МИОКАЗИ . (село кај Кичево, локалитет Градиште – Венец) – населба лоцирана на стратешка позиција врз доминантен рид што се издига од рамното поле во долината на реката Велика низ која минува патот Кичево–Брод. Локалитетот е опкружен со низа пунктови од римско и доцноантичко време: ридот Кале на спротивниот брег на Рабетинска Река, Дирек, Зад… Continue reading МИОКАЗИ
Tag: М
МИРАСЧИЕВ, Димитар
МИРАСЧИЕВ, Димитар (Штип, 10. Ⅷ 1876 – Софија, 28. Ⅹ 1933) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода. Се школувал во Штип, во Солун (завршил средно образование, 1892) и на Софискиот универзитет (хемија). Бил учител во Крива Паланка, Куманово и во Штип. По Виничката афера (1897) бил осуден и спроведен на заточение во Мала Азија.… Continue reading МИРАСЧИЕВ, Димитар
МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов
МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов (Димче Мире) (Прилеп, 10. Ⅹ 1910, Скопје, 4. Ⅸ 1991) – археолог, историчар и архивист, национален деец, политичар и државник, резервен капетан на ЈНА. Основно образование завршил во Прилеп, гимназија во Битола и Филозофски факултет (Група археологија) на Белградскиот универзитет (1935). Учествувал во организирањето на работничките штрајкови во Прилеп и во изборите… Continue reading МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов
МИРКОВСКИ, Љупчо
МИРКОВСКИ, Љупчо (Скопје, 27. Ⅱ 1958) – аранжер и композиЉупчо Мирковски тор. Димпломирал труба на ФМУ во Скопје. Од 1978 г. е член на Танцовиот оркестар на МРТ. Како ав-тор првпат се појавил на фестивалот Младина ‘74 (Суботица). Почнал да аранжира во 1977 г. Оттогаш напишал околу 170 композиции и 350 аранжмани за познати популарни… Continue reading МИРКОВСКИ, Љупчо
МИРКУЛОВСКА, Бистрица
МИРКУЛОВСКА, Бистрица (Скопје, 14. Ⅲ 1930) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од словенечки (Прешерн, Цанкар). Завршила Филозофски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. БИБ.: Цвеќенца, поезија за деца, Ск., 1960; Градинче, раскази за деца, Ск., 1962; Првачиња, поезија, Ск., 1972; Виножито, раскази, Ск.,… Continue reading МИРКУЛОВСКА, Бистрица
МИРКУЛОВСКА, Милица
МИРКУЛОВСКА, Милица (Скопје, 6. Ⅹ 1965) – лингвист, полонист, македонист, професор по полски јазик и раководител на полонистичките студии на УКИМ, Скопје. Автор на педесетина трудови од областа на полската и македонската синтакса (меѓу кои и две книги), како и трудови за улогата на конфронтативниот метод во универзитетската настава по странМилица Миркуловска ски јазици. Квалификуван… Continue reading МИРКУЛОВСКА, Милица
миров
миров (Скопје, 23. Ⅸ 1959) – спортски новинар и уредник-издавач. Основното образование го завршил во Скопје, а средното и високото во Канада. Како спорт-ски новинар во Канада и Австралија известувал од олимпијади и од повеќе светски првенства во фудбал, како и од изборите во РМ. Од 1991 г. е спортски уредник во в. „Аустралиан-Мацедониан њееклѕ… Continue reading миров
МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро
МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро – еден од важните елементи на легитимитетот на секоја автокефална православна црква. Македонската православна црква, како автокефална, се здоби со тоа право преку доброто разбирање и љубовта од Романската и од Бугарската православна црква, од кои е добиен благослов и свето миро, како посебен дар, кое, заедно со мирото од Српската… Continue reading МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро
МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ
МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ – прв мировен процес на ЕУ, замислен да трае 6 месеци, со можност за продолжување (од 31. Ⅲ 2003), како надградба и крај на мировниот процес на НАТО во РМ, по што не би било потребно понатамошно меѓународно воено присуство. Можноста за продолжување е искористена, процесот се пролонгира за… Continue reading МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ
МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ
МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ – започнува непосредно по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (13. Ⅷ 2001) и врз основа на согласноста на страните на Рамковниот договор за поканување на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и други релевантни меѓународни актери да го поттикнат, да го помогнат и да го олеснат процесот на надминување на последиците од… Continue reading МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ
МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ
МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ – прва мисија на ЕУ „Конкордија“ (Цонцордиа), позиционирана по покана од претседателот на РМ Борис Трајковски (17. И 2003) до високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, како прва конкретна соработка на НАТО и ЕУ, трае 6, односно, по продолжувањето, 9 месеци (31. Ⅲ… Continue reading МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ
МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ
МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ – вкупно 3 мисиии: „Суштествена жетва“, позиционирана по покана од РМ до НАТО (од претседателот Трајковски (14. Ⅵ 2001) до генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон) на 22. Ⅷ 2001 г. со мандат собирање на доброволно предаденото оружје и муниција од албанските екстремитички групи и негово уништување, без можност… Continue reading МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ
