблематика и реализирал повеќе станбени комплекси, станбени згради и индивидуални куќи. Позначајни реализации: Еуротел во Струга (1981); станбени кули „Три бисери“ во Скопје (1982); станбен… Continue reading МИТРОВИЌ, Миодраг