МИРОНСКИ, Мирко
МИРОНСКИ, Мирко (Тресонче, 30. Ⅷ 1930 – Тресонче, 16. Ⅷ 2007) – новинар, публицист, општественик. Завршил Правен фашеф на Одделот за ендокринологија и метаболизам. Во 1959 г. е назначен за директор на Инфективната клиника и за шеф на Катедрата по инфектологија при Мед. ф. во Скопје. Бил декан и продекан на Мед. ф. во Скопје.… Continue reading МИРОНСКИ, Мирко
МИРОНСКИ, Саве Крстев
МИРОНСКИ, Саве Крстев (с. Тресонче, Дебар, 14. И 1922) – интернист, инфектолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина студирал во Софија и во Белград, каде што и дипломирал (1949). До 1959 г. бил на Интерната клиника при Мед. ф. во Скопје, каде што завршил специјализација по интерна медицина и бил Академското културно-уметничко друштво… Continue reading МИРОНСКИ, Саве Крстев
МИРЦШТЕГСКА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО МАКЕДОНИЈА
МИРЦШТЕГСКА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО МАКЕДОНИЈА (1903–1908). Илинденското востание ги присилило европските големи сили да се ангажина Младотурската револуција, реформската активност била запрена, што било официјализирано од Силите реформаторки (1909). ЛИТ.: Австриски документи за реформската акција на европските Големи сили во Македонија, предговор и редакција: Михајло Миноски, Скопје, 2002; Австриски документи за историјата на македонскиот… Continue reading МИРЦШТЕГСКА ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО МАКЕДОНИЈА
МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар (Прилеп, 23. Ⅹ 1865 – Вршец, Русенско, Бугарија, 13. Ⅵ 1938) – учител, револуционер. Завршил словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Солун, Битола, Трново, Одрин и на др. места. Бил член на ЦК на ТМОРО (1901) и секретар на Солунскиот конгрес (1903). Бил уапсен и осуден на 101 година и спроведен на… Continue reading МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар (Прилеп, 23. Ⅹ 1865 – Вршец, Русенско, Бугарија, 13. Ⅵ 1938) – учител, револуционер. Завршил словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Солун, Битола, Трново, Одрин и на др. места. Бил член на ЦК на ТМОРО (1901) и секретар на Солунскиот конгрес (1903). Бил уапсен и осуден на 101 година и спроведен на… Continue reading МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар (Сливен, Бугарија, 31.Ⅲ 1942) – политолог и унив. професор. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1966). Магистрирал на Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје (1971). Докторирал на Правниот факултет во Љубљана (1977). На Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје се занимавал со научноистражувачка работа (1967 –1984). Бил професор по политички науки и политичка… Continue reading МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димитар (Сливен, Бугарија, 31.Ⅲ 1942) – политолог и унив. професор. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1966). Магистрирал на Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје (1971). Докторирал на Правниот факултет во Љубљана (1977). На Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје се занимавал со научноистражувачка работа (1967 –1984). Бил професор по политички науки и политичка… Continue reading МИРЧЕВ, Димитар
МИРЧЕВ, Димче Ѓошев
МИРЧЕВ, Димче Ѓошев (Велес, 13. Ⅺ 1913 – Кавадарци, 6. Ⅳ 1944) – револуционер, организатор на НОБ во Велес, народен херој. Член на СКОЈ (од 1933) и на КПЈ (од 1935). Организатор на повеќе работнички штрајкови (1936 – 1941) во Македонија и во Димче Мирчев Србија. Повеќе пати бил затворан. Во 1941 г. активно се… Continue reading МИРЧЕВ, Димче Ѓошев
МИРЧЕВ, Ефтим Крумев
МИРЧЕВ, Ефтим Крумев (Виница, 14. Ⅱ 1939) – спец. по стоматолошка протетика, проф. на Ст. ф. Хабилитирал во 1978 г., а докторирал во 1993. Бил во два мандата продекан и декан на Ст. ф. и раководител на Клиниката по фиксна стоматолошка протетика. Публикувал 109 статии. БИБ.: Стоматопротетички материјали – неметали и метали, Стоматолошка протетика. Едноделно… Continue reading МИРЧЕВ, Ефтим Крумев
МИРЧЕВА, Мила Пејова
МИРЧЕВА, Мила Пејова (Долни Лапац, Хрватска, 28. Ⅷ 1939) – спец. по детска и превентивна стоматологија, проф. на Ст. ф. Мила Мирчева Хабилитирала во 1978 г., докторирала во 1988. Била раководител на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и продекан на Ст. ф. Публикувала 105 статии. Коавтор на учебникот „Дечја и превентивна стоматологија“. Е. М.… Continue reading МИРЧЕВА, Мила Пејова
МИРЧЕВСКИ
МИРЧЕВСКИ (АЛЕКСИЕВ), Нестор (Осој, Дебарско, 23. Ⅲ 1877 – Скопје, 1969) – резбар. Последен потомок на резбарскиот род Мирчевски од Осој. Студирал во Париз (1911–1913). Во РМ и во соседните земји оставил многубројни резбарски и каменорезачки дела (иконостаси во црквите во Нерези, Крушево, Топола, Чукарица и Жича во Србија). Излагал и во странство (Париз, Брисел,… Continue reading МИРЧЕВСКИ
МИРЧЕВСКИ, Петар
МИРЧЕВСКИ, Петар (Крушево, 11. Ⅺ 1956) – актер. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1979). Од и.г. е и член на Народниот театар во Битола. Улоги: Пејо („Бабамбитолски патрдии“); Ангеле („Лет во место“); Марко („Југословенска анСв. Апостол Павле, детаљ од икона од Галеријата на соборниот храм „Св. Никола“ во… Continue reading МИРЧЕВСКИ, Петар